Промовирани огласи »

Сопственикот на компанијата Амазон, Џеф Безос, е прв милијардер чие богатство пред неколку дена го зголеми своето богатство за 19 милијарди долари а во последните година дена тоа достигнало 131 милијарди долари.

Благодарение на растот на вредноста на акциите на Амазон за 59 оттсо во текот на последните години Безос, го зголеми двојно своето богатство и сега се наоѓа на врвот на листата. Само лани богатството кое го поседуваше се проценуваше на 39,2 милијарди длари, што претставува нависок скок на богатства откако се објавуваат листите на Форбс.

Тој е основач и извршен директор на Amazon и меѓу највлијателните фигури во технолошката индустрија.

Уште како мало момче, идниот милијардер покажувал исклучителен интелект. Во училиште им вели на наставниците дека "иднината на човештвото не е на оваа планета". (Денес Безос ја поседува компанијата Blue Origin која ја проучува вселената). Се обидува дури и да развие бизнис, така што организира камп за соучениците.

Откако завршил средно училиште, Безос е примен во "Принстон". Таму учи "Компјутерски науки". Дипломира и започнува работа во стартот Fitel, иако имал предлози од многу поголеми компании. Потоа пак работи за хеџ фондот D.E Shaw. Токму таму ја среќава идната сопруга Мекензи, со која се жени во 1993 година.

Година подоцна Џеф веќе сериозно размислува да создаде сопствена компанија. Го напушта хеџ фондот и се посветува целосно на оваа идеја. Така постепено се раѓа Amazon - платформа за продажба на стоки преку интернет. Првата канцеларија на фирмата се наоѓа во гаражата на Безос, а првите продажба се на книги.

Со масовното навлегување на интернет и компанијата почна да се проширува и да заработува повеќе. Безос е суров шеф, бара многу од своите вработени. Но, во исто време го охрабрува критичкото размислување и успева да ја изведе Amazon од доста проблеми.

Безос е еден од првите инвеститори во Google. Во поново време - во 2013 година - пак го купи весникот The Washington Post. Дава големи суми за добротворни цели. Негова голема страст сепак е неговата компанија Blue Origin.

„Компаниите кои не експериментираат, пропаѓаат“, е примарна бизнис мотивација на сопственик на Amazon.

Промовирани огласи »

Скопската општина Чаир ќе изработи три физибилити студии за да ја определи оправданоста од воспоставување на јавно – приватно партнерство за изградба на две катни гаражи на нејзината територија, но и за давање на паркинзите што се под општински ингеренции.

Советодавните документи треба да покажат дали би била исплатлива инвестиција на идната приватна компанија доколку се градат нови објекти за паркирање на Пластичарската улица (булевар Никола Карев) и на паркингот кај трговскиот центар „Чаирчанка“.

„Општината нема можност да инвестира во паркинг, и затоа е планирано да се најде приватен партнер со кого би се склучил договор“, се нагласува во огласот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки. На двете фреквентни локации во скопски Чаир би инвестирал приватен партнер во изградба на катна гаража, додека приходите од овој бизнис би ги делел со општината. Сепак, пред да се распише договорот, од општина Чаир најпрво ќе истражат дали овој потег е исплатлив преку изготвување на трите физибилити студии.

 За консултантските услуги е предвидено да се издвојат околу милион денари. До 18 март трае повикот за доставување понуди за изработка на физибилити студијата, по што ќе се избере најповолен понудувач.

Од оваа локална самоуправа се надеваат дека во претстојниот период ќе биде пројавен интерес од инвеститорите за вложување во катните гаражи, со што значително би се намалил недостигот на паркинг места во Чаир.

Промовирани огласи »

Град Скопје планира да го направи Водно туристичко-рекреативен центар, а посебен акцент ќе биде ставен на велосипедизмот. За таа цел, во Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во град Скопје за 2019 година, се предвидени 1.200.000 денари или 20.000 евра за изработка на Студија за туристичко-рекреативен центар Водно.

Идејата е да се изврши комплетно скенирање на планината и можностите што ги нуди за рекреација на скопјани, како и привлекување на туристи од земјата и странство. Целта на оваа студија е да се добие проект за комплетен рекреативен центар со обележани патеки за пешачење, планинарење, планински велосипедизам, екстремен велозипедизам, итн. – се наведува во Програмата.

Скопјани велат дека можностите што ги нуди планината се големи, меѓутоа недоволно експлоатирани досега. Ги поздравуваат напорите на градските власти конечно Водно со своите природни убавини да се направи рекреативен центар кој ќе ги обедини не само луѓето кои рекреативно ја искачуваат планината, туку ќе им овозможи на љубителите во велосипедизмот да можат да тренираат на обележани велопатеки.

Посебен акцент ќе биде ставен на делот со велосипедизмот, како еден од најбрзо растечките трендови во светот. Со постојната инфраструктура (жичницата), постојат идеални услови за велосипедски парк по светски стандарди што би привлекол многу туристи од регионот, а и пошироко – се наведува во Програмата.

Исто така, во Програмата се испланирани и 300.000 денари (5.000 евра) за да се направи маркација на постоечки планинарски патеки на Водно и изработка на мапа со тежина на рути и маркација со ГПС. Станува збор за краткорочна мерка за подобрување на искуството на рекреативните планинари на Водно.

Како позната и омилена викенд дестинација на граѓаните на Скопје, потребно е константно да се работи на подобрување на постојната понуда со цел истите да продолжат да ја посетуваат. Со бележење на патеките и нивна маркација, ќе се воведе нов стандард во рекреативното планинарење, истовремено ќе се зголеми безбедноста на посетителите на Водно – се наведува во Програмата.

Промовирани огласи »

Банкнотите од 10 и 500 денари први ќе го променат името, односно на нив ќе го пишува називот на „Народна банка на Република Северна Македонија“.

Одлуката на централната банка веќе е објавена и потпишана од гувернерката Анита Ангеловска - Бежовска.

Инаку, Венецијанската комисија треба да даде мислење дали според променетиот Закон за јазици може на банкнотите да го има и албанскиот јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »