Промовирани огласи »

Граѓаните и инвеститорите отсега ќе можат од дома да проверат дали низ нивна или друга локација за која се заинтересирани поминува инфраструктурен објект преку геопорталот што за таа намена го воспостави Агенцијата за катастар на недвижности.

На геопорталот може да се видат досега евидентираните оптички и бакарни кабли, кабли за пренос на електрична енергија, гасоводи, водоводи, канализации, трафостаници, базни станици, антени и други инфраструктурни објекти.

Во случај низ земјиште на граѓанин со решена сопственост да поминува каква било инфраструктура и за тоа има имотен лист може да побара надомест од операторот на таа инфраструктура.

Граѓаните имаат право да си ги решат имотноправните работи со имателите на овие инфраструктури по пат на службеност. Ќе треба да се договорат околу службеноста како имателот на таа инфраструктура ќе влегува во дворот на граѓанинот за да пристапи до инфраструктурата. Договарањето секогаш е доброволно, а во спротивно по судски пат.

Досега технички се евидентирани над 23 илјади километри водови од телекомуникации, електроенергетика и водовод и канализација и над 142 илјади точкасти објекти од типот на базни станици, трафостаници, антени. Тоа е направено врз основа на податоците за нивната геопросторна локација со која располагаат имателите.

Промовирани огласи »

Различните културни ставови и социо-економски фактори играат клучна улога во износот на часови што работодавачите очекуваат од работниците.

Мексиканците работат најдолго, додека германците ги намалуваат работните часови. Новите податоци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), чии 35 членови вклучуваат голем дел од развиениот свет и некои земји во развој, покажа дека просечниот Мексиканец троши 2.255 часа на работа годишно – што е еквивалентно на околу 43 часа неделно.

Грците работат најдолго време во Европа, во просек 2.035 часа годишно.

На другиот крај од спектарот, германските работници ставаат релативно скромни 1.363 часа годишно. Тоа е 892 помалку часа поминати на работа годишно од Мексиканците.

На третата позиција е Јужна Кореја, подолгото работно време беше дел од желбата за зајакнување на економскиот раст. Меѓутоа, по загриженоста за социјалните проблеми, вклучувајќи ја и ниската стапка на наталитет и забавувањето на продуктивноста, претседателот Мун Џеј-ин доведе до притисок да го намали работното време на земјата и да им даде на работниците “право на одмор”.

И покрај уживањето во најкраткото работно време меѓу земјите-членки на ОЕЦД, Германија успева да одржи високи нивоа на продуктивност. Всушност, просечниот германски работник е 27% попродуктивен од британскиот колега.

Холанѓаните, Французите и Данците исто така работат во просек помалку од 1.500 часа годишно.

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница го усвои новиот Оперативен план за вработување за 2019 година, за кој се издвоени рекордни 1,1 милијарда денари, што е највисок износ досега и е за речиси три пати поголем од 2014 година, кога за истата намена беа исплатени 406 милилони денари, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Мерките се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи. Во процесот на креирање на овие мерки за првпат се вклучени сите чинители.

Врвен приоритет на МТСП и на Владата е обезбедување нови работни места. За Оперативниот план за вработување 2019 година издвојуваме рекордни 1,1 милијарда денари и се фокусираме на преквалификација и доедукација. Во 2019 да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа, да ги прилагодиме на фактичката состојба и да ги активираме на пазарот на трудот. Новите работни места ги планиравме заедно со работодавците, односно за првпат мерките ги работевме во соработка со сите чинители и според реалните потребите во државата и на локално ниво, се вели во соопштението од МТСП.

Со Оперативниот план за 2019 година особен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, како и на корисниците на гарантирана минимална помош.

Оваа година Оперативниот план ги опфаќа и физичките лица, нуди силна поддршка за самовработување, но и за отворање нови работни места, раст на платите, како и поддршка за вработување на лица со попреченост. Со ОП 2019, меѓу другото, овозможуваме обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини, како и обуки за дигитални вештини. Исто така, се продолжуваат програмите „Практиканство“,„Општинско-корисна работа“ и „Јавни работи“, велат од Министерството.

Од МТСП потсетуваат дека Оперативниот план за вработување за 2018 година имал високи 95 отсто реализација.

Со него за првпат е воведена „Гаранцијата за млади“, преку која се се вработија 1.839 лица. Преку учество во програмата Самовработување, сопствен бизнис отвориле 1.191 лица, а една од најбараните била програмата „Практиканство“, во која се вклучиле 1.263 невработени лица до 34 годишна возраст.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции.

Промовирани огласи »

Учениците во Англија веќе учат за математика, наука и историја, но стотици училишта се подготвуваат да ја прошират традиционалната наставна програма со нов предмет: медитација.

Во 370 англиски училишта, студентите ќе почнат да практикуваат медитација како дел од студијата за подобрување на менталното здравје на младите, објави британската влада во понеделникот.

Тие ќе работат со експерти за ментално здравје за да научат техники за релаксација, вежби за дишење и други методи за „да им помогнат да ги регулираат своите емоции“, се вели во соопштението на владата за програмата.

Целта на оваа програма е да се проучи кои пристапи најдобро функционираат за младите луѓе во свет на брзи промени. Владата вели дека студијата, која ќе трае до 2021 година, е една од најголемите од ваков вид во светот.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »