Промовирани огласи »

Постои рок во кој ќе треба да ги смениме личните документи поради новото име на земјата, која со уставните измени е преименувана во Република Северна Македонија.

За пет години или најдоцна до 2024 година личните документи на граѓаните ќе го носат новото име.

Новите лични карти и пасоши ќе треба да си ги платат граѓаните. Истото се однесува и за новите ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во Парламентот во Грција.

Со амандманот на БЕСА освен државјанството кое ќе биде македонско ќе стои и етничката припадност на граѓаните од малцинските заедници.

Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот, се веќе објавени во Службен весник.

Ова значи дека тие веќе стапуваат на сила.

Промовирани огласи »

Познато е кои десет земји во светот важат за најпаметни. 

Vouchercloud е порталот кој направи листа од најпаметните земји во светот. Следени се неколку параметри: бројот на добиени Нобелови награди, резултати од тестови на интелигенција и научни достигнувања.

Јапонија е број еден и има најдобри резултати во секоја област. Зад неа е Швајцарија, а потоа меѓу првите пет се и Кина, САД и Холандија.

Понатаму следат Русија, Белгија, Обединето Кралство, Канада, Јужна Кореја. 

Германија е на 12 место, а на листата се наоѓаат и Австрија, Финска, Норвешка, Австралија, Шведска, Полска, Израел, Франција и Сингапур.

Но, во 25 те први земји не се наоѓа Македонија, ниту една земја од Балканот.

Промовирани огласи »

Вакциналните картони како доказ за редовна имунизација да бидат задолжителни при уписот во училиште – Министерството за здравство деновиве ги разгледува сите правни аспекти и законски одредби за вакцинацијата како задолжителен услов за запишување во градинка и училиште, со оглед на фактот што од година во година се повеќе паѓа процентот на имунизирани.

Засега нема информација кога би се донеле и од кога би важеле овие измени, но во моментов е во тек континуирана комуникација со претставници на Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството за образование разговаат како мерките да станат поригорозни, но Уставот е јасен – ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем, бидејќи основното образование е задолжително.

Во април минатата година тогашната министерката за образование и наука Рената Дескоска им порача на здравствените власти дека треба да најдат други механизми со кои ќе ги едуцираат родителите и ќе го зголемат опфатот на имунизација.

-Во Уставот на Република Македонија, е наведено дека основното образование е задолжително. Ова значи дека ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем. Потребни се мерки и кампањи од едукативен карактер за придобивките од вакцинацијата, советувања за родителите кои не ги вакцинираат своите деца, но и санкции, изјавија тогаш од Министерството за образование.

Одлуката за вакцинација мора да биде оставена на родителот, затоа што одговорноста за здравјето на своето дете ја носи тој, вели за Фактор Весна Башевска-Симонова, дипломиран фармацевт. Според неа, со самото тоа што производителот навел сериозни несакани реакции во упатството за употреба на вакцината, државата не може да гарантира дека нема да му се случи сериозна несакана реакција.

За лидерот на ЛДП и пратеник во Собранието Горан Милевски, пак дискриминаторски е услов за упис во градинките и училиштата да биде вакцинацијата.

– Во 21 век да им се заканувате на родителите дека нивните деца ќе останат неписмени само дека не се вакцинирани е срамота и мислам дека министерот и министерството ако се сериозни во овие најави, треба да отстапат, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.

Здравствените власти се категорични дека вакцините се безбедни и досега не се забележани посериозни реакции ниту смртни случаи како последица од вакцинација.

Остро на својот став стои и министерот за здравство Венко Филипче кој деновиве најави долгорочно решение за проблемот со падот на процентот на имунизирани.

По прогласувањето епидемија на морбили во Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести, од министерството уште еднаш апелираат до родителите да ги вакцинираат своите деца.

-Редовната имунизација создава колективен имунитет. Потсетуваме дека малите сипаници може да дадат тешка клиничка слика, како воспаление на белите дробови, воспаление на мозок, тешка дијареа и во одредени случаи и смрт, а вакцината е единствената безбедна и ефикасна мерка за спречување на епидемијата и заштита на децата од можните сериозни компликации на малите сипаници, потсетуваат од министерството.

Министерот Венко Филипче, вели дека родителите кои не сакаат да ги вакцинираат нивните деца имаат погрешно мислење, оформено врз основа на неточните информации.

Потенцира дека рокот на вакцините воопшто не е спорен. Според Филипче, единствениот проблем во овој случај се налепниците со погрешен рок, залепени од страна на компанијата која ги дистрибуира вакцините. Вели дека и Агенцијата за лекови „Малмет“, која се занимава со надзор на ваквите активности, и „Македонија лек“, продолжуваат со испитувањето на вакцините на сите места каде се врши вакцинирање. Сигурност дека вакцините се квалитетни и дека не се со изминат рок, даде и англиската компанија „Гласко“.
На Клиниката за инфективни болести во Скопје викендов беа примени уште 5 деца и 1 возрасен, за кои има сомнеж дека имаат мали сипаници.

„Во моментов на Клиниката има 20 болни од морбили, од кои 18 се деца и двајца се возрасни. Децата се на возраст од 9 месеци до 2,5 години, а возрасната е девојка од 24 години. Има едно дете од Радишани, другите се од градинката “Сонце” од Ново Лисиче во Аеродром. Возрасната девојка е од скопската населба Кисела Вода и е со непознат вакцинален статус“, велат од Министерството за здравство.

Како што претходно објавија медиумите најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а најстариот има 43 години од Скопје. Најмногу заболени има во населбата од Ново Лисиче во Аеродром, или вкупно 11 деца и уште нови 4 за кои има сомнеж дека се со мали сипаници, бидејќи имаат таква клиничка слика“, велат од Министерството за здравство.

Промовирани огласи »

Граѓаните ќе плаќаат пониски казнени камати на јануарските сметки за струја, вода, парно, но и за потрошените кредитни картички или денарски кредити ако задоцнат со плаќањето. Од први јануари се намали основата за пресметка на таканаречената затезна камата, односно тоа е основната камата на Народната банка (НБМ) која сега е 2,5 проценти. 

„НБРМ објавува дека референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 јануари 2019 година до 30 јуни 2019 година изнесува 2,5, стои во одлуката на Централната банка 

Промените на начинот на пресметка се прави два пати годишно од јули и од јануарои, па ако во текот на полугодиието имало промена на каматата на НБМ тогаш се менува и основата за пресметка на казнента камата. Тоа се случи и при крајот на годината лани па така сега има нова, пониска основа што значи дека казнените камати сега ќе бидат пониски за половина процент. До сега или докрајот на годината основата беше 3 отсто. 

Казнени камати наплатуваат банките за доцнењето во наплатата на кредитите на денарските кредити или кредитните картички, ако ратата не се плати по истекот на 30 дена од кога достасала за плаќање. Но затезни камати се пресметуваат и на сметките за телефон, па и за струја, парно. Пресметката е законски утврдена, а од 2010 година како основа се зема референтната камата на НБМ која важи ден пред усогласувањето. Всушност, од овој јануари казнената камата за договори меѓу трговци и јавни претпријатија ќе биде 12,5 проценти, а досега беше 13 проценти или 10 плус стапката на основната камата. Законската казнена камата во договорите во кои барем едно лице не е трговец или најчесто за физички лица од јануари ќе биде 10,5 процентни поени, а беше 11 отсто.

Инаку за кредитите во девизи казнената камата се одредува поинаку, односно се зема како основа едномесечната стапка еурибор, зголемена за десет проценти.

Ова се стапки само на казнените камати, додека банкарите, секако наплатуваат и редовни камати.

Наплатата е уредена во Законот за облигациони односи, каде стои дека таа се наплаќа без опомена на 30 дена од денот на приемот на фактурата или сметката, а ако тој ден не може да се одреди со сигурност тогаш се смета 30 дена по приемот на стоките и на услугите.

Народната банка има обврска да ја објави референтната каматна стапка за пресметка на казнената камата на почетокот на секое полугодие.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »