Промовирани огласи »

Зиплајнот кој ќе се спушта од тврдината Кале до Градски парк ќе почне да се поставува пролетва и ќе биде пуштен во употреба во текот на летото, дознава СДК. 

На последната седница на Советот на Град Скопје која се одржа минатиот четврток беше усвоена одлуката за дефинирање на локацијата за поставување на адреналинската жичница. Почетната станица ќе биде под Музејот на современа уметност, ќе оди преку реката Вардар и ќе завршува на кејот на реката Вардар во близина на арената „Филип Втори“.

По завршувањето на проектната фаза ќе се изработи елаборат за поставување на урбана опрема за спортско-рекреативни активности, согласно кој ќе се постави зиплајнот. Целта на овој проект е да им овозможи на граѓаните на Скопје спортско-рекреативна содржина како и да овозможи развој на алтернативниот туризам преку кој ќе се стимулира развојот на туристичката понуда. Особено внимание при изборот на локацијата е посветен и на изборот на местоположбата, односно помеѓу останатото се предвидува со овој проект да се поврзат скопското Кале и Старата скопска чаршија како културно-историски амбиенти со музејот на Современа уметност и градскиот парк, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Адреналинската жичница, според проектот ќе биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето. Ќе чини околу 50.000 евра, а со него ќе стопанисува ЈСП „Скопје“

Покрај зиплајнот летово Град Скопје ќе работи и на заживување на тврдината Кале, која сега според Шилегов е запуштена и речиси да нема посетители. Градот во соработка со Управата за заштита на културното наследство ќе прави проект за уредување, ревитализација и одржување на Кале. Какви содржини ќе има на Кале односно дали ќе има кафулиња сè уште не се знае. Градоначалникот Петре Шилегов најави дека ќе биде распишан јавен конкурс за избор на решение со кое тврдината ќе стане атрактивно место за посетители.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ги определи новите цени на нафтените деривати и тие се зголемуваат во просек за 2,24%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,847 ден/кг

Промовирани огласи »

Неделава конечно ќе се пушти во употреба автопатот од Скопје до Штип, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев заДојче веле.

Двете патарини допрва ќе се градат. Паралелно стартува и големиот проект за рехабилитација на четириесетина патни правци.

Она што требаше да се сработи со кинеската компанија 'Синохидро' е готово и заврши во декември. Во тек се работите околу правењето на пристапните патишта што се прави со пари на Јавното претпријатие за државни патишта за да може сите населени места да се приклучат на автопатот. Ова не беше дел од кредитот и проектот со Синохидро. Тоа воопшто не било ни размислувано како ќе се случи. Сега и тоа е речиси завршено, така што автопатот ќе го пуштиме неделава, изјави за Дојче веле вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Промовирани огласи »

Освен своите убавини, но и храна Шпанија и официјално е прогласена за најздрава земја на светот.

Според индексот на здравје на компанијата „Блумберг“ Шпанија се најде на врвот на листата најздрави нации на светот.

Имено, Шпанците имаат најдолг животен век, а се верува дека до 2040 година ќе живеат 86 години.

Следна на листата е Италија, а долговечноста на Италијанците се препишува најмногу на медитеранската исхрана.

Третото место го зезеде Исланд кој и покрај своите екстремни пејзажи, има неверојатно добро развиен здравствен систем, исхрана богата со риба и преубави природни пештери.

Јапонија се позиционираше највисоко од сите азиски земји, а на светската листа го зазеде четвртото место . Швајцарија сепак, во однос на минатата година падна на петто место, но и понатаму се држи на врвот на листата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »