Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Daily е урбано место во градот каде ќе можете да го доживеете вистинскиот вкус на вашите омилени јадења и пијалаци.

Моментално вработува:

САДОМИЈАЧ/КА
КЕЛНЕР/КА
ШАНКЕР/КА
ПОМОШНИК ГОТВАЧ/КА
ГОТВАЧ/КА

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој.

Моментално вработува:

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАРИ ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
ТЕРЕНСКИ ПОМОШНИК ОПЕРАТОРИ ВО ПОГОН ЗА ПРОИЗВОДСТВО
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАРИ ВО ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

ФАКТУРАНТ
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ

Рамстор Македонија е ланец од 25 маркети, еден онлајн маркет „Рамстор до дома” и еден трговски центар Рамстор мол кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени.

Сите активни работни позиции во Рамстор можете да ги најдете ТУКА.

ФИТНЕС ХАУС специјализиран ресторан за фитнес исхрана.

Моментално вработува:

КЕЛНЕР/КА

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа и Поло маркет.

Сите активни работни позиции во TОЛЛАКС ДОО можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата АНИТЕРМ е основана во 2005 година како компанија за изведба и продажба на софистицирани системи за греење и ладење.

Моментално вработува:

ПОМОШНИК НА СЕРВИСЕР - МОНТЕР НА КЛИМА УРЕДИ
СЕРВИСЕР - МОНТЕР НА КЛИМА УРЕДИ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на РС Македонија.

Моментално вработува:

АГЕНТ/КА ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Некогаш изборот на вистинската професија може да биде тежок. Дури и советите од најблиските некогаш не би биле доволни за  да се одлучите по кој пат ке одите. Некогаш размислувате дали да ја одберете професијата што ја сакате или професијата која ќе ви донесе голема заработка.

Без разлика дали сте почетник или  искусен професионалец, следете ги овие чекори за да ви помогнат да одлучите за вашиот идеален пат.

  • Утрврдете дали се навистина движете во погрешна насока.
  • Дознајте што сакате - а што не сакате.
  • Проценете ја вашата позадина и карактер.
  • Прашајте за совет, но не секогаш го прифаќајте.
  • Бидете отворени за сите можности.

Дали вие би прифателе работа  која не ја сакате а е добро платена? Или сепак би ја почитувале вашата омилена професија иако заработката е помала и ќе се придржувате кон неа.

Промовирани огласи »

Инфлацијата паѓа, но минималната кошничка e во постојан раст. Минималната кошничка во август изнесувала 49.345 денари.

Ако во јули годинава минималната кошничка изнесуваше 48.620 денари, минатиот месец таа е поскапена за 725 денари.

За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во август годинава му биле потребни 49.345 денари, покажуваат податоците од минималната синдикална кошничка што секој месец ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Зголемувањето на минималната кошничка како што додаваат од ССМ, е најголемо во ставката храна и пијалаци, односно 1,9 отсто. Во државава, веќе има или е во најава поскапувањето на одредени производи. 

foto freepik.com/nomadsoul1

Промовирани огласи »

Работната група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите денес ја одржа првата конститутивна седница.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на членовите на работната група им посака плодна работа и носење на издржани предлог решенија кои ќе бидат презентирани во Владата, а понатаму дадени на усвојување од Собранието.

Многу е важно при носењето на предлог мерките и законското решение за пензиско осигурување или негови измени, да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем и пензиите да продолжат да се исплаќаат навремено и редовно, истакна Тренчевска.

Министерката посочи и дека во фокусот на работата на работната група ќе бидат пензионерите со ниски пензии, особено оние со минимална пензија. Притоа, потенцираше дека ќе се користат анализи и информации подготвени од страните вклучени во работната група, за кои ќе се дискутира, како и дека сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани.

Од страна на претседателката на работната група беше посочено дека, работната група ќе работи интезивно, со средби до два пати во неделата, со цел што поскоро носење на предлог мерки и законски решенија.

Работната група се согласи дека прво ќе се работи на носење на соодветни социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, а потоа ќе се пристапи кон ново законско решение за минимална пензија или измени на постоечкото.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »