Македонија е лидер во Европа по евтина храна.
Нашата земја е најевтината меѓу 37 европски држави вклучени во најновата анализа на Евростат на цените на прехранбените производи и пијалаци во 2018 година.
Најевтин е македонскиот тутун, чија цена е помалку од една третина од европскиот просек или точно 29 отсто.
Месото во Македонија се продава по цени еквивалентни на 62 проценти од европскиот просек, а идентични со македонските во овој поглед се цените во Црна Гора. Цените на млекото, на сирењето и на јајцата во Македонија се 71 отсто од европските, а на алкохолните пијалоци 72 отсто.
Македонија е најевтина во пет од шест категории. Само во Романија се поевтини лебот и житариците, категорија во која македонските цени се 57 проценти од европскиот просек. Во Романија цените се 54 отсто од европските.