Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Рептил маркетите постојат 27 години и бележат континуиран раст и економски успех од своето основање.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА ЗА НОВ МАРКЕТ ВО БАРДОВЦИ
МАГАЦИОНЕР
ПРОДАВАЧ/КА

Компанијата ОзонАир е докажан глобален партнер и соработник на многу компании во Македонија како и целиот свет. Главниот фокус е модерен дизајн и технологијата што се применува во производството на единици за третирање на воздух, системи за размена на топлина, опрема за вентилација, хигиенски единици и додатоци за дистрибуција на воздух, производи за чисти соби како и мебел и опрема за медицина, фармација и лаборатории.

Моментално вработува:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ПРОДАЖБА НА ОПРЕМА
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ИЛИ МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ЗА РАБОТА СО CAD/CAM
ИЗВРШИТЕЛ ВО ПРОИЗВОДСТВО
МАГАЦИОНЕР

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

КНИГОВОДИТЕЛ/КА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА „КАНБАН“ ВО ОДДЕЛ ЗА ЛОГИСТИКА

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ
МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖЕН САЛОН (STORE MANAGER)
СЕНИОР АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ
РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖБА
АСИСТЕНТ ВО СЕКТОРОТ ГОЛЕМОПРОДАЖБА

Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани се на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените.

Моментално вработува:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК (ПРОЦЕНИТЕЛ) ЗА ТЕХНИЧКИ ШТЕТИ

Хотелот „Мериот“ е луксузен хотел на плоштадот Македонија кој нуди традиција и искуство кое ќе го направат вашиот специјален ден незаборавен.

Моментално вработува:

NIGHT AUDIT CLERK (NIGHT SHIFT) / НОЌЕН РЕВИЗОР (НОЌНА СМЕНА)
КЕЛНЕР/КА (ROOM SERVICE 24/7)
КЕЛНЕР/КА (A LA CART)
ТЕЛЕФОНИСТ / AYS AGENT

Жито маркетите располагаат со 59 маркети распространети во 20 општини во земјава.

Моментално како активни се следниве позиции:

ВИДЕО НАДЗОР
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО СКОПЈЕ (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ)
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО ПЕТРОВЕЦ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Барањето за зголемување на платата е чувствителна дискусија и чекор кој бара правилно планирање. Исто така, ќе треба да го убедите вашиот претпоставен дека го заслужувате зголемувањето и да побарате зголемување во вистинско време. 

Во продолжение неколку чекори како коректно да побарате поголем износ:

  • Бидете учтиви
  • Подгответе го теренот барем еднаш пред вистинските преговори
  • Избегнувајте да ја прифатите првата понуда
  • Предложете опсег наместо фиксен износ
  • Бидете реални кон себе

Важно е објективно да му пристапите на прашањето, да формирате став за вашата очекувана плата кој ќе биде заснован на докази и на крај, секако, да преговарате за тој износ.

Промовирани огласи »

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека утре, поради државниот празник „Свети Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурна од 6 до 13 часот ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, а жичницата ќе работи од 10 до 17 часот.

Жичарницата на Водно ќе работи од 10 до 17 часот. 

Промовирани огласи »

Дополнителна поддршка за студентите најавија министерот за економија и министерот за образование и наука. Имено, според она што денес го соопштија за студентите ќе има ваучери за туризам како дополнителна мерка за подобрување на студентскиот стандард, покрај поддршката за превоз што е дел од пакетот антикризни мерки.

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека студентите ќе бидат поддржани со нова мерка -  ваучери за посета на туристички места во земјава.
За тоа ќе бидат наменети 64 милиони денари и најпрво ќе бидат опфатени околу 3 до 4 илјади студенти, а потоа се очекува бројот да се прошири.

На средба со претставници на студенти од државните универзитети во  Министерството за економија, на која присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, се разговарало и со студентите, како и жени претприемачи на микро, мали и средни претпријатија, да имаат предност на повиците за субвенции.

Со мерките за превоз, пак, треба да бидат опфатени над 15 илјади студенти кои студираат надвор од нивното место на живеење.  

Во зависност од пресметаните трошоци за превозот, тие ќе добиваат ваучери за превоз во износ од 600 до 1.200 денари. Надоместокот ќе го добиваат во наредните седум месеци односно до крајот на академската 2023/2024 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »