Промовирани огласи »

Љубљана е првиот европски главен град кој се обврза дека ќе стане град без отпад (zero-waste), пишува Гардијан.

Се почнало во 2002 година со одделување на хартијата, стаклото и амбалажите во контејнери покрај патот. Четири години потоа, почнало собирањето на биоразградлив отпад од врата до врата.

Одделното собирање на биоотпад во 2023 година ќе стане законска обврска во цела Европа, но Љубљана била подготвена скоро две децении пред сите. Во 2013 година секој праг во градот добил канти за ставање на амбалажи и хартија. Зачестеноста на носењето ѓубре е намалена за половина - што ги натерало луѓето поефикасно да го разделуваат отпадот, пренесува Investitor.

Резултатите се импресивни. Во 2008 година главниот град рециклирал само 29,3 отсто отпад и заостанувал зад другите градови во Европа. Денес тој процент е 68 отсто, а на депониите се одвезува скоро 80 отсто помалку отпад, што ја става Љубљана на самиот врв кога зборуваме за рециклирање во европските градови. Љубљана сега произведува само 115 килограми отпад по глава на жител годишно, а европски град со најмалку отпад е малиот град Тревисо во Италија со 58 кг.

Развојот на најмодерната фабрика во Европа за третман на биолошки отпад бил голем чекор во постигнување на целта - минимално 75 отсто отпад да се рециклира до 2025 година.  Регионалниот центар за управување со отпад е отворен во 2015 година и денес опслужува скоро четвртина од Словенија, користи природен гас за производство на топлина и струја, преработува 95 отсто отпад во материјали кои може да се рециклираат и во цврсто гориво, и праќаат помалку од 5 отсто на депонијата. Дури го претвора биоотпадот во висококвалитетно ѓубриво за градините.

Но, не се работи за преработка. Превенцијата, повторната употреба и рециклирање се приоритет. Покрај собирањето од врата до врата, Љубљана има два центри за рециклирање отпад од домаќинствата, каде граѓаните можат да го отаваат своето ѓубре.

Izvor: Investitor

Промовирани огласи »

Даночниот советник Павле Гацов на својот Фејсбук профил даде пример како да пресметате колку треба да имате набавки за да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно.

За да го земат максималниот поврат на платениот ДДВ за една година или тие 28.000 денари, граѓаните во продавниците ќе треба да потрошат од 1.037.037 (16.862 евра) до 3.733.333 ( 60.704 евра) денари. Распонот во сумите е затоа што за производите и услугите во земјава се наплатува Данок на додадена вредност со две даночни стапки, едната од 5 отсто, односно повластена и другата која важи за повеќето стоки и услуги од 18 отсто. Сумите се прилично високи, па останува прашањето кој ќе може да потроши толку годишно за да го земе максималниот поврат. Даночниот советник Павле Гацов во статус на Фејсбук ја објаснува математиката.

Тој преку пример им појаснува на граѓаните како да направат пресметка. 

Пресметка за ДДВ со 18%:

28.000 х 100 : 15 = 186.667
186.667 х 100 : 18 = 1.037.037 денари набавки за 1 година.
Проверка:
1.037.034 х 18% ДДВ = 186.666
186.666 х 15% = 28.000 ДДВ за враќање

Пресметка за ДДВ со 5%:

28.000 х 100 : 15 = 186.667
186.667 х 100 : 5 = 3.733.333 денари набавки за 1 година.
Проверка:
3.733.333 х 5% ДДВ = 186.666
186.666 х 15% = 28.000 ДДВ за враќање

Со оглед дека граѓаните ќе набавуваат добра и со 5% ДДВ и со 18% ДДВ, произлегува дека годишните набавки за да се постигне максимално дозволениот годишен поврат на ДДВ (28.000 денари) треба да се движи меѓу 1.037.037 и 3.733.333, додава Гацов. 

Сепак, мнозинството граѓани не трошат толку пари во текот на годината, што значи дека од оваа мерка бенефит ќе има само одредена група луѓе. 

Промовирани огласи »

Многу бројни реакции предизвика промоцијата на најновата мерка за поврат на ДДВ, од тоа дека станува збор за чист популизам , до бранење на идејата дека кај граѓаните ќе бидат вратени 50 милиони евра.

Од анализата правена од страна на Finance Think, само најбогатите домаќинства кои годишно трошат 1, 2 милиони денари или околку 20 илјади евра  ќе можат да си повратат една просечна плата со мерката Поврат на ДДВ. Најсиромашните домаќинства ќе вратат само 738 денари, покажа анализата на Фајнанс тинк.

Како што најавија на прес-конференцијата претседателот на владата Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевтовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, годишниот поврат на ДДВ кај сите домаќинства ќе изнесува 49.5 милиони евра.

Семејство чија потрошувачка кошничка месечно изнесува 32.670 денари ќе може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година.

Повратот на ДДВ ќе биде тешко за оние кои земаат просечна плата и уште потешко за оние кои земаат минимална плата.

Поврат на ДДВ

Најбогати домаќинства                                         450 евра

Просечно домаќинство                                         172 евра

Најсиромашни домаќинства                                 12 евра

Според последните податоци за декември лани, социјалната потрошувачка кошничка која се мери со просечната исплатена нето плата, изнесувала 32.670 денари. Пресметано на годишно ниво тоа значи дека четиричлено работничко семејство, кое нема автомобил, за исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура, одржување на здравје годишно троши по 392.040 денари (6.370 евра). Тоа семејство, преку сметките на државата ѝ плаќа ДДВ во износ од 1.146 евра. Според тоа, може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година.

Социјалната потрошувачка кошничка можат да ја покријат само семејствата со две просечни нето плати или со една просечна и една минимална плата. Семејствата со две минимални плати не се во можност без да се откажат од нешто да преживеат и со синдикалната потрошувачка кошничка. Според тоа, тие и најмалку ќе добијат од колачот што се вика поврат на ДДВ.

Просечна нето плата во земјава земаат околу 17 отсто од вработените, додека 75 отсто од нив земаат плати под државниот просек.

Пресметка од даночниот советник Павле Гацов

Даночниот советник Павле Гацов на својот Фејсбук профил даде пример како да пресметате колку треба да имате набавки за да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно.

Пресметка за ДДВ со 18%:

28.800 х 100 : 15 = 192.000
192.000 х 100 : 18 = 1.066.667 денари набавки за 1 година.
Проверка:
1.066.667 х 18% ДДВ = 192.000
192.000 х 15% = 28.800 ДДВ за враќање

Пресметка за ДДВ со 5%:

28.800 х 100 : 15 = 192.000
192.000 х 100 : 5 = 3.840.000 денари набавки за 1 година.
Проверка:
3.840.000 х 5% ДДВ = 192.000
192.000 х 15% = 28.800 ДДВ за враќање

Со оглед дека граѓаните ќе набавуваат добра и со 5% ДДВ и со 18% ДДВ, произлегува дека годишните набавки за да се постигне максимално дозволениот годишен поврат на ДДВ (28.800 денари) треба да се движи меѓу 1.066.667 и 3.840.000

Опцијата за максимално искористување на повратот е речиси невозможна поради предвидените лимити.

Пресметка на повратот од извршени набавки

Вкупна набавка 20.000 денари
– од тоа 15.000 со 18% ДДВ = 2.288 (15.000 : 1,18 = 12.712 х 18%)
– 5.000 со 5% ДДВ = 238 (5.000 : 1,05 = 4.762 х 5%)
Вкупно ДДВ = 2.288 + 238 = 2.526 денари
Поврат 15% ДДВ = 379 денари

Промовирани огласи »

Во периодот од 6 февруари до 6 март 2019 година, македонскиот портал за информатичка и комуникациска технологија IT.mk спроведе опсежна анкета за состојбата на македонската ИТ работна сила. Анкетата, во која земаа учество повеќе од илјада професионалци од ИТ индустријата, прикажува клучни факти за програмерите, девелоперите, графичките дизајнери и професионалците од областа на дигиталниот маркетинг во Македонија.

Поделено во три секции, истражувањето опфаќа сумирани и обработени резултати за работните места на македонските ИТ професионалци, за нивните просечните примања, за полот, степенот на образование, добиените сертификати, за примарните технологии кои се користат за работа, за пречки при регрутација, најважни фактори при вработување, извори за барање работа и други клучни податоци. Анкетата укажува и на јасен родов јаз во платите и другите хонорарни примања меѓу професионалците во ИТ индустријата.   

Секцијата за програмери, девелопери и SYS администратори покажува дека повеќе од половина од професионалците се на возраст од 25-34 години. Од нив, 80.96% се мажи, додека само 19.04% жени. Најголем дел имаат завршено дипломски студии и поседуваат некаков вид на сертификат. Речиси ист број девелопери работат во домашни ИТ компании и во претставништва на странски компании во Македонија. 

Примањата имаат очекуван раст согласно искуството, а претставништвата на странските компании имаат континуирано повисоки плати од домашните компании. Според технологијата, најголеми примања имаат девелоперите кои работат Java. Просечните месечни нето примања (плата + други хонорари од работа) на македонските програмери, девелопери и SYS администратори изнесуваат 65.365 денари.

Слично како и кај програмерите, и секцијата за дизајнерите покажува дека повеќе од половина од професионалците се на возраст од 25-34 години. Како и во претходната група, и во оваа доминира машкиот пол: 72.61% од графичките дизајнери се мажи, а 27.39% жени. Степенот на образование најчесто е завршени дипломски студии, и голем дел од дизајнерите поседуваат некаков сертификат. Примањата имаат очекуван раст согласно искуството, а согласно технологијата највисоки примања имаат дизајнерите кои работат со векторскиот програм за Mac – Sketch. 43.92% од дизајнерите работат во домашни компании, а 31.22% работат фриленс. Просечната плата на македонските графички дизајнери изнесува 44.461 денари.

За разлика од програмерите и дизајнерите, професионалците од областа на дигиталниот маркетинг се претежно жени – 55.56%. Мнозинството од нив се на возраст од 25-34 години и иако најголем дел имаат завршено дипломски студии, 28.21% имаат завршено и постдипломски студии, а 68.97% поседуваат и сертификати. 44.96% од македонските маркетери работат во домашни компании, 27.91% во претставништва на странска компанија, а 13.95% работат фриленс. 

Најмногу заработуваат маркетерите кои работат за странска компанија и нивните примања се зголемуваат согласно искуството. Просечната плата на македонските маркетери изнесува 45.880 денари.

Целосните резултати од анкетата се достапни на https://www.it.mk/mapiranje-na-it-industrijata-vo-mk/

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »