Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Алкалоид AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Моментално вработува:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕСТАВНИЦИ ЗА СКОПЈЕ, ТЕТОВО И ШТИП
ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

БРАКО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали.

Моментално вработува:

РАБОТНИК ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КЛИНЦИ
КОНТРОЛОР ЗА ПРОЦЕСНА И ЗАВРШНА КОНТРОЛА
ОПЕРАТОР НА CNC ЛАСЕР
ФАРБАРИ/ПРИПРЕМАЧИ
ПИКЕР

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ДИПЛОМИРАН ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕНЕРГЕТСКА НАСОКА
ЛЕАР
ДИГАЛКАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Гранд – Експорт е основана во 1992 година во Скопје и на пазарот во Република Северна Македонија и во регионот на Југоисточна Европа етаблирана како брзорастечка приватна компанија. Формирана е и раководена од професионалци со истакнато искуство и знаења во трговијата и дистрибуцијата.

Mоментално вработува:

ВОЗАЧ Б/ Ц КАТЕГОРИЈА

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

СЕНИОР СМЕТКОВОДИТЕЛ
LEAN КООРДИНАТОР И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти.

Моментално вработува:

ОПШТ РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ

Винарија Тиквеш е предводник во македонската винска индустрија, како и најстарата и најголемата винарница во регионот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН ЗА ГОТОВ ПРОИЗВОД

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

МИКРОДИСТРИБУТЕР - АМБУЛАНТСКА ПРОДАЖБА (COFFEE&DRINKS) – СТРУМИЦА
МЕРЧЕНДАЈЗЕР - РЕДАЧ НА РОБА - РЕГИОН ГОСТИВАР
МЕРЧЕНДАЈЗЕР - РЕДАЧ НА РОБА – СКОПЈЕ
ШОФЕР СО Ц - КАТЕГОРИЈА – СКОПЈЕ
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЛОГИСТИКА
ФАРМАЦЕВТ
МЕРЧЕНДАЈЗЕР - РЕДАЧ НА РОБА - КУМАНОВО

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Мотивирањето на вработените без да им наметнувате притисок е важно за креирање здрава и продуктивна работна средина.

Еве неколку начини за тоа:

  • Комуникација и почит

Разговарајте со вработените и покажете интерес за нивните потреби, мислења и идеи. Покажете им почит и важност за нивната улога во организацијата.

  • Поставување на јасни очекувања

Обезбедете ги јасно дефинираните цели и очекувања за нивната работа. Овозможете им да ги разберат своите задачи и исклучате ги потенцијалните недоразбирања.

  • Пофалби и признание за успесите

Пофалете ги и признајте ги успесите на вработените. Пофалбите и признанијата ги мотивираат и ги подтикнуваат да продолжат да работат напорно.

  • Развој на кариера и можност за учење

Обезбедете им можност за напредок во кариерата за учење и развој. Организирајте обуки, семинари и други активности кои ќе ги подобрат нивните вештини и знаења.

  • Флексибилност во работното време и стилот на работа

Понудете флексибилност во работното време и начинот на работа, доколку е возможно. Ова може да ги мотивира вработените и да им овозможи посветеност кон работата.

  • Тимска работа и заеднички цели

Поддржете го духот на тимската работа и развивањето на заеднички цели. Креирањето на посебен тимски дух и вклучувањето на вработените во процесот на донесување одлуки може да ги мотивира и подобри односите во работната средина.

Секоја организација и вработен може да реагира различно на различни видови на мотивација, затоа е важно да го разговарате со своите вработени и да дознаете што ги мотивира најмногу.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 22.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,238%, кај дизелот за 3,674%, кај екстра лесното масло за 2,350% и кај мазутот зголемувањето е за 1,168%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,178%

Од 24.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 42,901 (денари/килограм)
  • Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Промовирани огласи »

Употребата на паметни телефони и таблети ќе биде забранета во италијанските училници, дури и за наставни цели, според новите упатства што ќе бидат објавени наскоро, изјави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара во денешното интервју за Il Folio.

Забраната, која се однесува на градинките, основните училишта и средните училишта, ја продолжува постоечката забрана за неакадемска употреба на паметни уреди воведена во Италија во 2007 година, објави Анса.

Во 2007 година, Италија ја забрани употребата на мобилни телефони во училниците во обид да спречи нарушување на наставата и злоупотреба преку телефонски уреди.

Учениците се педупредени дека ќе им бидат одземени мобилните телефони, а им се заканува и неможност за полагање на завршните испити.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »