Пораснала просечната плата во земјава.
Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, во април била 24.785 денари и е за 3,5 проценти повисока од истиот месец минатата година. Оваа информација ја објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата пак е 36. 796 денари и пораснала за 4,8 проценти.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита (9,4 проценти), транспорт и складирање (8,5 проценти) и административни и помошни услужни дејности (6,8 проценти).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (6 проценти), Рударство и вадење на камен (5,6 проценти) и транспорт и складирање (4,2 проценти).
Вработените во воздухопловен транспорт имале 71.165 денари бруто.
Во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности бруто платата била 92.341 денари.