Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ТРАНСПОРТ
СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА КАРПОШ

Бонитетната куќа CompanyWall д.о.о. е една од најголемите деловни платформи за проверка на финансиските податоци.

Моментално вработува:

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО CALL CENTER

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години.

Моментално вработува:

ЈУНИОР ПРОДУКТ МЕНАЏЕР
МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 30 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита.

Mоментално вработува:

ХИГИЕНИЧАР/КА
АДМИНИСТРАТОР - ОПЕРАТОР
МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ, ГРИЖА И НЕГА ЗА ПАЦИЕНТИ
ПРАВНИК

ТТК БАНКА АД Скопје е успешна универзална банка која функционира со стабилен позитивен раст преку широко распространетата мрежа на филијали и експозитури.

Моментално вработува:

САМОСТОЕН СОРАБОТНИК ВО ОДДЕЛ ЗА МАРКЕТИНГ
ПОМЛАД БЛАГАЈНИК ВО ФИЛИЈАЛА СКОПЈЕ

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА СУРОВИНИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГРЕШКИ

Даути Комерц - А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ХЕМИЈА И КОЗМЕТИКА - ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА
ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ ВО СЕКТОР ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР – ТЕТОВО
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР – СКОПЈЕ
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА МЕДИЦИНСКИ ПОМАГАЛА
РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА
РЕФЕРЕНТ ЗА ФАРМАЦЕВТСКА РЕГУЛАТИВА

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Во светот постојат одредени работни позиции кои компаниите често имаат потешкотии за пополнување поради различни предизвици и барања.

Еве неколку примери на такви работни позиции кои се најбарани но сепат многу тешко се наоќаат професионалци:

  • Специјалист за развој на софтвер 

Со брзиот напредок на технологиите, компаниите тешко наоѓаат квалификувани специјалисти за развој на софтвер. Овие работници се потребни за изработка на иновативни апликации и програми.

  • Инженер за вештачка интелигенција

Развојот на вештачка интелигенција бара специфични вештини и знаења, што ги прави тешки за наоѓање квалификувани инженери за вештачка интелигенција.

  • Стратег за дигитален маркетинг 

Со брзиот преод кон дигитален маркетинг, компаниите често се соочуваат со предизвици во наоѓањето на стручњаци за разработка и имплементација на стратегии за дигитален маркетинг.

  • Специјалист за сајбер - безбедност

Со зачестените сајбернапади, се појавува потреба за специјалисти за сајбер-безбедност. Овие професионалци мораат да имаат напредни знаења за заштита на информации и мрежи.

  • Менаџер за развој на таленти

Со растот на компаниите, потребата за квалификувани мениџери за развој на таленти се зголемува. Овие лица се одговорни за развивање и управување со кариерните патеки на вработените.

  • Развивач на мобилни апликации

Развивачите на мобилни апликации се во голема потрага, бидејќи компаниите ги усовршуваат своите мобилни платформи и апликации за корисниците.

  • Менаџери на ланец на осигурување

Со брзиот развој на финансиските иструменти, компаниите имаат потреба од стручњаци за менаџмент на ланецот на осигурување и максимизација на финансискиот перформанс.

  • Специјалист за развој на бизнис

Професионалците кои го разбираат пазарот и можат да идентификуваат и развиваат нови бизнис можностима се во посебна потрага.

Овие работни позиции се само дел од динамичната потрага на пазарот на труд, каде што компаниите континуирано се обидуваат да ги пополнат своите тимови со квалификувани и искусни професионалци.

Промовирани огласи »

Заклучно со 12 февруари сопствениците на возила мора да направат промена на ознаката “МК“ на регистарските таблички со новата ознака “НМК“. Цената на оваа промена ќе изнесува 50 денари, а граѓаните таквата набавка ќе ги чини 50 денари и ќе можат истите тие налепници да си ги купат од станиците за технички преглед.

Од МВР велат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Северна Македонија број 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, наведуваат од МВР.

Промовирани огласи »

Општина Карпош ги информира граѓаните дека ЈП „Градски паркинг“ – Скопје започна акција за воведување на зонско паркирање на територија на локалната самоуправа, поточно во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2.

Овој процес ќе се одвива во неколку фази, со цел да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила во овие населени места.

Во првата фаза ќе бидат опфатени делови од Карпош 1, а за пријавувањето за паркинг дозволи, кое исто така ќе се одвива етапно, станарите ќе бидат навремено известувани, согласно динамиката на обележувањето на улиците.

Притоа, право на паркирање на зона Д42 ќе имаат граѓаните кои гравитираат на една од наведените адреси, по цена од 0 денари за две станарски возила, а поднесувањето на Барања за нивно евидентирање во системот ќе се одвива етапно, согласно динамиката на означување на улиците, за што ќе бидат дополнително известени, информираат од локалната самоуправа на општина Карпош. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »