Промовирани огласи »

KARIERA.mk беше во посета и дружба на кариерниот ден во организација на UACS каде што учествуваа многу реномирани компании меѓу кој зема учевство и KARIERA.mk 

Со почеток од 10:00 во амфитеатар 1 исто така се одржи и кариерна работилница во склоп на која сите студенти имаа шанса за се запознаат со MojaKARIERA картичката преку кратка презентација и простор за прашања. 

На самиот настан освен што имавме прилика да ги запозавме студентите со нашиот продукт, МојаКАРИЕРА картичката, како и придобивките за истата, студентите освен добиените информации можеа и да се почестат и со КАРИЕРА кафе.

Што добивате ако ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка: 

Препорака кај компаниите! BASIC

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компаниите за каде би соодејствувало. KARIERA.mk има одличен партнерски однос со многу компании од државава па така со ова вашата потрага по совршеното работно место ќе биде многу побрза.

Професионална проверка на вашето CV! PRO

Тимот на KARIERA.mk е составен од професионалци кои секојдневно прегледуваат огромен број на CV-а. Со купување на картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV и сугестии за промени и корекции со цел ваше претставување во најдобро светло пред потенцијалниот работодавец.

Погледнете дел од атмосферата, галерија од слики во прилог:

Промовирани огласи »

Даваме многу вложување во луѓето, ги едуцираме и сето тоа се враќа со некоја вредност. Имаме навистина простор за раст и развој на луѓето тоа го препознаваат вработените кај нас. Се гради една средина на доверба една средина на почит заемно задоволство и со тоа на крај вродува со плод задоволство на вработените и задоволство на клиентите. - вели Маја Станковска Костова - Генерален директор на Кроациа осигурување живот


 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува вашиот објект.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ И ДОСТАВА
ФРИГОТЕХНИЧАР - ИНСТАЛАТЕР, СЕРВИСЕР
ЗАВАРУВАЧ И ПОМОШНИК ЗАВАРУВАЧ
ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР / ЕЛЕКТРИЧАР / ЕЛЕКТРОМОНТЕР

МОЛЕР - ГИПСАР
ПОМОШНИК НА ФРИГОТЕХНИЧАР - ИНСТАЛАТЕР, СЕРВИСЕР

ХАУСМАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Рептил маркетите постојат 27 години и бележат континуиран раст и економски успех од своето основање.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА ЗА РЕОН АЕРОДРОМ И ЦЕНТАР
ПРОДАВАЧ/КА ЗА РЕОН ГАЗИ БАБА

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач во автомобилската индустрија посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

METHODOLOGIS CALIBRATIONS & MSA ANALYST
MAINTENANCE ENGINEER
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
TEAM LEADER
LOGISTICS MANAGER

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Fashion Group повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА

Lear Corporation компанијатакоја се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ПЛАНИРАЊЕ

Грант Торнтон Интернационал е мрежа од независни фирми кои обезбедуваат услуги на уверување, даночни и советодавни услуги која вработува повеќе од 68,000 професионалци во 140 земји.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ
ПРАВНИК

TBM Group е Чешка компанија, пионир со децениско искуство на организирање глобални деловни конференции и самити. Со канцеларии во Прага и Скопје, TBM Group не е само компанија; тоа е инкубатор за таленти.

Моментално вработува:

JUNIOR SALES AGENT

Просветно дело е приватно претпријатие кое е современо конципирано, со многубројни соработници во земјата и надвор од неа.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - СКОПЈЕ

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Да ја победите мрзеливоста на работното место може да биде предизвик, но постојат неколку начини да го како да се ослободите од чувството на мрзеливост додека работите.

Во продолжение неколку начини и техники како да ја победите мрзеливоста на работното место:

  • Поставете цели и задачи

Поставете си реални цели и разделете ги на помали, конкретни задачи. Ова може да ви помогне да го заборавите големиот обем на задачи и да го избегнете чувството на пренатрупаност и мрзеливост.

  • Креирајте рутини

Рутината може да помогне да се подигне вашата продуктивност. Планирајте ги активностите во текот денот и обидете се да ги следите што е можно повеќе.

  • Искористете техники за управување со времето

Применете техники како "Помодоро тајмер" или "техниката на 2-минути", што ви помагаат да управувате со времето и да се фокусирате на задачите.

  • Применете техники за мотивација

Креирајте систем за награди или користете техники како "системот на 10-минутно чистење", каде што се обидувате да работите на задачата само за 10 минути и да ја прекинете мрзелата.

  • Практикувајте самосвесност

Вежбајте техники како медитација или дишење кои ќе ви помогнат да го зголемите својот степен на самосвест и контрола врз вашите акции и реакции.

  • Креирајте поттикнувачкa работнa околина

Уредете ја вашата работна средина за да ви биде пријатна и поттикнувачка за работа.

  • Бидете благодарни

Практикувајте благодарност и афирмирајте ги придобивките од вашата работа. Ова може да ви помогне да го процените значењето на вашата работа и да ве поттикне да работите конструктивно и мотивирачки.

Пробајте ги овие стратегии и видете кои работат најдобро за вас. Секој човек е различен, па затоа можете да треба да ги адаптирате овие совети според вашите потреби и стил на работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »