Промовирани огласи »

Една британска менувачница на криптовалути ја лансираше првата Виза дебитна картичка која на корисниците ќе им овозможи плаќање со биткоини, етериуми и лајткоини.

Менувачницата Coinbase најави дека ќе биде можно со картичката да се заменат криптовалути за фунти, но и дека ќе биде можно со неа да се подигаат пари од банкомат, пренесе  CNBC.

Картичката ќе биде поврзана со апликација за паметни телефони со чија помош корисниците ќе бираат кој вид криптовалута сакаат да користат.

Coinbase картичката ги поддржува сите криптовалути достапни за купување и продавање на платформата  Coinbase, што значи дека ќе биде можно да се плати ручек со биткоин или да се купи карта за јавен превоз со етериум, појасни Зишан Фероз, директор на британската подружница на Coinbase.

Toа е прва таква картичка во Велика Британија, велат во таа менувачница, а имаат намера наскоро да ја претстават и во други европски држави.

Промовирани огласи »

Во денешно време, многу повеќе од нашето време го поминуваме на работното место. Без разлика дали работите од дома или пак во канцеларија, работата е она на кое што најмногу се посветуваме. Поради таа причина е многу важно како се чуствуваме на работнто место.

Денеска ќе ви преставиме неколку корисни совети за тоа како да имете позитивна нергија во Вашата канцеларија. За да имате позитивна енергија, вие треба да се чуствувате така.

Ергономската столица е доста корисна за во Вашата канцеларија бидејќи малку го накривува долниот дел од грбот со што вие ќе седите исправено. Според експертите, на секој еден саат седење на работната маса, вие треба барем 10 минути да седите.

Најдете си одредено место во текот на работниот ден каде што ќе можете да се одморите барем 15 минути и да се релаксирате. Тоа е многу важно за вашата продуктивност.

Уредете го правилно просторот каде што работите. Користете ги зелената и белата боја, бидејќи според истражувањата тие прават да се чуствувате најдобро. Освен тоа, познато е дека растенијата се оние кои го намалуваат стресот и ја зголемуваат продуктивноста.

Промовирани огласи »

Понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 29 април 2019 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Промовирани огласи »

За 5 години ИТ секторот ќе се соочи со недостиг од квалитетен наставен кадар, алармираат од Здружението на студенти по електротехника. Веќе подолго време оваа индустрија се соочува со сериозен недостиг од стручен кадар и покрај фактот што професијата е меѓу најдоходовните. Последните податоци покажуваат дека просечната плата во образованието изнесува околу 24.100 денари, додека во ИТ секторот надминува 56.000 денари. Од Здружението велат дека токму тоа е причината квалитетните професори да преминат во приватниот сектор.

“Зошто некој професор во средно училиште би земал плата слична на платата на другите професори, а не слична на ИТ секторот? Ако знае да програмира најверојатно може да се вработи за дупла плата во приватниот сектор. И тоа ќе предизвика проблеми во средното образование, а тоа понатака ќе се рефлектира на целокупната индустрија бидејќи ниското ниво на кадарот во средното образование дефинитивно ќе значи симнување на нивото на факултетите бидејќи факултетите може да работат со тој кадар што го добиваат, не може да ги научат дупло во скратено време. За жал, тоа ќе се рефлектира и во индустријата. Мора да размислиме стратегиски во таа насока за да немаме проблеми за 5 години од сега”, вели Стефан Митески од Здружението на студенти по електротехника.

Податоците покажуваат дека на годишно ниво поголем е бројот на новоотворени ИТ компании отколку дипломирани студенти од техничкиот кампус. Од Здружението алармираат дека, пред сè, треба да се зголеми капацитетот на самите факултети. А дополнително, државата треба да најде системско решение за да ги спречи ваквите појави на пазарот на труд во иднина.

“Мислам дека треба за ИТ професионалците во јавната администрација да се размисли дали да се напушти идеата за систематизација што важи за другите вработени и да се размисли да се следи пазарот. ИТ индустријата е таква гранка која што е многу подоходовна од другите. Доколку тоа се случи во хемиската индустрија за 15 години веројатно треба да се следи и таму. Меѓутоа, во овој момент ова е ситуацијата”, вели Стефан Митески од Здружението на студенти по електротехника.

Во моментов ИKТ секторот во земјава вработува околу 13.000 лица.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »