ФЕРО ИНВЕСТ

ЕМБС: 5778093
Индустрија: Трговија
Адреса: бул. Св. Климент Охридски бр. 30
Град: Центар
Телефон: 5512530
ФЕРО ИНВЕСТ има деловни активности во секторот на обновливи извори на енергија и во секторот на металната индустрија.

Во делот на обновливите извори, ФЕРО ИНВЕСТ беше прва компанија во регионот која почна со изградба на мали хидроелектрани.

Денес, како вертикално интегрирана енергетска компанија со сите потребни сегменти, нуди комплетни решенија за проектирање, изградба и одржување на електрани на сонце, вода и биогас, батериски системи и трафостаници, откупување на произведената електрична енергија и снабдување со електрична енергија на слободниот пазар.

ФЕРО ИНВЕСТ е формиран во 2003 година и заедно со сестринската фирма Централ Инвест го водат бизнисот преку управување со 30 компании во Република Северна Македонија и во светот.

ФЕРО ИНВЕСТ е ДОО во кој работат околу 1000 вработени и спаѓа меѓу најуспешните македонски стопански субјекти.

Во 2023 година групацијата ФЕРО ИНВЕСТ/Централ Инвест оствари 170 милиони евра приход, што претставува раст од 50% споредено со 2022 година.

Групацијата е високо конкурентна на странските пазари, извезувајќи квалитетни производи и услуги во над 60 земји низ светот.



Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »