Промовирани огласи »

KARIERA.mk изработи краток извештај со најинтересните податоци кои ги забележавме во првите 6 месеци од оваа година во однос на пазарот на труд. За разлика од 2023та оваа година во првите 6 месеци се забележува зголемување на бројот на отворени работни места, дури 1324 повеќе огласи за разлика од лани, дали компаниите ги прошируваат своите тимови и отвораат нови сектори или пак имаат проблем со задржување на квалитетните кадри?

Најмногу директори и менаџери се барале во компаниите кои се занимаваат со трговија или финансии, дури 37% од објавените огласи за телефонски оператори од 95 различни компании биле од компании кои се занимаваат со игри на среќа. Побарувањата во угостителството природно како и секоја година се зголемиле пред почетокот на летната сезона во април и мај. Дури 33% проценти од огласите во здравство биле за доктори и медицински персонал.

Уште многу интересни споредби можете да погледнете во целосниот извештај.

Промовирани огласи »

Групацијата Феро Инвест извади на пазарот интегрирано решение за проблемот со вишокот електрична енергија од обновливи извори, а тоа се ,,батериски системи со интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата”.

Софтверското решението на Феро Инвест, кое е сопствено дело на инженерите на компанијата и е развивано по последните две години, во моментот претставува единствен модел за справување со вишокот енергија од обновливи извори, и може да се примени на домаќинства, објекти од индустријата и електрани од обновливи извори.

Фотонапонските панели поставени на објектот се поврзува со батерии и заедно се врзани за ПЛЦ управување, а по барање на клиентот може да бидат поврзани и за центарот за мониторинг на Феро Инвест.

Решението обезбедува енергетски независност на објектот, односно во услови на поволно сончево зрачење, произведената електрична енергија веднаш се користи за неопходните потреби, а вишокот оди во батериите. Попладне и ноќе, кога нема сонце, а кога цените на струјата се далеку повисоки, се користи складираната енергија од батериите, со што се прават огромни заштеди. Пресметките покажуваат дека со инсталација на еден батериски систем, домаќинствата и малите бизниси може да ги намалат своите сметки за електрична енергија и до 98%. Корисникот има панел на кој постојано ја следи потрошувачката на енергија, залихата во батеријата, влечењето енергија од мрежа и неговата сопствената заштеда. Феро Инвест обезбедува и мониторирање и одржување на системот, за безгрижна енергетска независност на клиентот, по принципот ,,имајте струја и кога никој друг нема”.

Освен батериски системи за домаќинства и мали бизниси, Феро Инвест започнува и со инсталација на батериски системи за големи производни капацитети, кои веќе имаат инсталирано фотоволтаични електрани на нивните кровови, а и таму позитивниот ефект е фасцинантен.

„Фабриките кои веќе имаат инсталирано фотоволтаични електрани, особено во летниот период, ќе имаат огромен бенефит од батериски системи. Имено, во дневниот период кога има вишоци на електрична енергија поради големиот број на фотоволтаици и кога цените се ниски, фабриките може да ја набавуваат струјата по берзански цени, а во попладневните часови, кога цените се и до 20 пати повисоки, може да ја користат енергијата од своите батериит и на тој начин да направат одлични заштеди. Ги охрабрувам сите фабрики кои имаат инсталирано фотоволтаици на нивните кровови да инвестираат во батерискисте системи, а инвестициите ќе им се вратат во период од 6-8 години, потоа практично ќе имаат бесплатна струја над 10 години“, објави сопственикот и извршен директор на групацијата Феро Инвест, проф. д-р Кочо Анѓушев, пред бисмисмените во Стопанската комора на настанот „Соларна енергија за бизнисите“, во организација на Европската инвестициска банка.

При дискусијата беше потенцирана потребата државата што побрзо законски да го уреди прашањето за поставување батериски системи за електрани.

На настанот во Стопанската комора беше презентирана и кредитната линија на Европската инвестициска банка ЕИБ7 со која се стимулираат инвестиции во обновливи извори на енергија и намалување на јаглеродниот отпечаток, а настанот пробуди огромен интерес на присутните над 70 претставници на мали и средни претријатија, членки на Стопанската комора. Кредитната линија на ЕИБ предвидува кредити со поволни каматни стапки, а ќе се имплементира преку Развојната банка на Северна Македонија и комерцијалните банки во земјата.

Промовирани огласи »

УНИ Банка овозможува врвни банкарски услуги за своите клиенти, но истовремено и ги наградува. Извлечени се среќните добитници од големата наградна игра “Со Mastercard од УНИБанка, ја имаш Куба на дланка!”.

Патување за двајца на Куба, на еден од најубавите острови на Карибите добија:  

  • Лепа Мурџоска од Охрид
  • Далине Бојоска од Прилеп
  • Анче Бојаџиска од Виница
  • Цветанка Велинова од Велес
  • Бобан Алексовски од Скопје

Овие среќни добитници, сега треба да одберат кого ќе израдуваат и со кого ќе патуваат на овој магичен остров. А во земјата на салсата ќе доживеат неповторливо искуство со весели и разиграни мештани, под големите палми ќе пијат мохито и ќе уживаат на рајската плажа Варадеро сместена на тиркизното Карипско море и многу други дожививања, што севкупно ветува едно магично патување на кое долго ќе се сеќаваат. Оваа можност среќните добитници ја добија благодарение на направените 10 трансакции месечно, во периодот од 01 април до 30 јуни, со кредитните или дебитните Mastercard® картички издадени од УНИ Банка.

УНИ Банка за своите корисници додели и 5 златни плочки, а добитници се:

  • Славе Ников од Велес
  • Роберт Јанев од Кавадарци
  • Ангела Стојановска од Куманово
  • Љубомир Пауновски од Тетово
  • Клиент со број на картичка 5355xxxxxxxx8767 и број на платежна сметка 240237XXXXXX302

Извлекувањето на наградите се изврши на 17.07.2024 година во Бизнис центарот на УНИ Банка, по принципот на случаен избор со помош на компјутерска програма.

УНИ Банка на добитниците им посакува да уживаат во наградите и во иднина да ги користат кредитните и дебитните Mastercard® картички издадени од УНИ Банка, како и останатите производи и услуги на Банката.

Високото ниво на задоволство на корисниците и понатаму ќе биде цел за Банката, која и во иднина ќе ја потврди својата определба на динамична и модерна Банка, во која секој еден клиент е почитуван и ценет корисник.

Промовирани огласи »

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО КОЧАНИ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА
РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА И КРЕДИТИРАЊЕ ВО ПРИЛЕП
ПЕРСОНАЛ ЗА РАБОТА НА КАСА И КРЕДИТИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »