Промовирани огласи »

Вчера санкционирани 809 возачи, 232 за брзо возење

Возете внимателно! Засилени сообраќајни контроли на патиштата низ државава.

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ државава, издадени беа 809 платни налози, додека пак наплатени беа 486 прекршочни платни налози.

Притоа, забележлив е континуитет на актуелниот статистички тренд во поглед на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Така и натаму најбројни се случаите на непрописно паркирање (264), и прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената (232). Во шест случаи откриени се алкохолизирани возачи, 11 возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле 18 пешаци. Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 46 казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење – 23 прекршоци, а во 56 случаи откриени се возачи што управувале возила без возачки дозволи.

Инаку, за очекување е дека завршувањето на активностите на кои што Министерството работи изминативе месеци – законските измени што треба да овозможат оперативно функционирање на проектот, односно системот за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, односно за нов дигитализиран и автоматизиран механизам во контролата на сообраќајните правила и прописи – „Безбедна држава“ во многу да допринесе за подигање на нивото на сообраќајна култура и сообраќајна безбедност низ патиштата во државата.

Поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на оваа 2025 година, а системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената, непрописно паркирање и друго, информираа од МВР. 

Промовирани огласи »

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ кои чекаат поврат

Дали ги имате ажурирано податоците?

Во системот на Управа за јавни приходи, за четвртиот квартал од 2024 година за 5,157 кориснички профили нема точни или ажурирани податоци со што не можат да им бидат исплатени средствата, инфомираше УЈП.

Корисниците на МојДДВ кои немаат исплата насредства за претходни тримесечје, треба да проверат дали во апликацијата имаат оставени точни податоци за трансакциска сметка на нивно име за да може системот на УЈП да ја изврши исплатата, стои во соопштението од каде укажуваат на најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата:погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметкана друго лице, наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка, внесена трансакциска сметка која непостои или е згасната.

УЈП додава дека во тек е исплатата на средствата за скенираните сметки во период октомври – декември кон 496,543 корисници. Според пресметките по основ на МојДДВ.ќе бидат исплатени над 870 милиони денари. Законскиот рок за исплата на повратот за четвртиот квартал е до 28.02.2025 година.

Откако ќе заврши реализацијата на редовниот поврат (четврт квартал), УЈП ќе отпочне и со реализација на средствата за корисниците кои имале неажурирани податоци и немало можност да се исплатат средствата во минатите квартали. 

Тагови: Мој ДДВ УЈП

Промовирани огласи »

Вработување во Fashion Group, b watch, АМСМ!

Огласи за работа во Fashion Group, b watch, АМСМ!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори.

Моментално вработува:

ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОР ЗА РАБОТА СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД

РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА
РЕФЕРЕФТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА

Во b watch 1920 нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОНЛАЈН НАРАЧКИ
AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - СКОПЈЕ

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

SPECIALIST ANALYSIS AND PREVENTION - INTERN
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ

ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОЗИВОДНА ЛИНИЈА
CUSTOMS OFFICER

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО АМСМ ПЕТРОЛ - ЧАИР

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Работниците од Сан Хуан сакале повисока плата, добиле четиридневна работна недела?

Погледнете како Сан Хуан воведе четиридневна работна недела и постигна значајни резултати, штедејќи средства и зголемувајќи задоволството меѓу вработените.

Во архипелагот на Сан Хуан, итното барање за зголемување на платите заврши неочекувано - со воведување на четиридневна работна недела. Недостигот од средства за зголемување на платите ги насочи властите да ја намалат работната недела од пет на четири дена, додека платите останаа исти, а резултатите се импресивни.

По една година, оваа промена заштеди речиси 1 милион долари за округот. Агенциите забележаа 85% зголемување на апликации за работа, намалување на излезот на вработените за 43% и 23% помалку отсуства поради болест. Надин Варсовија, вработена во човечки ресурси, истакнува:

На крајот на денот, парите можат да направат само толку многу за вас.

Воведувањето на овој режим не помина без скептици. Брендон Ендрус, директор за паркови и саеми, вели дека многу канцеларии се затвораат во петок, што на почетокот загрижуваше некои жители. Сепак, Ендрус истакнува дека ова се покажа како добитна комбинација. Оваа иницијатива не само што е успешна во Сан Хуан, туку и слична програма во Велика Британија покажа идентични резултати на поголемо ниво. Сенаторот Берни Сандерс предложи таков модел на национално ниво, бидејќи многу држави го разгледуваат како можност за внатрешни закони.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »