Промовирани огласи »

Имотот на Маск се проценува на 234 милијарди долари, Безос има имот вреден 156 милијарди, а Арно милијарда помалку.

Основачот и главен извршен директор на компанијата LVMH, Бернард Арно, го загуби второто место на листата на милијардери на Блумберг, бидејќи беше претекнат од шефот на Amazon, Џеф Безос, додека прв на листата и натаму е американскиот милијардер Илон Маск.

Во моментов Безос е на второто место со 156 милијарди долари, додека богатството на Арно се проценува на една милијарда долари помалку, пренесува Танјуг.

Вредноста на имотот на Arnault падна за 6,8 милијарди долари од минатата среда кога LVMH објави дека неговата продажба оваа година пораснала побавно од очекуваното.

Падот на извршниот директор на LVMH на листата на милијардери на Блумберг е одраз на послабата продажба на луксузни стоки во 2023 година поради падот на побарувачката во САД и тешкото економско закрепнување во Кина.

Спротивно на тоа, богатството на Безос порасна за 49,3 милијарди долари оваа година, бидејќи вредноста на акциите на Amazon се зголеми за 58 отсто во истиот период.

На чело на листата на најбогати и понатаму е Маск, чиј имот се проценува на 234 милијарди долари. Акциите на Tesla пораснаа за 106 отсто оваа година, а Маск стана побогат за 96,8 милијарди долари.

Фото: EPA-EFE/ROBERT PERRY

Промовирани огласи »

Пред пет години, М Кеш за прв пат на пазарот го воведе својот проект “Продавници за пари“  како нова компанија со одлична визија и тим од 15 вработени. Но, со правилната стратегија, уникатен пристап и неуморна посветеност, денеска М Кеш не е само реномирано име, туку и водечка институција во финансиската индустрија.

"Се сеќавам на денот кога поранешниот Генерален директор нас не повика на консултации за идејата за 'Продавниците за пари'. Тоа беше моментот кога решивме да се осмелиме и да влеземе во непознати води. Нашата убеденост и желба за иновација не донесе на местото каде сме денес," изјави Бјанка Катру Генерален директор на М Кеш. "Со нашите 49 продавници низ целата Македонија и тим од преку 200 вработени, докажавме дека смелоста и иновациите се клучни за успех.

Основата на успехот на М Кеш секогаш била во неговите луѓе. "Секогаш сме верувале дека правите луѓе можат да направат разлика. Како поранешен раководител на човечки ресурси, имав уникатна прилика да бидам дел од изборот и развојот на нашиот тим. Многу од нашите вработени кои започнаа како млади ентузијасти, денес се на водечки позиции," додаде таа.

Првите “продавници за пари“ М КЕШ ги отвори во Скопје, Штип, Струмица и Куманово во 2018 год. Од самиот почеток се заложивме дека развојот на продавниците за пари ќе бидат не само места за обезбедување на финансиски услуги, туку и места каде што клиентите ќе можат да добијат и поддршка, почит, разбирање и совет. Со текот на времето, нашата мрежа на продавници се прошири на територијата на цела Македонија.

Но, успехот не е само во бројките. Еден од најсилните показатели за успех е и лојалноста на колегите кои се со нас од самиот почеток.
Меѓу првите кои веруваа во мисијата на М КЕШ и веруваат до денес и привлекуваат и други околу себе се и Александра Мишевска, Бојана Стојанова, Драгица Џонова и Стефан Каранфилов.

Во иднина, М Кеш планира уште поголема експанзија и воведување на нови услуги, со амбиција да се задржи на врвот на финансиската индустрија. Нашата историја е доказ дека со правилната стратегија, визија и тим, сè е можно.

Промовирани огласи »

Растот на користењето на мобилниот интернет не е изненадување, но околу 3,4 милијарди луѓе сè уште немаат пристап до интернет.

Во светот 55 отсто од населението или околу 4,3 милијарди луѓе користат мобилни телефони, покажа извештајот на GSMA.

Според податоците објавени во извештајот, 4,6 милијарди луѓе ширум светот користат интернет, додека четири милијарди пристапуваат до услугите преку паметни телефони.

Извештајот на GSMA ја откри нееднаквоста меѓу регионите и нивниот пристап до мобилен интернет, пренесува Klix.ba.

Околу 69 отсто од корисниците на паметни телефони живеат во Северна Америка, Источна Азија и регионот на Пацификот и користат 4G уреди, додека поголемиот дел од корисниците во субсахарска Африка сè уште се потпираат на 3G конекции, слично на Блискиот Исток и Северна Африка, каде што еден во три мобилни телефони и се уште користи 3G интернет.

Растот на користењето на мобилниот интернет не е изненадување, но околу 3,4 милијарди луѓе сè уште немаат пристап до интернет.

GSMA тврди дека глобалниот процент на луѓе кои живеат во области со мобилна мрежа и не ја користат е 38 проценти.

Јазот во поврзувањето е впечатлив во субсахарска Африка и Јужна Азија со 59 и 52 отсто од населението кои не се поврзани на Интернет.

Друга важна информација во извештајот е дека 600 милиони луѓе, или околу осум проценти од светската популација, сè уште користат интернет преку таканаречениот мобилен „телефон со функции“, односно тип на мобилен што ја задржал формата. од претходните генерации, вклучувајќи мали екрани и физички копчиња.

Други бариери за понатамошно проширување на мобилните корисници се дигиталните вештини, писменоста, безбедносните грижи и достапноста на релевантна содржина.

Сето ова ги спречува корисниците на паметни телефони целосно да ги искористат своите уреди за пристап на Интернет.

Генералниот директор на GSMA, Матс Гранрид, повика на забрзување на дигиталното вклучување и рушење на бариерите за да се запре проширувањето на дигиталниот јаз.

Фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Промовирани огласи »

Од Град Скопје информираат дека продолжува проектот за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм, на локации каде имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на булеварот „Партизански одреди“ кај „Палма“ и на улицата „Јордан Мијалков“.

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фреквентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини, со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот. ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60 проценти, што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи, предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие ЛЕД сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70 отсто, се додава во соопштението.

Во соопштението се додава дека контрастот на клучните информации на ЛEД сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35 проценти.

Како што се посочува, со овој вид сигнализација, функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »