Стручен соработник

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: Стручен соработник

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на фармација, медицина или стоматологија
  • Претходно работно искуство во промоција на фармацевтски производи
  • Пожелно е познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office
  • Положен возачки испит Б категорија

 Потребни вештини и способности:

  • Поседување комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Претприемачки дух, стручна компетентност
  • Организирана и одговорна личност
  • Професионален и љубезен однос кон клиентите
  • Позитивен став
  • Справување со работа под притисок, исполнување на таргети

Одговорности:

  • Посета на лекари и фармацевти со цел промоција и презентација на фармацевтски производи
  • Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата Зегин и производите
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на семинари

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и брзо напредување
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Службено возило за исполнување на работните задачи
  • Полно работно време од 8 работни часа на ден или 40 часа неделно
  • Континуиран кариерен развој
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените (Employees wellbeing)

 Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Стручен соработник на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »