Промовирани огласи »

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара вистинско и доследно почитување и унапредување на правата на жените, а, меѓу другото, предлага 8 Март да се прогласи за неработен ден на сите жени во земјата.

Правата на жените се човекови права што веќе 70 години се заштитени со меѓународното право и Обединетите нации. Жените имаат право да живеат ослободени од насилство, ропство и дискриминација. Жените имаат еднакви права да се школуваат, да поседуваат имот, да гласаат и да заработат фер и еднаква плата како и сите други вклучени во пазарот на трудот. За жал, насекаде во светот, па и во Република Северна Македонија, жените и девојките се соочуваат со негирање на нивните права, дискриминација и насилство, едноставно, поради нивната родова припадност, соопштува ЦИВИЛ.

По повод Меѓународниот ден на правата на жените, 8 Март, ЦИВИЛ уште еднаш го крева гласот во поддршка на сите жени во светот, и бара да се стави крај на дискриминацијата и насилството против жените.

ЦИВИЛ бара од институциите да престанат со декларативните заложби и доследно да ги спроведат сите закони за заштита на човековите права и слободи и за заштита од дискриминација по родова основа. Институциите на државата и на локалната самоуправа, како и општеството во целост, вели организација, мора да работат на еманципација и почитување на правата на жените.

Политиките и практиките мораат да се подобрат веднаш, без одложување, веќе до крајот на денешниот ден. Секој што го чита или слуша ова соопштение, мора да преземе итни чекори за унапредување на правата на жените. ЦИВИЛ бара од Владата да подготви законски мерки и да воведе практики на најостро санкционирање на секоја постапка што жената ја става во подредена положба или ја дискриминира на работното место, во семејството, во јавноста или на било кое друго место или ситуација. Медиумите и граѓанските организации мораат да манифестираат повисока одговорност и да работат на граѓанска едукација за правата на жените. ЦИВИЛ предлага 8 Март да се прогласи за неработен ден на сите жени во земјата, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Според организацијата, правичната застапеност на жената од 50% во институциите и во структурите за донесување на одлуките се подразбира и мора да се спроведе веднаш.

Промовирани огласи »

Организација од Шведска со отворено работно место за COMMUNICATIONS OFFICER за нивната регионална канцеларија во Скопје: https://kariera.mk/job/6yqInT18_kq4xgDupENs7g/regional-communications-officer

Mellon Group има потреба од АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРЕН од следниве градови: СКОПЈЕ, СТРУМИЦА, КАВАДАРЦИ, КУМАНОВО, РАДОВИШ и КРИВА ПАЛАНКА: https://kariera.mk/job/2nHwv7ymrEurkuR0fQloLw/agenti-za-prodazhba-na-teren

Зегин со отворено работно место за ОФТАЛМОЛОГ - СПЕЦИЈАЛИСТ: https://kariera.mk/job/a3ovW2yKxUqdlALUAVIyNQ/oftalmolog-specijalist

Атрактивна плата + бонуси и работа во позитивна и динамична атмосфера за работните позиции во ИутеКредит: https://kariera.mk/company/6Mym8NMlp0uRyuIulTx6iw/iutekredit-makedonnija

Доколку сте без или со минимално работно искуство, ова е можност за Вас - СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ: https://kariera.mk/job/lvXDZHdenkqkveabDsO69A/sovetnik-za-prodazhba-na-zhivotno-osiguruvanje

Имате искуство како АВТОМЕХАНИЧАР? Аплицирајте за работа во Мотоцентар: https://kariera.mk/job/wFJU24bZBEmH7df03Z7qoA/oglas-za-serviser-avtomehanichar-za-brz-servis

Бујото има потреба од: ПРОЕКТАНТ/ДИЗАЈНЕР НА МЕБЕЛ, со или без работно искуство: https://kariera.mk/job/lWxZQ5-XY0KkUIo3F48lMQ/proektant-arhitekt-dizajner-na-enterier

Фирмата Алена произведува текстилни производи за извоз и има потреба од АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК: https://kariera.mk/job/LBzdHYfKxECebEfdb4jzUw/administrativen-rabotnik

Електродистрибуција со отворени повеќе работни места: https://kariera.mk/company/BgFYmp_0IkybJ5Y5kHJFnw/evn-makedonija

Промовирани огласи »

Сопственикот на компанијата Амазон, Џеф Безос, е прв милијардер чие богатство пред неколку дена го зголеми своето богатство за 19 милијарди долари а во последните година дена тоа достигнало 131 милијарди долари.

Благодарение на растот на вредноста на акциите на Амазон за 59 оттсо во текот на последните години Безос, го зголеми двојно своето богатство и сега се наоѓа на врвот на листата. Само лани богатството кое го поседуваше се проценуваше на 39,2 милијарди длари, што претставува нависок скок на богатства откако се објавуваат листите на Форбс.

Тој е основач и извршен директор на Amazon и меѓу највлијателните фигури во технолошката индустрија.

Уште како мало момче, идниот милијардер покажувал исклучителен интелект. Во училиште им вели на наставниците дека "иднината на човештвото не е на оваа планета". (Денес Безос ја поседува компанијата Blue Origin која ја проучува вселената). Се обидува дури и да развие бизнис, така што организира камп за соучениците.

Откако завршил средно училиште, Безос е примен во "Принстон". Таму учи "Компјутерски науки". Дипломира и започнува работа во стартот Fitel, иако имал предлози од многу поголеми компании. Потоа пак работи за хеџ фондот D.E Shaw. Токму таму ја среќава идната сопруга Мекензи, со која се жени во 1993 година.

Година подоцна Џеф веќе сериозно размислува да создаде сопствена компанија. Го напушта хеџ фондот и се посветува целосно на оваа идеја. Така постепено се раѓа Amazon - платформа за продажба на стоки преку интернет. Првата канцеларија на фирмата се наоѓа во гаражата на Безос, а првите продажба се на книги.

Со масовното навлегување на интернет и компанијата почна да се проширува и да заработува повеќе. Безос е суров шеф, бара многу од своите вработени. Но, во исто време го охрабрува критичкото размислување и успева да ја изведе Amazon од доста проблеми.

Безос е еден од првите инвеститори во Google. Во поново време - во 2013 година - пак го купи весникот The Washington Post. Дава големи суми за добротворни цели. Негова голема страст сепак е неговата компанија Blue Origin.

„Компаниите кои не експериментираат, пропаѓаат“, е примарна бизнис мотивација на сопственик на Amazon.

Промовирани огласи »

Скопската општина Чаир ќе изработи три физибилити студии за да ја определи оправданоста од воспоставување на јавно – приватно партнерство за изградба на две катни гаражи на нејзината територија, но и за давање на паркинзите што се под општински ингеренции.

Советодавните документи треба да покажат дали би била исплатлива инвестиција на идната приватна компанија доколку се градат нови објекти за паркирање на Пластичарската улица (булевар Никола Карев) и на паркингот кај трговскиот центар „Чаирчанка“.

„Општината нема можност да инвестира во паркинг, и затоа е планирано да се најде приватен партнер со кого би се склучил договор“, се нагласува во огласот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки. На двете фреквентни локации во скопски Чаир би инвестирал приватен партнер во изградба на катна гаража, додека приходите од овој бизнис би ги делел со општината. Сепак, пред да се распише договорот, од општина Чаир најпрво ќе истражат дали овој потег е исплатлив преку изготвување на трите физибилити студии.

 За консултантските услуги е предвидено да се издвојат околу милион денари. До 18 март трае повикот за доставување понуди за изработка на физибилити студијата, по што ќе се избере најповолен понудувач.

Од оваа локална самоуправа се надеваат дека во претстојниот период ќе биде пројавен интерес од инвеститорите за вложување во катните гаражи, со што значително би се намалил недостигот на паркинг места во Чаир.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »