Промовирани огласи »

Медицински сестри седат дома, а здравствени установи имаат сериозен проблем поради недостиг на средно медицински персонал. Некои директори беа принудени дури времено да затвораат и болнички оддели.

И додека побарувачката е голема, според податоците од Агенцијата за вработување, за профилот медицинска сестра како невработени се водат над 1000 лица. Дури 253 од нив се медицински сестри, 743  медицински техничари и околу 130 акушерки.

  • Медицинска сестра -253
  • Детска сестра негователка – 5
  • Медицинска сестра педагошка -34
  • Медицинска сестра бабица-130
  • Медицинска сестра(медицински техничар) -743

За да не дојде до затворање на оддели, од Градската болница 8-ми септември бараат вработување на дополнителни 60 медицински сестри, покрај 60-те кои стапија во работен однос пред новогодишните рпазници. Барање до министерството за вработување на 20 медицински сестри има и Здравствен дом Скопје.

Покрај средно медицински персонал, постои барање и за доктори. Во ГОБ 8-ми септември нема нефролошко одделение бидејќи им е потребно вработување на најмалку двајца специјалисти од оваа област. Засега за оваа патологија пациентите можат да добијат здравствена услуга само еднаш неделно. Откако тројца лекари заминале во пензија, покрај нефролози од Министерството за здравство бараат и вработување на четворица анестезиолози, ревматолог и неврохирург. Болницата доставила барање и за 30 болничари.  130 вработувања бара и Здравствен дом Скопје, од кои 40 се лекари.

Речиси и да нема јавна здравствена установа која нема потреба од дополнителен кадар.  Според податоците од МЗ, нови вработувања бараат 14 клиники, 11 општи и клинички болници и три институти и заводи.

Според доставените барања  од јавните здравствени установи, најголема потреба има од медицински сестри и сестри за нега, а дел се барања и за готови специјалисти и доктори на специјализација за кои е потребно неколку години за да се заврши специјализацијата, стои во писмениот одговор од МЗ.

Во Агенцијата за вработување како невработени се водат 35 лекари кои се уште не завршиле со специјализација.

Промовирани огласи »

Во случај да ве касне улично куче, може да барате оштета од Град Скопје и „Комунална хигиена“. На адреса на градските власти за последниве две години по основ надомест на штета поради каснување од куче има поднесено 68 тужби.

Висината на оштетата се движи меѓу 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците од нанесените повреди, пишува „Независен весник“.

Тужбите се засновани врз основа на член 10 од Законот за Град Скопје и член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Досега се отворени 68 постапки , некои се веќе завршени, а некои се во тек и многу тешко е да се дефинира точно колку се исплатени оштети по овој основ, информираат од Град Скопје.

Инаку, се почесто се регистрирани случаи на нападнати и каснати минувачи од страна на бездомните кучиња по скопските улици. Само изминатиот викенд петмина скопјани пријавиле дека биле нападнати и каснати. Двајца мажи биле напaднати во општина Центар, а три жени на улицата „Лука Геров“ во скопската населба Даме Груев.

Промовирани огласи »

Усвоениот предлог за укинување на летното и зимското сметање на времето од страна на мнозинството пратениците во Европскиот Парламент, допрва треба да чека на одлуката на Европската Комисија која треба да ги согледа предностите и последиците од ваквата евентуална промена. Различните размислувања меѓу членките на Унијата кои се за или против оваа можност, може да предизвика сериозни поместувања на единствениот европски пазар, но доколку се одлучи да се примени ваква одлука, логично би се наметнала потребата да се размислува и за покренување на ваква иницијатива кај нас.

Првичното размислување во однос на подршката за укинување на летното и зимското сметање на времето и во Македонија, доколку истото се случи и во ЕУ, гледано од аспект на стопанството, ја темелиме на податокот дека земјите членки на Европската Унија се наши најголеми надворешно – трговски партнери, со учество од 81 отсто од нашиот извоз во ЕУ и за редовно, навремено одржување на бизнис релациите, покорисно би било да не постои временско разидување, односно да ја имаме истата позиција како и досега – велат од Стопанската комора на Македонија.

Летното и зимското сметање на времето како предложен систем пошироко бил применет пред точно еден век, со што во Европа била прифатена конвенцијата зимското сметање на времето да почнува последната недела на октомври и да трае до последната недела од март. Ова правило, прифатено и кај нас со носење на Закон за сметање на времето во 1996 година, во најголема мера се однесувало на потребата за користење на повеќе дневна светлина во текот на денот. Ова генерално им оди во прилог на компаниите од земјоделскиот сектор и други дејности кои се поврзани со потребата од повеќе дневна светлина. Според некои истражувања на овој начин се влијаело на заштеда на електрична енергија со намалување на периодот на вештачко осветлување, некаде и со заштеда во потрошувачката на нафта, секако влијае и на продуктивноста на работната сила, што од економска гледна точка е многу важен параметар.

Доколку дојде до позитивна одлука од страна на ЕК, а истата не се примени и кај нас, во прв налет можни се одредени последици од економски, односно трошковен аспект, прво во областа на транспортот, преку пореметување на утврдените возни редови, усогласување на софтверските решенија кои се применуваат во надворешно трговското работење, итн. Секако, треба да се направи соодветна анализа од повеќе аспекти, во поширок круг на дејности,за да може однапред да се предвиди влијанието од ваквата мерка. Ако таа се покрене и кај нас, Стопанската комора на Македонија ќе направи соодветно анкетно истражување меѓу своето членство за да ги види евентуалните позитивни или негативни укажувања – велат од Комората.

Промовирани огласи »

Постепено зголемување на старосната граница за пензионирање и на придонесите е најдоброто решение за спас на пензискиот фонд, анализира Сител.

Експертите предлагаат три сценарија со кои би се реформирал ПИОМ и би ги намалил загубите. Сите три ги содржат двете непопуларни мерки, разликата е во времетраењето на спроведувањето. Најбезболна опција е ако стапката за придонеси се зголеми сега за 2процентен поен и за уште еден  за 10 години, а границата за пенизионирање да се зголеми за 1 година после 5 години и за уште 1 година после 10 години. Другите две сценарија на краток рок би дале поповлни финансиските ефекти за ПИОМ, но би требало да почнат да се спроведуваат веднаш. Најлошото сценарио е ако државата не се зафати со реформирање на пензискиот систем.

Во овој момент макеоднскиот пензиски систем е на нивото на грчкиот односно во црвена зона, зрел за реформи. Загубите нагло почнаа да растат од 2008 година наваму. Тогаш се намали стапката за перидонеси, дел од нив почнаа да се двојат во вториот столб, но главен виновник за состојбата е несразмерното растење на пензиите.

Ниту една реформа нема да даде резултат ако пензиите растат над рамките што ги поставува законот, и ако државата не се зафати со елиминирање на сивата економија. Експертите ја отфлраат и владината идеја за државна пензија, велат таа да биде социјална категрорија која нема да падне на товар на фондот. Товарот од рефромата предлагаат да го поделат работодавачите и рабониците, а да се води сметка и за лицата кои работат тешка физичка работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »