Промовирани огласи »

Комуникацијата е клучен дел од успешната кариера, но постојат изјави кои може да остават негативен впечаток или да предизвикаат конфликти на работното место. Внимавајте да избегнувате изјави кои можат да ја нарушат вашата професионалност или тимскиот дух.

Еве неколку примери:

1. „Тоа не е моја работа.“

Одбивањето на задача со оваа изјава покажува недостиг на иницијатива и тимски дух. Наместо тоа, предложете решение или соработувајте за да најдете начин како да се заврши задачата.

2. „Секогаш така сме го правеле.“

Оваа изјава сигнализира отпор кон промени и иновации. Работните места бараат адаптибилност, па обидете се да ги разгледате новите идеи со отворен ум.

3. „Не можам да го направам тоа.“

Наместо да одбивате задача, побарајте помош или предложете алтернатива. На пример: „Ќе ми треба повеќе време/ресурси за да го завршам.“

4. „Тоа не е фер.“

Иако можеби сте разочарани, ваквата изјава звучи непрофесионално. Наместо тоа, обидете се да ги изразите вашите грижи со конструктивен тон: „Би сакал да разговараме за ова и да го најдеме најдоброто решение.“

5. „Тоа не е моја грешка.“

Одбивањето на одговорност може да изгледа незрело. Ако има проблем, фокусирајте се на тоа како може да се поправи ситуацијата, дури и ако не сте директно виновни.

6. „Тоа нема да функционира.“

Одбивањето на идеи без објаснување е демотивирачко. Наместо тоа, предложете конструктивна критика: „Добра идеја, но дали можеме да ја разгледаме од друга перспектива?“

7. „Јас само ги следев упатствата.“

Оваа изјава може да укаже на недостиг на иницијатива. Обидете се да покажете дека сте вложиле размислување и проактивност, дури и кога ги следите упатствата.

8. „Немам време за тоа.“

Иако можеби сте зафатени, ваквата изјава звучи грубо. Наместо тоа, одговорете: „Можам да го направам тоа, но ќе ми треба дополнително време за тековните обврски.“

Вашите зборови имаат моќ да градат или рушат релации на работното место. Со внимателна и конструктивна комуникација, не само што ќе избегнете недоразбирања, туку и ќе изградите позитивна работна атмосфера која ќе го поттикне вашиот успех.

Промовирани огласи »

Научниците од Универзитетот во Валенсија и Darwin Bioprospecting Excellence SL профилираа микробиолошки екосистеми во микробрановите печки и открија дека многу микроскопски организми се отпорни на електромагнетната радијација. Тие анализирале примероци од 30 различни микробранови печки: 10 од домаќинства, 10 од споделени простори како канцеларии и кафетерии, и 10 од лаборатории. Во сите групи биле пронајдени бактерии како Brachybacterium, Micrococcus и Paracoccus, кои се нормално присутни во околината на луѓето.

Резултатите покажале дека микробрановите печки од домаќинствата имаат најмала разновидност на микроби, додека лабораториските микробранови биле најразновидни. Лабораториските печки содржеле бактерии отпорни на високи дози радијација, како Deinococcus и Sphingomonas, бидејќи се користат за загревање на биолошки и хемиски материјали, а не храна. Домашните микробранови имале бактерии слични на оние пронајдени на кујнски површини, но нивната количина не била алармантна.

Истражувањето покажува дека бактериите со генетски потенцијал за отпорност на радијација, топлински шок и сушење можат да преживеат во микробрановите печки. И покрај тоа што многу од овие микроби не се опасни, научниците препорачуваат редовно чистење на микробрановата со детергент и отстранување на остатоци од храна за да се избегне натрупување на бактерии.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата, истакна министерот Тошковски.

Националниот портал uglugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.
Тошковски потенцираше дека се министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.

Промовирани огласи »

Во 2024 година кај нас како и во минатите години, граѓаните онлајн најмногу купувале облека, вклучително и спортска облека, чевли или додатоци како чанти и накит, соопшти Асоцијацијата за е - трговија на Македонија која ги анализираше податоците објавени од Државниот завод за статистика за користење информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и од поединците во 2024 година, според кои се забележува пораст на направените онлајн купувања/нарачки за 10 процентни поени.

Дури 63,5% од македонските интернет корисници нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци наспроти 53,5% во истиот период минатата година.

Како што објави АЕТСМ, 90,2% од домаќинствата имале интернет пристап наспроти 88% во истиот период минатата година, додека 91,2% од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет наспроти 85,3% во истиот период минатата година (Државен завод за статистика, 2024).

При тоа, 92,2% од мажите користеле интернет наспроти 90,2% од жените во истиот период. 76,4% од Македонците користеле интернет неколку пати во текот на денот, и тоа 78,3% од мажите и 74,6% од жените.

Македонците, како што се посочува, интернетот најмногу го користат за зборување, социјални мрежи и праќање инстант пораки. Дури 94,6% од нив го користат интернетот за телефонирање преку интернет/видеo повици (преку webcam; употреба на апликации, на пример, Skype, Facetime) наспроти 89,2% минатата година.

87,6% од Македонците користеле инстант-пораки, т. е. размена на пораки, на пример, преку Messenger, WhatsApp, Viber наспроти 75,2% минатата година. Учество во социјални мрежи (креирање кориснички профил, испраќање пораки или друго на Фејсбук, Инстаграм, Твитер/X итн. ) имале 84,2% од интернет корисниците спрема 76,9% минатата година.

Забележано е и зголемување на користењето на интернетот за скоро сите активности.

Намалување на користењето на интернетот има за информации поврзани со здравјето (повреда, болести, исхрана, подобрување на здравјето итн.), кое е намалено на 55,5% од интернет корисниците во 2024 година, споредено со од 67,7% минатата година.

Од друга страна пак, 53,2% од интернет корисниците праќале/примале електронска пошта (e-mail) наспроти 44% од интернет корисниците минатата година, 72,5% барале информации за производи/услуги наспроти 54,2% минатата година, а особено значајно е дека 13,7% од интернет корисниците учествувале во продажба на производи или услуги, преку аукции како што е на пр.eBay.com наспроти само 6,8% кои учествувале минатата година. Дополнително, забележано е зголемување користењето на интернет банкарство од 40% од Македонците, наспроти 32,8% минатата година.

Во однос на полот, жените повеќе сакаат да зборуваат и да праќаат инстант пораки, но и да бараат информации за производи и услуги поврзани со здравјето, додека мажите повеќе ги користат социјални мрежи, повеќе продаваат производи или услуги онлајн, на пр. преку аукции: eBay и повеќе практикуваат интернет банкарство.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика ни покажуваат дека Македонците се повеќе го користат интернетот, но она што е важно дека е зголемено користењето на интернетот за праќање на е-пошта, за барање информациии за производи и услуги, и најважно, за онлајн продавање на производи и за интернет банкарство.Она што најмногу нѐ интересира е онлајн купувањето кое забележува пораст од 10 процентни поена, како и зголеменото купување на повеќе категории на производи. Зголемената понуда на атрактивни промоции и појавата на нови играчи на пазарот го раздвижува онлајн пазарот и се повеќе интернет корисници го користат интернетот за онлајн купување, истакна претседателката на АЕТСМ, д-р Нина Ангеловска Станков.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »