Промовирани огласи »

Во текот на последните две децении, Џејми Оливер бил еден од најпознатите телевизиски готвачи на светот, а до таа титула дошол благодарение на својата емисија "Гол Готвач".

Меѓутоа, минатите неколку години Џејми се наоѓа во сериозни финансиски проблеми, што кулминирало со затворање на дури 22 негови ресторани ширум Велика Британија. 

Компанијата "Jamie Oliver restaurant Group" во вторникот поднела барање за стечај, а повеќе од 1.000 луѓе останале без работното место. Меѓународната франшиза Џејми Оливер, односно 61 негов ресторан ширум светот, ќе продолжи со работа.

Во живот се одржале и три ресторани на лондонскиот аеродром Гетвик, но не е познато уште колку долго. Ако дојде и до нивно затворање, без работа ќе останат уште 300 луѓе.

Џејми Оливер моментално е во минус од 71,5 милиони фунти. Проблемите на славниот готвач и не се толкава новост, со оглед на тоа дека бројот на неговите ресторани внатре во ланецот, во последните две години, се намалил за дури 17.

Оливер за тоа го обвинил растот на цената за закуп и работа, како и "гостите кои крадат работи од тоалетите, и персоналот кој краде намирници и вина".

Растот на цената на закупот на простор и натаму се наведува како една од причините за пропаста на ова 11 години старо кулинарско царство, но е и како единствена.

Компанијата уште пред две години била потресена од референдумот за Брегзит и тогашниот пад на фунтата, поради што поскапел увозот на намирници, а компанијата на Оливер речиси банкротирала. Како причина се споменуваат и големиот број на ресторани во Британија.

Сето тоа, во комбинација со, како што велат гастрокритичарите, прескапите јадење на Оливер, не можело да излезе на добро.

Некои експерти, како причина за падот на посетеноста на рестораните ја наведуваат и нефлексибилноста во работењето, со оглед на тоа дека Џејми упорно се спротивставувал на трендот за достава на храна.

Промовирани огласи »

Утре Европската централна банка ќе ги пушти во оптек редизајнираните банкноти од 100 и 200 евра.

Банкнотите се последните во низата кои се редизајнирани по оние во апоени од пет, десет, дваесет и педесет евра, со оглед на тоа дека банкноти од 500 евра веќе нема да се штампаат.

Сите банкноти од серијата „Европа" имаат подобар дизајн и подобри елементи за заштита. 

Банкнотите од 100 и 200 евра беа претставени во Франкфурт. 

На банкнотите се ставени делови од имиџот на Европа, прекрасните феникиски принцези и пријателите на Зевс, по што е именуван Стариот континент.

Новиот карактер на банкнотите ќе биде со мал симбол евро (€), што треба да помогне во заштита против фалсификување, за побрза идентификација доколку се фалсификува банкнотата.

Промовирани огласи »

Ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“. Свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.

Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија. Пратениците воедно предлагаат и промена на името на законот, во закон за празниците на Република Северна Македонија.

Образложението за воведување на десет нови празници е дека во Македонија покрај заедниците кои таксативно се набројуваат во Преамбулата на Уставот, врз основа на податоците од последниот попис на населението, живеат уште и припадници на етничките заедници на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Словенците, Полјаците, Унгарците, Украниците, Русите, Ерменците, Бугарите и Грците. Овие заедници се организирани во соодветни здруженија на граѓани, со што го негуваат својот културен и етнички идентитет.

Со усвојување на предложените изменувања и дополнувања на Законот за празниците ќе се укине дискриминацијата и исклучувањето што го генерира Законот врз припадниците на заедниците кои се познати како „другите“ од Преамбулата. Во рамките на духот на градењето на концептот за развој на едно општество за сите и оваа категорија на граѓани ќе бидат рамноправни и со еднакви можности со останатите граѓани кои имаат право да имаат свој неработен ден, што е значаен за соодветната сопствена историјата, културата и идентитетот на посебната заедница.

Се предлага неработени да бидат 8 февруари, ден на словенската култура, за припадниците на словенечката заедница.

  • 15 март, национален ден Унгарците, за припадниците на унгарската заедница.
  • 3 мај, национален ден на Пољаците, за припадниците на полската заедница.
  • 24 јуни, меѓународен ден на Балканските Египќани, за припадниците на египќанската заедница.
  • 25 јуни, национален ден на Хрватите, за припадниците на хрватската заедница.
  • 13 јули, национален ден на Црна Гора, за припадниците на црногорската заедница.
  • 21 септември, национален ден на Ерменците, за припадниците на ерменската заедница.
  • 22 септември, ден на независноста на Бугарија, за припадниците на бугарската заедница.
  • 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.
  • 4 ноември, национален ден на Русите, за припадниците на руската заедница.

Предлогот за измени на Законот за празниците веќе е доставен до Собранието, а на него се потпишани пратеници од сите пратенички групи.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, пресметувајќи според новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите, го објави новиот ценовник што ќе важи во следните седум дена.

Од ноќеска на полноќ, бензините „Супер 95“ и „Супер 100“, поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 71,00, односно 73,00 денари, додека дизел горивото ќе се продава поевтино за два денара и ќе чини 64,00 денари за литар.

Од Комисијата наведуваат дека ако трговците и оваа недела самите ги пресметуваа малопродажните цени, цената на бензините ќе останеше непроменета додека дизелот ќе поевтинеше за еден денар.

Главни критериуми во формирањето на цените и натаму ќе бидат курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »