За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Триглав Осигурување АД, Скопје Ве поканува да аплицирате на огласот за вработување за работното место:
Стручен соработник (проценител) за технички штети
НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:
Динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал.
Работа во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на Групацијата.
Можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Решавање и ликвидација на имотни штети согласно доделените овластувања.
Следење на вредностите на пазарот поврзани со предметот на осигурување.
Резервација на штети и контрола на резервации на штети.
Следење на осигурителната и судска пракса, услови за осигурување и законските прописи и предлагање на мерки за подобрување на процесот за проценка и ликвидација на штети.
Одговорност за целокупниот процес на решавање на имотни штети.
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
Високо образование од областа на тенички науки (сообраќај и/или машинство).
Солидно познавање на Microsoft Office;
Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:
Ќе се смета за предност претходно искуство во подрачјето на работа.
Со цел вашата апликација да биде земена предвид при процесот на селекција и соодветно помине низ нашиот систем, Ве молиме поднесете ја преку линкот во прилог, не подоцна од 24.12.2023:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000cH3sv