Промовирани огласи »

Македонците немаат волја да ги плаќаат даноците и довербата им е многу мала кога станува збор за тоа како јавно се трошат нивните пари. На скалата од 1 до 10 просечната оценка била 3,2 што ја прави земјата најдолнорангирана на првичнообјавената листа што ја објави  Institute of Commons and Esonomics во Базел за потребите на Обединетите нации.

Станува збор за истражување на над 16.000 испитаници од 141 земја. Засега се објавени само резултатите од 14 земји, меѓу кои Македонија е најдолу во рангирањето, додека конечната листа ќе биде објавена во март..

Она што е забележливо е дека и други балкански земји се со слична недоверба во тоа како се трошат нивните пари и не им се плаќаат даноците, а тука се Црна Гора (3,9), Србија (4,1), Албанија (4,5), БИХ (4,7) и изненадувачки Косово со оценка со најголем оптимизам од 5,6.

Германците сенајзадоволни кога плаќаат даноци за финансирање на јавните добра, со најголема измерената вредност од 7,0, а следува Австрија со 6,4. Забележително е тоа што неразвоените азиски земји со многу поголем оптимизам ги плаќаат даноците од балканските, па така таму оценките во Камбоџа (6,7), Бангладеш (5,5), Пакистан (5,2), Авганистан (5,2), Непал (4,9), се повисоки од нашиот регион.

Истражувањето на Институтот во Базел се спроведува последните три години барајќо одговор на прашањето за тоа до кој степен жителите на една земја се подготвени да плаќаат даноци за финансирање на јавните расходи за социјалниот систем, здравствената заштита, јавниот медиумски  сервис и културни организации.

Германската влада во моментов работи на изработка на студии во кои граѓаните на оваа земја треба да се изјаснат дали се задоволни со моменталните даночни стапки. Врз основа на резултатите од тестот министер за финансии и заменик-канцелар Олаф Шолц треба да подготви реформа на германскиот даночен систем.

Промовирани огласи »


Министерството за економија ги демантираше унформациите дека на почетокот од 2019, во рамки на новиот закон за трговија, нема да се продава конфекција на тезгите од зелените пазари.

Сите други акти, како што се обезбедувањето на лиценците, неможноста продавачи да бидат пензионери и вработени на друго место, како и тоа дека може едно лице да закупи само една тезга, остануваат на сила од 1 јануари.

Продавачите на текстил, обувки и непрехрамбени производи како козметика и накит остануваат на зелените пазари. И тие како и сите останати можат да добијат лиценци за продажба велат за 24 инфо од Министерството за економија

И Екрем Долек, претседателот на Комората на трговци, изјави дека станува збор за медиумски гласини.

Ова е многу чудно и сосем неточно. Ниту законот предвидува таква обврска ниту пак ќе има такво нешто. Во Законот за трговија на пазари никаде не стои кои производи треба да се продаваат на пазар ако и не. Ниту има Пазарна инспекција денес за отстранување на тезгите ниту пак законски е тоа дозволено- вели Долек.   

Во меѓувреме продавачите на конфекција и други производи, кои не се прехрамбени, продолжуваат со своите продажби на тезгите.

Промовирани огласи »

Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили или мали сипаници на територија на градот Скопје поради 12 нови случаи. Министерот Венко Филипче информира дека шест од новите случаи се потврдени со соодветни анализи, а за останатите 6 анализите се очекуваат денес. Додаде дека меѓу новите случаи повеќето се деца, но има и возрасни, а сите се невакцинирани лица со МРП вакцината.

Прогласена е епидемија на мали сипаници во Скопје и принудени сме да донесеме привремена мерка – забрана за носење на деца кои не се вакцинирани со МРП вакцина во градинките“, рече Филипче.

Од новите случаи има по еден заболен во Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром, а тројца во Бутел. Од сомнителните случаи двајца се во Аеродром, по еден во Центар, Бутел и Ѓорче Петров.

По оваа објава родителите почнаа бурно да реагираат на социјалните мрежи, еве дел од коментарите:

Сандра Јосифоска пишува: Нема сила која ќе ме натера да вакцинирам. Кога ќе ми го вратите изгубеното дете, од таа проклета вакцина, е тогаш и јас ќе вакцинирам. Дете ми зема таа вакцина, засрамете се, со ништо не помогна државата! Арам да ви е!!! Колку мајки се замотани во црно од таа вакцина!!

Драган Шареновски прашува: А епидемијата од бактерии што ги фаќаат од загадувањето со која мерка ќе ја спречите или во тоа не гледате проблем?

Ира Чиланчовска вели: Мислите ќе се скриете од системот? Нема шанси уште и казни ќе плаќате. Вклучете се и менувајте ги законите. Само така се доаѓа до општество по мерка на граѓаните.

Даниел Митревски пишува: Денес сите деца кај министерот на чување ние мораме на работа.

Наташа Шутиноска коментира: Сега никој не се нафаќа да факцинира дете среде зима, кога им е најслаб имунитетот.

Ратко Македонски Соколовски вели: Епидемија од 6 случаеви од вкупно 15.000 невакцинирани деца??? Па дали сте нормални каде во Европа се прогласува епидемија од 6 заразени случаеви..

По изјавата на Министерот Венко Филипче, дел од скопските општини на своите Фејсбук профили објавија соопштенија со кои ги информираат родителите дека градинките од денеска не примаат невакцинирани деца од МРП.

Министерството за здравство прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на целото подрачје на град Скопје, со што од утре стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот.

Ваквата мерка стапува во сила согласно со член 56 и 57 од Законот за заштита на населението од заразни болести. Населението од ова исклучително опасно заболување може да се заштити со вакцинација, соопштија од Министерството за здравство, од каде што посочуваат дека сите заболени од морбили се невакцинирани лица.

Општина Аеродром апелира до родителите да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство, со цел да се заштитат децата од ова заболување и да се спречи понатамошно ширење на епидемијата од морбили.

Промовирани огласи »

Можен ли е попис без етничка графа и без графа за јазик што се зборува во домаќинството? Македонските граѓани ќе се пребројуваат за отприлика една година, но останува отворено прашањето како ќе се изведе тоа со оглед на новините кои досега не биле пракса и кои се нејасни за експертската, но и за целокупната јавност.

Во исто време, најмногу реагираат помалите етнички заедници кои стравуваат од нивна целосна асимилација.

Првиот човек на Државниот завод за статистика Атанас Симовски смета дека подобро е да нема никакви информации за етничката припадност на населението, отколку да се дадат неточни информации и погрешна слика за етникумите.

Политичките структури, сакајќи да направат дисбаланс, односно поинаква етничка структура во државата, се обидуваат да влијаат врз пописот за да добиеме нерелевантни податоци, односно неточни, погрешни податоци. Со 28-годишно искуство ви велам дека е подобро да немаме никакви информации отколку тие да бидат погрешни, изјави Симовски неодамна во интервју во врска со пописот, што според најавите ќе се одржи во 2020 година.

Познавачите велат дека за успешен попис неопходно е да се спроведат ефикасни реформи во администрацијата, да се зголеми капацитетот на институциите, да се забрза реализацијата на капиталните инвестиции, да не се носат закони без консултација на бизнисот.

Професорката Тања Каракамишева предупредува дека попис без етничка припадност ќе биде признание дека во земјава повеќе не постои мултикултурализмот.

Попис без етничка припадност е како регистрација на возило без возило. Невозможно е со закон да се избрише самоидентификацијата на секој човек која пак е клучен елемент за идентитетот на секого од нас. Бришењето на етничката припадност од графата на попис значи и директно бришење на Охридскиот рамковен договор, но и на целата операција на вработувања и стекнување на одредени права по етнички клуч изминативе децении. Бришењето на етничката припадност од графата на попис на населението го урива и мултикултурализмот, односно се признава дека тој повеќе не постои во земјата, вели професорката Каракамишева во изјава за весникот ВЕЧЕР.

Во сите досегашни пописи постоело прашањето за етничка припадност и тоа е слободно изјаснување на граѓанинот согласно Устав, посочува Дончо Герасимовски, поранешен директор на ДЗС.

Овие етно-културолошки карактеристики спаѓаат етничката припадност која е споредбен белег, потоа е религиозната припадност која е споредбен белег и јазикот односно мајчиниот јазик кој исто така е споредбен белег. Затоа во препораките има главни споредбени изведени белези. Потребите се или препораките секогаш велат задолжително да се применуваат меѓународните стандарди, регионалните, а треба да се имаат предвид и локалните. Тоа што значи доколку државата има потреба за било која карактеристика или белег внатре бидејќи податоците се добиваат од белезите кои ќе бидат наведени во прашалникот, во образецот или онака кој ќе оди сега како апликација за внесувањето на податоците по електронски пат. Тоа значи тие сите податоци ќе се прибираат во тие белези, потенцираше Герасимовски пред две недели во телевизиско интервју.

Според Предлог-законот за попис се предвидува македонските работници кои во периодот од 15 март до 31 март 2020 година ќе се најдат надвор од земјата да можат да се попишат сами на посебна апликација што ќе биде достапна на интернет страницата на Заводот за статистика.

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година, а се предвидува за лицата што ќе бидат опфатени со пописот да се обезбедат податоци за географски, демографски, економски, образовни, миграциски, културолошки карактеристики и инвалидитет, односно функционална попреченост.

Според првичните проценки, пописот на населението и домаќинствата ќе чини повеќе од 8,5 милиони евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »