Промовирани огласи »

Уште една генерација првачиња овој септември започнува да чекори низ светот на едукацијата.

Знаејќи колку е важен овој ден за родителите, УНИБанка подготви изненадување за децата на вработените кои оваа година ќе ги направат почетоците во училишните клупи.

Во Банката не само што е препознаен потенцијалот на новите млади сили, туку и истите се поддржуваат во остварување на нивните соништа. За таа цел беше организирана работилница за првачињата, деца на вработените во УНИБанка, исполнета со многу забава, едукација и подароци, каде што првачињата беа прашани како тие ја гледаат Банката и како се гледаат себе си во иднина. Меѓу другото одговорија и дали спортуваат, што сакаат да бидат кога ќе пораснат и дали сакаат да работат во банка.

Одговорите насмеаа многумина, а можете да ги погледнете на видеото.

За родителите на првачиња, УНИБанка дополнително обезбеди и слободен ден за почетокот на учебната година, со што им овозможи да присуствуваат и да го поддржат своето дете на првиот училиштен ден кој е особено значаен за семејството и за создавање на заеднички семејни спомени.

Вработените се движечката сила на Банката, па со цел да се подобри балансот помеѓу работата и приватниот живот, УНИБанка обезбедува и други бенефиции во вид на платено отсуство од работа, односно:

Слободен ден за роденден, кој вработениот може да го искористи на денот на роденденот или кога ќе посака. Исто така овде вработените имаат можност и за користење на Слободен ден за загуба на домашно милениче. Загубата на домашното милениче може да предизвика вистинска длабока тага за вработениот и за останатите членови од семејството.

Дополнително, Банката за вработените кои даваат особен придонес во работењето и исклучителен перформанс, овозможува и Surprise day, односно слободен ден како награда и вреднување на нивната заложба.

Со организирање на настани од овој тип, како и обезбедување на бенефиции за вработените Банката уште еднаш потврдува дека ги поддржува семејните вредности, се грижи за своите вработени и има почит кон нив и нивните семејства.

УНИБанка им посакува среќен почеток на сите деца во новите авантури.

Промовирани огласи »

Научниците од НАСА открија ново планетарно електрично поле наречено амбиполарно поле, кое е фундаментално за Земјата исто како и гравитацијата. Ова слабо поле, со сила од само 0,55 волти, започнува на 240 километри над површината на Земјата и игра важна улога во создавањето на поларните ветрови, кои потоа се поврзуваат со млазните струи за да помогнат во формирањето на глобалните временски обрасци.

Иако полето долго време беше теоретизирано, тимот од НАСА, кој вклучува научници од Универзитетот во Лестер, сега успеа да го измери за прв пат, користејќи ракета лансирана од Свалбард, Норвешка. Полето е доволно силно за да ги контрира гравитационите сили и да го подигнува небото, истовремено овозможувајќи издигање на честички во вселената.

Ова откритие е од големо значење за разбирањето на атмосферата и еволуцијата на Земјата. Дополнително, научниците веруваат дека секоја планета со атмосфера најверојатно има амбиполарно поле, што отвора нови можности за истражување на потенцијално погодни за живот планети.

Линк од оргиналната вест

Промовирани огласи »

Повторно хаос во јавниот превоз. Приватните превозници според информација на Сител донеле одлука со која од понеделник нема да возат. Според нивната одлука тие ќе пуштат по еден автобус на секоја линија по што ќе ги паркираат автобусите и нема воопшто да се пуштат во сообраќај.

Оваа одлука на приватните превозници ќе се носи на дневна основа односно одлуката е само за во понеделник, а за деновите понатаму ќе се одлучува ден за ден.

Причината за тоа е долгот кој Град Скопје го има кон приватните превозници, а кој изнесува 2 милиони евра и неисполнетото ветување за зголемување на тарифникот за приватните превозници.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - КУМАНОВО (М/Ж)
ЛИДЕР НА МАГАЦИН
МЕНАЏЕР ЗА БЕЗБЕДНОСТ (М/Ж)

ТТК БАНКА АД Скопје е успешна универзална банка која функционира со стабилен позитивен раст преку широко распространетата мрежа на филијали и експозитури.

Моментално вработува:

БЛАГАЈНИК ВО ФИЛИЈАЛА БИТОЛА
РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА БИТОЛА ПП

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 30 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени.

Сите огласи од Тинекс можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПРЕТСТАВНИК ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ

АМСМ е современа организација во која се обединуваат богатото искуство и современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки ориентираните и модерни организации.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ МЕХАНИЧАР - БАЗА ТЕТОВО
СЕРВИСЕР ЗА ВЕЛОСИПЕДИ - БАЗА СКОПЈЕ
АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

Агенцијата Рејтинг нуди консултантски услуги засновани на истражување во сите дисциплини, работи во партнерство со клиенти, поставува остварливи цели, развива отворена комуникација и нуди интерпретација, увид и совет.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АЛБАНСКИ И СРПСКО-ХРВАТСКИ ЈАЗИК

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО – БИТОЛА
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО – СКОПЈЕ
SPECIALIST ANALYSIS AND PREVENTION
СМЕТКОВОДИТЕЛ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »