Промовирани огласи »

И се заканува ли колабирање на Клиниката за детски болести поради одлив на кадар? Лекарка од одделот за онкологија веќе поднела оставка а уште 4 според информации на Сител планираат да ја напуштат оваа здравствена установа и да работат во приватни болници или во странство.

Од менаџментот на клиниката ни потврдија само за дел од лекарите, но не добивме одговор што ќе се случи ако Интензивна остане без двајца специјалисти а помалку лекари ќе има и на одделите за неврологија и кардиологија. Министерот за здравство по разговорите што ги имал со дел од специјалистите е убеден дека ќе ги разубеди да останат во јавното здравство.

Нема да напуштат, разговарав со нив до мене не стигнала информација за 5 јас зборев со две и начелно постигнавме договор дека ќе останат а ние ќе направиме се за унапредување на едукацијата, вели Венко Филипче, министер за здравство.

И додека министерот е оптимист, лекари од детска кои сакаат да заминат, неофицијално за Сител велат дека ништо не е договорено. И Не само од Клиниката за детски болести туку намалување на ресурсите ќе има и од други установи доколку надлежните ја реализираат идејата детската кардиохирургија како јавно приватно партнерство да биде префрлена во приватна болница.

Размислуваме како јавно приватно партнерство да бидфе детсдка кардиохирургија во приватна болница со цел да ги споиме ескпертизата и условите што ги нудат приватните болници, вели Филипче.

Зголемувањето на платите за 5 проценти на здравствените работници очигледно не е доволна за задржуваење на кадарот. Иако Министерстовото додели над 260 специјализации и субспецијализации, треба да поминат најмалку 5 години додека овие специјалисти ги пополнат испразнетите места во клиниките.

Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија синоќа ја разгледа и усвои информацијата за потребата од фазно финансирање и реализирање на изградбата и инсталацијата на електронскиот систем за наплата на патарини во Република Македонија.

Првично се очекува да почне да функционира од Коридор 10 (Романовце, Сопот, Отовица), а се прават напори за воведување на ваквиот систем и за патарината кај Стоби. За Коридор 8 треба да се додаде само софтверот за да почне да функционира електронската наплата. Во Македонија, ваквиот систем за прв пат ќе биде воведен и ставен во функција. Досега, плаќањето се вршеше мануелно и физички.

Во моментов во Македонија постојат 10 патарини а ќе се отворат дополнителни 4. Инвестицијата е во вредност од 18,7 милиони евра од кои 2,8 милиони се од буџетот а останатите од ЕБОР.

Промовирани огласи »

Младите се едни од најранливите категории лица чии работнички права се кршат во пракса.

Тие најчесто работат со договори на определено време, работат подолго од договореното и примаат плата пониска од онаа на вработените на неопределено време, велат од Секцијата на млади при Сојузот на синдикати на Македонија кои денеска заедно со Фондацијата „Фридрих Еберт“ организираа конференција за младите и синдикалното организирање.

Податоците кои беа презентирани на конференцијата покажуваат дека стапката на невработени млади лица на возраст од 15 до 24 години е 47,6 проценти, а половина од младите или 53 проценти се решени или размислуваат да заминат надвор од државата. Голем проблем за младите останува достапноста на работните места, а загрижува и високиот удел на млади кои работат во неформалната економија, дури 48,1 процент.

Ирена Ивановска, претседателка на Секцијата на млади при ССМ, посочува дека младите мора да се информираат за нивните права од работен однос и преку инклузивен процес да се креираат иницијативи со кои ќе се зајакне нивната положба на пазарот на труд.

Младите најчесто работат со договори на определено време, работат повеќе часови од останатите вработени и примаат плати пониски од работниците вработени на неопределено време. Тие се онаа категорија на која најмногу и се прекршуваат работничките права. Во таа насока е и реактивирањето на постоечкиот капацитет на Секцијата на млади при ССМ и информирањето на останатите млади за правата од работен однос, изјави Ивановска пред почетокот на конференцијата.

Промовирани огласи »

Министерката за правда, Цецка Цачева најави дека под итно,  до крајот на годинава,  ќе има промени во законот за издавање бугарски државјанста за да се избегнат ваквите малверзации во иднина.

Работната група работи на промена на Законот за бугарско државјанство.

Алармот е кренат уште на пролет кога  францускиот печат пишуваше за голема малверзација и продажба на европски пасоши во Бугарија. Медиумите пренесуваат дека со овие пари наводно се финасирало бугарското ВМРО на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов. Инаку за  последните десет години над 115.000 лица добиле бугарско државјанство со вакви уверенија за потекло. Најбројни баратели се македонските граѓани. Податоците на бугарското Министерство за правда покажуваат дека за една година барање за државјанство поднеле 10 000 Македонци. 

Во соседна Бугарија, подигнато е обвинение за фалисфикување документи за бугарски пасоши.

Обвинение е поднесено против претседателот на Државната агенција за Бугари во странство, Петар Харалампиев. Се товари дека како шеф на организирана криминална група заедно со уште 20 лица земале мито за издавање на бугарски пасоши на лица кои не ги исполнувале условите. Меѓу обвинетите е и генералниот секретар на Агенцијата.

Неделно се издавале околу 40 сертификати.

Групата организирала издавање на документи за бугарско потекло, без лицата реално да ги исполнуваат условите. Со овие сертификати луѓето имале олеснета процедурата за добивање на бугарско државјанство во Министерството за правда.

Истрагата утврдила дека целата постапка се одвивала преку посредници во градовите Ќустендил и Плевен, кои контактирале со граѓаните на Молдавија, Украина и Македонија кои плаќале по 5000 евра за да добијат лажни сертификати за бугарско потекло.  Во акцијата полицијата одзела пет компјутери со официјални информации, како и документи.

Катја Матева, поранешен претседател на Одделот за државјанство во бугарското Министерството за правда изјавила дека околу 60 барања за државјанство се одбиени, откако Интерпол ги предупредил дека против апликантите има распишано потерници.

Полицијата уапси 22 лица осомничени дека фалсификувале документи со кои Македонци, Украинци и Молдавци ваделе бугарски пасоши, пренесуваат бугарските медиуми.

Портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд вели дека комисијата подготвува извештај за измами во многу земји-членки кога станува збор за доделување на државјанства на инвеститори, односно за т.н. „златни пасоши”.

фото Дневник.бг

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »