Промовирани огласи »

Вашиот шеф ве повикал вас и останатите вработени на разговор со цел да го кажете своето мислење и да ги споделите идеите за подобрувањето на компaнијата во која работите? Имате креативнo решение, ама не знаете како да постапите? Се плашите да не бидете осудени, а не знаете ниту дали вашите колеги се согласуваат со вас? Прочитајте ги следните совети...

1. Не избрзувајте

Не говорете ништо се додека немате што конкретно да кажете. Слушајте го прво говорникот и оценете како реагираат другите. Не избрзувајте.

2. Внимателно слушајте

Слушајте прво што имаат другите да кажат. Особено слушајте ги последните реченици на соговорниците. Повеќе лица ќе ги сумираат своите мисли и во последната реченица ќе ја кажат суштината.

3. Верувајте во своите идеи

Не плашете се дека вашите идеи не се вредни. Обично тоа што прво ќе ви падне на памет е најдоброто решение.

4. Задоволете се себеси

Креативноста е задоволување на вашата сопствена љубопитност и овозможување на ваши лични решенија за секој проблем кој се наоѓа на патот. Ако го зборувате она што вие сметате дека другите сакаат да го слушнат се ограничувате себеси.

5. Секоја идеја е добра

Секоја идеја третирајте ја како добра. Дајте и на вашата идеја шанса. Бидете прецизни и точни кога говорите, и бидете што пократки во нејзиното претставување.

6. Претставете ја вашата идеја како исказ, не како прашање

Кажете го токму тоа што го мислите. Нагласувајте ги зборовите таму каде што е потребно.

7. Бидете отворени и за туѓите идеи

Ова е најважно. Мора да бидете отворени и за туѓите идеи, иако мислите дека вашата е подобра, сепак мнозинството ќе одучи за тоа, бидете фер и поддржете ја и туѓата идеја.

Промовирани огласи »

Ако се одлучите да летувате во Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија добро е да ја знаете оваа информација.

За да добиете здравстевно лекување во овие земји единствен услов е да имате двојазичен образец за здравствено осигурување издаден од подрачните на ФЗОМ. Доколку го имате овој документ за непоходни здравствени услуги ќе бидете третирани како и осигурениците на земјаата во која престојувате.

Се што треба да направат нашите осигуреници е пред патувањето во странство да се јават во подрачните служби каде ја поднесуваат пријавата за задолжително здравствено осигурување и пополнуваат барање за двојазичен образец кој важи и за студиски престој, привремено стручно усовршување или школување.

За да го добијат образецот, граѓаните мора да достават потврда од матичен лекар дека се здрави, а за жените и од гинеколог. Потоа треба да добијат мислење од лекарската комисија во Фондот, процедура која според надлежните може да биде завршена во еден ден.

Промовирани огласи »

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 12.07.2018 (четврток) поради уличен дефект ф 2“ на Бул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.33, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица зграда бр.33 од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Промовирани огласи »

Традицијата, семејните односи и пристапот до финансии се главна причина што жените во Македонија сеуште се плашат да започнат свој бизнис. Статистиката говори дека од вкупниот број на претприемачи во државата нешто помалку од една третина се жени.

Потребна е храброст и информации, позврзува и приближување на иснтитуциите. - вели Наташа Здравковска, здружение на бизнис жени.

Пристапот до информации е најголема пречка.- вели Викторија Милановска, координатор за источниот регион.

На истокот жените претежно водат мали бизниси, со еден до 10 вработени. Најмногу во секторот на услужни дејности. Според приходите тоа е доволно за да преживеаат, но не и за поголем развој. Здруженијата сметаат дека нивните бизниси би растеле побрзо доколку имаат еднаков пристап до капиталот каков што имаат мажите.

Слабо се информирани зошто тие дејности бараат инвестиции. - вели Здравковска.

Последната анализа на Светска банка укажува дека родовоата неденаквост и помалото учество на жените во бизнисот ја чини Македонија загуба и до 15 % во бруто националниот производ. Истата анализа покажа и дека жените во државава потешко наоѓаат работа, а нивниот труд е пониско вреднуван дури и во случаи кога имаат поголеми квалификации од мажите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »