Промовирани огласи »

Мобилните плаќања на голема врата доаѓаат ширум Европа и според најновите прогнози до 2020 година мнпгу бесконтактни трансакции ќе се вршат токму преку уредот кој денес речиси сите го поседуваат, а тоа е паметниот телефон. Анализите укажуваат на многу позитивни трендови на поголема употреба на смартфон плаќањата кои ќе надминат половина од сите електронски трансакции за две години.

Токму затоа се очекува да се разгорува битката меѓу технолошките гиганти како Apple, Samsung, Huawei, Google и Amazon, финансиските институции како банки и платежни компании и секако самите трговски гиганти кои постојано се трудат да обезбедат нови муштерии и да им овозможат полесен пристап до нивните производи.

Ова особено се однесува на помладите генерации како и т.н. технолошки гикови кои многу лесно прифаќаат нови технологии и нови видови на електронски уреди. Паметните телефони одамна не се баук и практично деца знаат да ги ракуваат совршено работејќи со апликации и социјални мрежи.

Затоа и финансиските иновации мора да ги следат овие трендови, а никаков исклучок не е ниту Македонија. Речиси 70% од македонските корисници на паметни телефони располагаат со Андроиди од различни ценовни категории, а најважно е што повеќето од нив располагаат со NFC технологија, која е клучна за остварување на контактот меѓу смартфонот и платежниот терминал. Се што треба корисникот да направи е да го доближи смартфонот до терминалот и да го внесе кодот за верификација со што платежната трансакција веднаш ќе се изврши.

Во период кога големите сервиси како Apple Pay, Samsung Pay, Android Pay, Huawei Pay и уште многу други несопирливо галопираат освојувајќи ги светските пазари прашање на време е кога и македонските корисници ќе добијат сличен сервис на располагање. Плаќањето само со телефон на кој се поврзани банкарските картички е само прашање на време и неопходна иновација и на македонскиот пазар. 

Принципот е сличен како и кај бесконтактните платежни картички, но дури побрз и поефикасен бидејќи не треба корисниците повеќе да носат поголеми количини на кеш со себе, ниту пак да организираат паричникот со еден куп банкарски и други видови на картички. 

Од примена на мобилен бесконтактен платежен систем придобки ќе има за сите, од самите корисници кои ќе заштедат на време и ќе добијат безбедно располагање со средствата, па се до самите трговци кои ќе привлечат нови корисници и секако финансиските институции кои се залагаат за надминување на употребата на готовина во прометот.

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика објави денеска дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по  вработен, во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, изнесува 101.9. 

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2017 изнесува 35 017 денари, а нето била  23 850 денари. 

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен  во секторите: Преработувачка индустрија (9.1%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.0%) и Други  услужни дејности (8.6%).  Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано  во секторите: Информации и комуникации (12.2%), Преработувачка индустрија (10.4%) и Стручни, научни и технички  дејности (9.1%).   Во декември 2017 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не земале плата.

Промовирани огласи »

Државна пензија за сите граѓани на Македонија – еве колку ќе изнесува и како ќе функционира. Секој ќе има пензија од државата.

Сите жени кои ќе наполнат 62 години и сите мажи кои ќе наполнат 64 години, а не ги остваруваат условите за старосна пензија, ќе добиваат државна социјална пензија, вети СДСМ во својата предизборна кампања.

Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија. Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија. Граѓаните над 65 години независно дали ги исполниле условите за пензија или не учествувале во градењето на нашето општество и секој од нив заслужува да имаат достоинствена старост.

Промовирани огласи »

Јавноста треба да знае некои работи за дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), некои првпат ќе ги соопштам… Секоја година државата ја покрива дупката во ПИОМ и оваа година таа е приближно 500 милиони евра. Тоа се пари што државата мора да ги внесува во Фондот и ако не е тоа, тие пари би се користеле за изградба на патишта, школи, болници, рече премиерот Зоран Заев во Собранието во попладневната сесија на седницата за пратенички прашања. Тој најави можно зголемување на возраста за пензионирање и на придонесите за вработени.

За разлика од првата сесија, попладневната ја водеше новоизбраниот потпретседател на Собранието, Горан Мисовски.

Одговарајќи на прашањето на пратеничката од СДСМ, Фросина Ташевска – Ременски за дупката во ПИОМ, Заев рече дека за побараните информации секако ќе мора да се одговорат во писмена форма, но и дека поради сериозноста на прашање „се чувствува должен да каже некои работи“.

Oва е важно прашање зашто актуелнитe пензионери се загрижени, но идните пензионери треба да бидат уште позагрижени. Треба да бидеме загрижени за стабилизирање на ПИОМ. Логиката за падот на невработеноста значи дека тој треба да се полни, но тој создава се поголем дефицит. Знаете дека годините на пензионирање пораснаа опционо 67 за маж, 65 за жени, и тоа треба да значи дека Фондот се полни, но тој создава се поголем дефицит. Фондот постојано се празни. Ако сакаме нормално и здраво да зборуваме, чесно треба да зборуваме и некои работи да ги донесеме во нормала – рече Заев обвинувајќи ја претходната власт.

Тој рече дека е ангажирана Светската банка да се направи комплетна анализа на ПИОМ, на сите влезни и излезни податоци, но и да се провери дали секој што добива пензија, има законска основа да ја прима, како и за тие работни места што се субвенционирани. Според премиерот, ако не се постигне целта да се заздрави економијата и да се крене стандардот, ќе мора, поради дупката во ПИОМ, да зголеми возраста за пензионирање и височината на придонесите.

Веројатно ќе треба да се повлечат непопуларни мерки. Но, сакаме да го надминеме проблемот со заздравување на економијата. Ете, Македонија излезе од криза, има заинтересирани за инвестиции и тоа е стабилната основа и за ПИОМ и за нови работни места и за повисоки плати, до нивото додека економијата порасне до степен за достоинствени плати во Македонија, тоа е моментот когоа треба да се прекрши заминуваањето во странство од младите. Но ако не биде така, јас мора да ги соопштам и непопуларните мерки што би се презеле. Тоа се покачување на годините за пензија и да ги зголемиме придонесите. Но, тоа мора да го издржи економијата, оти ваквата мерка може да одврати инвестиции. Затоа сме насочени кон издржани мерки. Но и опозицијата мора да биде тука, да испраќаме сигнали за силна држава. Целото ова како механизам мора да биде ставено на здрави основи, без популизам. Се надевам нема да се покачи старосната граница и нема да се покачат придонесите. Но, тоа ќе значи дека е јака економијата – рече Заев.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »