Промовирани огласи »

KARIERA.mk беше во посета и дружба на кариерниот ден во организација на SSEU каде што учествуваа многу реномирани компании меѓу кој зема учевство и KARIERA.mk 

Исто така се одржи и кариерна работилница во склоп на која сите студенти имаа шанса за се запознаат со MojaKARIERA картичката преку кратка презентација и простор за прашања. 

На самиот настан освен што имавме прилика да ги запозавме студентите со нашиот продукт, МојаКARIERA картичката, како и придобивките за истата, студентите освен добиените информации можеа и да се почестат и со КАРИЕРА кафе.

Што добивате ако ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка: 

Препорака кај компаниите! BASIC

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компаниите за каде би соодејствувало. KARIERA.mk има одличен партнерски однос со многу компании од државава па така со ова вашата потрага по совршеното работно место ќе биде многу побрза.

Професионална проверка на вашето CV! PRO

Тимот на KARIERA.mk е составен од професионалци кои секојдневно прегледуваат огромен број на CV-а. Со купување на картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV и сугестии за промени и корекции со цел ваше претставување во најдобро светло пред потенцијалниот работодавец.

Погледнете дел од атмосферата, галерија од слики во прилог:

Промовирани огласи »

Пишувањето на мотивационо писмо е одличен начин да ги изразите вашите интереси, квалификации и мотивација за одредена работна позиција.

Еве неколку чекори што може да ви помогнат да го напишете мотивационото писмо:

  • Започнете со привлекување на вниманието 

Истакнете го вашиот интерес за работната позиција и зашто сметате дека сте соодветен кандидат.

  • Представете се

Вклучете го вашето име, контакт информации и кратко воведување за вашето образование и искуство.

  • Истакнете ги вашите квалификации 

Наведете ги вашите вештини, образование и искуства кои ве прават квалификуван кандидат за позицијата. Исто така, истакнете ги конкретните примери или постигнувања кои ја демонстрираат вашата способност да ја извршите работата.

  • Истакнете ги вашите мотивации

Објаснете зошто сте заинтересирани за компанијата и за работата и како вашето искуство или вештини се вклопуваат во потребите и културата на компанијата.

  • Завршете со позитивен заклучок

Изразете ја својата благодарност за можноста да аплицирате и изразете ја својата надеж дека ќе добиете можност за интервју.

  • Редактирајте и прегледајте го писмото

Пред да го испратите мотивационото писмо, внимателно прегледајте го за правописни и граматички грешки и осигурајте се дека е чисто и професионално изгледа.

  • Персонализирајте го писмото

Приспособете го писмото за секоја работна позиција на која аплицирате, вклучувајќи ги конкретни детали за компанијата и позицијата.

Со следење на овие чекори, вашето мотивационо писмо треба да биде ефективен начин да ги покажете вашите квалификации и мотивација за работата.

Промовирани огласи »

До крајот на овој месец имаме уште еден продолжен викенд, а ќе одмараме и во јуни и август. 

Следниот неработен ден 24 мај (петок) Денот на Свети Кирил и Методиј.

Потоа како неработен ден е празникот Св. Илинден кој се празнува на 2 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед: 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед 01 ноември (петок), Празникот на сите светци; 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ: • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

На листата на најдобрите 2000 универзитети во светот според Центарот за рангирање на светски универзитети CWUR, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ остана на 1990-то место.

Ранг листата на CWUR се објавува секоја година, а при рангирањето Центарот ги зема во предвид четирите фактори: образование, можност за вработување, настава и истражување.

Во оваа година биле рангирани 20.996 универзитети, а од сите тие се најдоа најдобрите 2000.

УКИМ е единствениот македонски универзитет кој се најде на ова рангирање, и се најде на „опашката“. Во споредба со минатите години, се бележи пад од 26 места за разлика од 2022 година. Од 2021 година падот е за 46 места, или за пет години УКИМ на оваа листа паднал за дури 174 места. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »