Промовирани огласи »

Европските производители на автомобилски делови, како германскиот Gerhardi Kunststofftechnik GmbH, се соочуваат со сериозни предизвици поради слабата побарувачка за автомобили и преминот кон електрични возила (EV). Gerhardi, основана во 1796 година, неодамна поднесе барање за стечај поради зголемени трошоци и пад на побарувачката, оставајќи 1.500 вработени во неизвесност. Ова е само еден пример за стотици мали добавувачи во Европа кои страдаат како резултат на намаленото производство од автомобилските гиганти како Volkswagen, Stellantis и Ford.

Преминот кон електрични возила создава дополнителен притисок врз индустријата. Производители на традиционални автомобилски делови, како трансмисии и издувни системи, ги намалуваат работните места поради намалената потреба за овие производи. Дури и добавувачите поврзани со EV технологијата, како производителите на батерии, се соочуваат со проблеми поради повлекувањето на субвенции и падот на продажбата. Само оваа година, европските производители на делови најавија повеќе од 53.000 отпуштања, што е повеќе отколку за време на пандемијата.

Иднината на многу компании е неизвесна, со оглед на тоа што големите автомобилски производители продолжуваат да го намалуваат производството. Во Германија, Webasto SE е во процес на реструктурирање на долг од над 1 милијарда евра поради претерани инвестиции во EV производи. Во Италија, Stellantis прекинува производство во својата фабрика во Мирафиори, што доведе до затворање на добавувачи и отпуштање на стотици работници. Соочени со зголемени трошоци, намалена побарувачка и притисок за електрификација, добавувачите зависат од закрепнување на автомобилскиот пазар, кој засега не изгледа блиску.

Промовирани огласи »

Бадник се слави на 6. јануари, односно во понеделник, а во вторник, 7. јануари се слави Христовото раѓање - Божиќ.

Бадник е неработен само за правсолавните верници, а Божиќ за сите граѓани.

Во јануари неработни денови се и 19. јануари- Богојавление и 27. јануари- Свети Сава.

Јануари е месец полн со празнувања и неработни денови, но сепак во 2025 ќе имаме помалку продолжени викенди за разлика од годината која измина.

Ова се сите неработни денови во 2025 година:

За сите граѓани

  • 01 јануари (среда), Нова Година,
  • 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 01 април (понеделник) е неработен ден
  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 01 Мај (четврток), Ден на трудот
  • 24 Мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 02 Август (сабота), Ден на Републиката,
  • 8 Септември (понеделник), Ден на независноста
  • 11 Октомври (сабота), Ден на народното востание,
  • 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 Декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (неделаа), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Еве листа на актуелни божиќни филмови кои можете да ги гледате оваа сезона:


Falling for Christmas
Романтична комедија со Линдзи Лохан во главната улога, каде што таа глуми млада богата наследничка која неколку дена пред Божиќ доживува несреќа и го губи помнењето.

A Boy Called Christmas
Алтернативна приказна за потеклото на Дедо Мраз, која ги следи авантурите на младо момче во потрага по својот татко. 

A Castle for Christmas
Романтична приказна за успешна писателка која патува во Шкотска и се вљубува во сопственикот на замокот што сака да го купи. 

Jingle Jangle: A Christmas Journey
Музички филм кој ја раскажува приказната за иновативен изработувач на играчки кој се обидува да ја врати својата креативност со помош на својата внука.

The Christmas Chronicles
Авантуристички филм за брат и сестра кои случајно го среќаваат Дедо Мраз и му помагаат да го спаси Божиќ.

Овие филмови се достапни на различни стриминг платформи и нудат разновидни приказни за празничната сезона.

Промовирани огласи »

Денеска ќе биде пуштен во употреба на експресниот пат Куманово (Страцин) - Крива Паланка на Коридор 8. Изградбата на експресен пат Крива Паланка - Длабочица - Страцин (Чатал) започна во мај 2018 година и е во должина од 25,55 километри.

Инвестициона вредност за изградба е во вкупно вредност од 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се финансира со средства од Светска Банка и грант средства 13,50 милиони евра.

Како што посочуваат од Владата, експресниот пат се градеше во две фази и тоа: Лот 1 делница, Длабочица - Страцин (Чатал) во должина од 15.55 километри Инвестициона вредност на изградба е 43,75 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства, и Лот 2 делница, Крива Паланка - Длабочица во должина од 10 километри е завршено во рок. Инвестициона вредност на изградба е 50,54 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Изведувач на работите на Длабочица-Чатал првично беше италијанската „Tirrena Scavi“ но поради слабиот прогрес договорот беше раскинат и работите ги продолжи Страбаг, а втората делница ја градеше „Гранит“. Надзорот над двете делници го вршеше ДИВИ Македонија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »