Промовирани огласи »

Магна, глобалниот лидер во автомобилската индустрија, гордо ги отвори своите врати минатиот викенд и беше домаќин на извонредниот настан на „Денот на семејството“, пружајќи им топлото добредојде на семејствата на своите вработени. Денот беше одличен успех, исполнет со забава и дружење.

Магна признава дека нејзините вработени се столбот на организацијата, и нивната посветеност и напорна работа се клучни за успехот на компанијата. Настанот „Ден на семејството“ беше посебна можност да прослават не само вработените на Магна туку и нивните семејства, кои имаат суштинска улога во поддршката на нивните професионални достигнувања.

Настанот се одржа на 23 септември во објектот на Магна во ТИРЗ Мислешево, Струга, Северна Македонија, нудејќи широк спектар на активности и искуства за сите да уживаат:

Тура во фабрика: Организирани тури со водичи со чија помош семејствата имаат можност да погледнат зад сцената на најсовремените производствени капацитети на Магна и да видат каде се врши изработката на автомобилски делови кои ја обликуваат иднината на мобилноста.

Игри и активности: Семејствата имаа можност да се вклучени со најразлични игри заедно со аниматорите, вклучувајќи боење на лица, и да уживаат во тимските активности.

Храна и забава: На настанот имаше вкусна храна којашто се приготвуваше на самата локација од локална компанија. Присутните ги забавуваше одличниот Pop Art band и заедно со модераторот во текот на целиот ден создадоа совршена атмосфера за релаксација, забава и поврзаност со вработените и нивните семејства.

Генералниот директор и тимот за човечки ресурси на Магна дивизијата во ТИРЗ Мислешево ја искористија можноста да ја изразат својата срдечна благодарност до вработените и нивните семејства за време на настанот. Посебна благодарност беше искажана за придонесите на посветените вработени на Магна и важната улога која семејствата ја играат во поддршката на кариерата на нивните најблиски.

“Ги отворивме вратите на нашата фабрика и им посакавме добредојде во нашето големо Магна семејство. Овој настан беше мал знак на нашата благодарност за нивната поддршка и посветеност кон нашата компанија. Ни беше драго што овој ден го прославивме заедно со нив” стои во официјалното соопштение од компанијата.

Промовирани огласи »

Покрај издвоените производи од пекарската, месната и млечната индустрија, од денеска „гарантирана цена“ ќе имаат и безалкохолните пијалаци, пивото, газираната и негазираната вода.

Со новите намалувања на цените, кои важат од денеска, поевтинуваат светлото пиво и лагер-пивото, газираните и негазираните пијалаци, со исклучок на енергетските пијалаци, минералната газирана и негазирана природна вода.

Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување, рече вчера премиерот Димитар Ковачевски.

Владата вчера донесе одлука и за утврдување највисока профитна маржа како посебен услов во трговијата со свежо овошје и свеж зеленчук. 

Промовирани огласи »

Избрана е најдобрата држава за живеење во Европа. Станува збор за Шведска која по многу критериуми е пред другите земји. 

„Ју-ес њуз“ и „Ворлд репорт“ неодамна објавија листа на најдобрите земји во светот според квалитетот на животот. За рангирање на 87 држави, во соработка со школата „Вартон“ и Универзитетот во Пенсилванија, тие анкетираа над 17.000 луѓе од целиот свет. Земени се предвид фактори како пристапност, пазар на труд, економска стабилност, еднаквост на приходите, политичка стабилност, безбедност, развој на јавното здравство и системот на јавното образование, приврзаност кон семејството.

Шведска е земја во која трошоците за живот се во просек 20,9 отсто пониски отколку во САД, а изнајмувањето стан е 57,5 ​​отсто поевтино.

Шведска е позната по бесплатната здравствена заштита, како и универзитетското образование. Швеѓаните можат да се пофалат и со просечен животен век од 82,8 години. Родителите во Шведска имаат право на 480 дена платено отсуство кога добиваат дете или по посвојување.

10 најдобри земји во светот за квалитетен живот
1. Шведска

2. Норвешка

3. Канада

4. Данска

5. Финска

6. Швајцарија

7. Холандија

8. Австралија

9. Германија

10. Нов Зеланд

Скандинавските земји и претходно добиваа многу пофалби и тие високи се рангирани на листата на среќни нации. Финците неколку години по ред се најсреќни. 

foto freepik.com/alexeyzhilkin

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2023 година (четврток), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »