Промовирани огласи »

Златна бубамара на популарноста е најголемиот културен настан единствен во својата категорија кој цели 27 години ја обединува македонската општествен сцена. На сцената повторно ги видовме најголемите музички звезди од Македонија и регионот, со незаборавна сатира, хумор и насмеани лица.

Ова се добитниците на наградите во следните категории:

  • Тинејџерска ТВ серија 2023 Тин-Камп
  • Балетска претстава за деца 2023 Петар Пан
  • Трајни вредности за афирмација на танцот Тодор Миладинов
  • Трајни вредности во народната музика Нино Величковски
  • Трајни вредности Д-р Миодраг Врчаковски – текстописец
  • Посхумна награда за животно дело Кире Костов
  • Спортист на годината 2023 Игор Стефановски-Иџе
  • Спортски успех 2023 Одбојкарска Репрезентација
  • Најпопуларен спортист 2023 Никола Ѓоргиев
  • Концерт на годината 2023 Владо Јаневски
  • Животно дело Драган Мијалковски
  • Трајни музички вредности Жељко Самарџиќ
  • Актерка на годината 2023 Наталија Теoдосиева
  • Најпопуларен млад актер 2023 Сергеј Димовски
  • Театарска претстава 2023 Ало Ало – Театар комедија
  • Спортска легенда Кире Лазаров
  • Етно песна на годината Давид Темелков – Моја Македонија
  • Проект на годината 2023 СИМБИОЗА-Танец и НОБ
  • Типографија-дизајнирање македонски Ласко Џуровски
  • кирилични фонтови
  • Дуо на годината 2023 Александар и Дац
  • Пејачка на годината 2023 Андријана Јаневска
  • Албум на годината 2023 Македонијо во срце те носиме
  • Најпопуларна нова институција Национален џез оркестар
  • Награда за уникатни музички вредности Рамбо Амадеус
  • Песна на годината 2023 ДНК & Врчак – Посреќна

Во продолжение галерија од слики.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Алкалоид AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Моментално вработува:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕСТАВНИЦИ ЗА СКОПЈЕ, ТЕТОВО И ШТИП
ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

БРАКО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали.

Моментално вработува:

РАБОТНИК ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КЛИНЦИ
КОНТРОЛОР ЗА ПРОЦЕСНА И ЗАВРШНА КОНТРОЛА
ОПЕРАТОР НА CNC ЛАСЕР
ФАРБАРИ/ПРИПРЕМАЧИ
ПИКЕР

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ДИПЛОМИРАН ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕНЕРГЕТСКА НАСОКА
ЛЕАР
ДИГАЛКАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Гранд – Експорт е основана во 1992 година во Скопје и на пазарот во Република Северна Македонија и во регионот на Југоисточна Европа етаблирана како брзорастечка приватна компанија. Формирана е и раководена од професионалци со истакнато искуство и знаења во трговијата и дистрибуцијата.

Mоментално вработува:

ВОЗАЧ Б/ Ц КАТЕГОРИЈА

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

СЕНИОР СМЕТКОВОДИТЕЛ
LEAN КООРДИНАТОР И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти.

Моментално вработува:

ОПШТ РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ

Винарија Тиквеш е предводник во македонската винска индустрија, како и најстарата и најголемата винарница во регионот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН ЗА ГОТОВ ПРОИЗВОД

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

МИКРОДИСТРИБУТЕР - АМБУЛАНТСКА ПРОДАЖБА (COFFEE&DRINKS) – СТРУМИЦА
МЕРЧЕНДАЈЗЕР - РЕДАЧ НА РОБА - РЕГИОН ГОСТИВАР
МЕРЧЕНДАЈЗЕР - РЕДАЧ НА РОБА – СКОПЈЕ
ШОФЕР СО Ц - КАТЕГОРИЈА – СКОПЈЕ
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЛОГИСТИКА
ФАРМАЦЕВТ
МЕРЧЕНДАЈЗЕР - РЕДАЧ НА РОБА - КУМАНОВО

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Мотивирањето на вработените без да им наметнувате притисок е важно за креирање здрава и продуктивна работна средина.

Еве неколку начини за тоа:

  • Комуникација и почит

Разговарајте со вработените и покажете интерес за нивните потреби, мислења и идеи. Покажете им почит и важност за нивната улога во организацијата.

  • Поставување на јасни очекувања

Обезбедете ги јасно дефинираните цели и очекувања за нивната работа. Овозможете им да ги разберат своите задачи и исклучате ги потенцијалните недоразбирања.

  • Пофалби и признание за успесите

Пофалете ги и признајте ги успесите на вработените. Пофалбите и признанијата ги мотивираат и ги подтикнуваат да продолжат да работат напорно.

  • Развој на кариера и можност за учење

Обезбедете им можност за напредок во кариерата за учење и развој. Организирајте обуки, семинари и други активности кои ќе ги подобрат нивните вештини и знаења.

  • Флексибилност во работното време и стилот на работа

Понудете флексибилност во работното време и начинот на работа, доколку е возможно. Ова може да ги мотивира вработените и да им овозможи посветеност кон работата.

  • Тимска работа и заеднички цели

Поддржете го духот на тимската работа и развивањето на заеднички цели. Креирањето на посебен тимски дух и вклучувањето на вработените во процесот на донесување одлуки може да ги мотивира и подобри односите во работната средина.

Секоја организација и вработен може да реагира различно на различни видови на мотивација, затоа е важно да го разговарате со своите вработени и да дознаете што ги мотивира најмногу.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 22.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,238%, кај дизелот за 3,674%, кај екстра лесното масло за 2,350% и кај мазутот зголемувањето е за 1,168%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,178%

Од 24.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 42,901 (денари/килограм)
  • Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »