Промовирани огласи »

Во периодот од 6 февруари до 6 март 2019 година, македонскиот портал за информатичка и комуникациска технологија IT.mk спроведе опсежна анкета за состојбата на македонската ИТ работна сила. Анкетата, во која земаа учество повеќе од илјада професионалци од ИТ индустријата, прикажува клучни факти за програмерите, девелоперите, графичките дизајнери и професионалците од областа на дигиталниот маркетинг во Македонија.

Поделено во три секции, истражувањето опфаќа сумирани и обработени резултати за работните места на македонските ИТ професионалци, за нивните просечните примања, за полот, степенот на образование, добиените сертификати, за примарните технологии кои се користат за работа, за пречки при регрутација, најважни фактори при вработување, извори за барање работа и други клучни податоци. Анкетата укажува и на јасен родов јаз во платите и другите хонорарни примања меѓу професионалците во ИТ индустријата.   

Секцијата за програмери, девелопери и SYS администратори покажува дека повеќе од половина од професионалците се на возраст од 25-34 години. Од нив, 80.96% се мажи, додека само 19.04% жени. Најголем дел имаат завршено дипломски студии и поседуваат некаков вид на сертификат. Речиси ист број девелопери работат во домашни ИТ компании и во претставништва на странски компании во Македонија. 

Примањата имаат очекуван раст согласно искуството, а претставништвата на странските компании имаат континуирано повисоки плати од домашните компании. Според технологијата, најголеми примања имаат девелоперите кои работат Java. Просечните месечни нето примања (плата + други хонорари од работа) на македонските програмери, девелопери и SYS администратори изнесуваат 65.365 денари.

Слично како и кај програмерите, и секцијата за дизајнерите покажува дека повеќе од половина од професионалците се на возраст од 25-34 години. Како и во претходната група, и во оваа доминира машкиот пол: 72.61% од графичките дизајнери се мажи, а 27.39% жени. Степенот на образование најчесто е завршени дипломски студии, и голем дел од дизајнерите поседуваат некаков сертификат. Примањата имаат очекуван раст согласно искуството, а согласно технологијата највисоки примања имаат дизајнерите кои работат со векторскиот програм за Mac – Sketch. 43.92% од дизајнерите работат во домашни компании, а 31.22% работат фриленс. Просечната плата на македонските графички дизајнери изнесува 44.461 денари.

За разлика од програмерите и дизајнерите, професионалците од областа на дигиталниот маркетинг се претежно жени – 55.56%. Мнозинството од нив се на возраст од 25-34 години и иако најголем дел имаат завршено дипломски студии, 28.21% имаат завршено и постдипломски студии, а 68.97% поседуваат и сертификати. 44.96% од македонските маркетери работат во домашни компании, 27.91% во претставништва на странска компанија, а 13.95% работат фриленс. 

Најмногу заработуваат маркетерите кои работат за странска компанија и нивните примања се зголемуваат согласно искуството. Просечната плата на македонските маркетери изнесува 45.880 денари.

Целосните резултати од анкетата се достапни на https://www.it.mk/mapiranje-na-it-industrijata-vo-mk/

  

Промовирани огласи »

Пораснала просечната плата во земјава. 

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, во април била 24.785 денари и е за 3,5 проценти повисока од истиот месец минатата година. Оваа информација ја објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата пак е 36. 796 денари и пораснала за 4,8 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита (9,4 проценти), транспорт и складирање (8,5 проценти) и административни и помошни услужни дејности (6,8 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (6 проценти), Рударство и вадење на камен (5,6 проценти) и транспорт и складирање (4,2 проценти).

Вработените во воздухопловен транспорт имале 71.165 денари бруто. 

Во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности бруто платата била 92.341 денари. 

Промовирани огласи »

Статистиката вели дека нето платата во април пораснала.

3,5 проценти скокнала исплатената нето плата по вработен а според ДЗС во април таа била 24 785 денари.

За разлика од нето платата, кај брутото е забележан раст од 4,8 проценти при што стстистиката пресмета дека таа изнесувала 36 796 денари.

Нето платата, како што се посочува пораснала во секторите дејности на здравствена и социјална заштита, Транспорт и складирање и Административни и помошни услужни дејности.

Промовирани огласи »

Декра за потребите на свој клиент е во потрага по ESPRESSO TEAM LEADER. Интересна работна позиција со одлични услови за работа: https://kariera.mk/job/MVihbHjDMkC3l0TeKnL4LA/espresso-team-leader

Плата од 32.000 денари за работа како ПИЦЕР: https://kariera.mk/job/H_tDyJvfeEq0i2feUO5EFg/picer-plata-32-000-denari

Стани ПОМОШНИК МАГАЦИОНЕР кој главно ќе биде задолжен за свежото овошје и зеленчук во дистрибутивниот центар на Paket.MK: https://kariera.mk/job/XUi-D-wBbEGHOYznvrBSeg/oglas-za-pomoshnik-magacioner-oglas-za-dostavuvach

Основна нето плата 18.000 денари. Атомем има потреба од ПРОДАВАЧ со работно искуство за продажба на автомобилска опрема: https://kariera.mk/job/R4vOu17tJEulbLVleL5iBw/prodavach-vo-maloprodazhen-objekt

Институтот за професионален развој ЛЕОРОН објавува ново работно место како INSTRUCTIONAL DESIGN SPECIALIST: https://kariera.mk/job/j79oqIaZ7UWtsTe-vPoKIQ/instructional-design-specialist-@-leoron-institute

Доколку работата со деца Ви претставува задоволство, Интернационална градинка ПИКОЛИНИ имаат потреба од ВОСПИТУВАЧ: https://kariera.mk/job/zYA_2prDOkqZMDfDbz0VSA/vospituvach

Sport Vision, водечки ланец за продажба на спортска опрема, облека и обувки на Балканот, со повеќе од 350 продавници во 9 земји, бараат 10 ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ: https://kariera.mk/job/fBxznd51KU-7y-WLqGBPXA/prodazhen-asistent-10-izvrshiteli

СЕТЕК со отворени работни места за РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО КАВАДАРЦИ: https://kariera.mk/job/xxZxwrpUR0i-kUg8C-j4jw/referenti-za-prodazhba-vo-kavadarci

Доколку возиш кола, одговорен си и бараш работа, Paket.mk вработува ДОСТАВУВАЧ: https://kariera.mk/job/XUi-D-wBbEGHOYznvrBSeg/oglas-za-pomoshnik-magacioner-oglas-za-dostavuvach

КАМУФЛАЖ МК, првата продавница во земјава за тактичка опрема, има потреба од МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА: https://kariera.mk/job/L_gRLAP5VEGqq954eJjaiA/menadjer-na-prodavnica

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »