Промовирани огласи »

Се апелира до граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај да го поминат во природа, особено на местата како што се: Парк –шумата Водно, Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.

Воедно ги информираме граѓаните дека екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини и ги потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра, соопштуваат од Градот.

Промовирани огласи »

Поднесена е иницијатива велосипедскиот паркинг да стане задолжителен за секој новоизграден објект. Ако паркингот за автомобили е задолжителен при изградба на објекти, зашто да не е и за велосипеди?

„Каде го чувате вашиот точак? На тераса? Во влезот од зградата? Во ходникот од домот? Во подрум? Ниедно од овие места не е наменето за чување точак.

Како го носите точакот до таму? Го носите во раце по скалите? Го качувате во тесниот лифт? Го носите низ тесната балконска врата? Знаете зошто сте приморани да го правите тоа? Затоа што моменталните закони и подзаконски акти не предвидуваат дека при изградба на каков било објект (дури и за станбен) треба да се обезбеди и паркинг за велосипеди. Ако со закон е задолжително да се обезбедат одреден број на паркинг места за автомобили, тогаш зошто да не важи истото и за велосипеди?

Тоа пред сè не е согласно потребите на луѓето кои домуваат или ги користат објектите. Луѓето имаат реална потреба од паркинг за своите велосипеди. Поради непостоењето на таа обврска, инвеститорите не се поттикнати да обезбедат ваков тип на паркинг, кој е еден од основите елементи на велосипедската инфраструктура во градот“, се вели во иницијативата на здружението „На точак“.

Според сите анкети кои ги има направено ова здружение, но и според релевантни анкети и истражувања во други земји, недостатокот на безбеден и лесно достапен паркинг за велосипеди ги демотивира луѓето да го користат велосипедот како редовно транспортно средство.

Доколку се стремиме велосипедот да биде користен како секојдневно превозно средство, велосипедскиот паркинг, безбедното паркирање на кратко време на соодветни држачи и безбедното складирање на подолго време во соодветни простории е една од темите кои треба сериозно да се адресираат со соодветни правила за проектирање.

Со оглед дека велосипедот зафаќа многу помалку простор од автомобилот (на само едно паркинг место за автомобил може да се паркираат комотно во едно ниво 10-12 велосипеди, а во нивоа или со вертикално поставување на соодветни држачи и повеќе), финансиските трошоци на инвеститорите ќе бидат незначително зголемени.

Меѓутоа покрај индивидуалната придобивка кај корисниците на тие вело-паркинг места, јавните придобивки ќе бидат многу поголеми.

Со поголемата достапност на соодветен паркинг за велосипеди и поголемото користење на велосипедот, ќе се влијае кон намалување на употребата на индивидуалниот автомобил што позитивно ќе влијае на: намалување на метежот, зголемување на безбедноста, подобрување на здравствената состојба на граѓаните..., пишува во предлогот на „На точак“.

Промовирани огласи »

Државјаните на земјите од Западен Балкан ќе мораат преку интернет во иднина од Европската унија да бараат дозвола за влез во Шенген зоната, иако визата не им е потребна и ќе треба да платат такса од седум евра, во рамки на мерките кои ЕУ ги воведува за многу построг надзор на надворешните граници на Унијата, информираат извори од ЕУ во Брисел.

Оваа одлука, која ја усогласиле амбасадорите на земјите на ЕУ, сега треба да ја потврди Европскиот парламент, а потоа и да ја усвои Советот на министри и од јануари 2021 гоидна ќе стапат на сила овие нови мерки во рамки на системот ЕТИАС.

Тоа ќе ги опфати сите државјани на земји надвор од Унијата, на кои не им е потребна влезна виза во шенгескиот простор на ЕУ, вклучително и Македонија.

После поднесување на барањето, патникот кој сака да оди во ЕУ во рок од 96 часа ќе добие одговор, бидејќи во системот ќе биде примено барањето, па ако треба ќе се врши дополнителна проверка на податоците.

Дозволата за патување ќе важи три години, односно до крај на важноста на патниот документ.

Промовирани огласи »

Не се вели залудно дека занаетот е златен. Секогаш има работа, а кога има работа има и заработувачка.

 Фризер, козметичар и масер се трите занаети кои во моментов се најатрактивни за младите. За жал, нема заинтересирани за изучување на казанџиството или наланџиството, бидејќи тоа се занаети што ги уништија индустријализацијата и новото време.

Денеска на секој чекор можеме да забележиме дека некој прави нокти, шминка, прави фризури, масира или депилира.

Ова се нови, модерни занаети кои во денешницата носат голема заработка.

Јас правам нокти веќе четири години. Млада сум, имам само 25 години, а можам да кажам за себе дека сум успешна во она што го работам. Имам работа секој ден. Некогаш за работа ми се малку 24 часа. На крај на месец, сфаќаш дека се исплатело. Заработката е многу голема. Многу поголема од една просечна плата во Македонија, вели Стефанија.

Имам 40 години. Останав без работа. Не се мислев многу, отидов на курс за депилација и еве веќе 7 години се занимавам со тоа. Убаво ми е, плус многу исплатливо. Има за нормален живот, раскажува Снежана.

Некогаш се исплатело и да бидеш чевлар и шапкар, но денеска веќе не. Нови времиња, нови занаети кои носат многу повеќе пари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »