За компанијата: “Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето...
повеќе за компанијата »“Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.
Поради проширување на својот тим, Систина Офталмологија во Скопје објавува оглас за вработување на:
АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
Потребни квалификации:
- Завршено средно стручно образование
- Искуство во работа со клиенти
- Познавање на албански јазик ќе се смета како предност
- Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите
Одговорности и работни задачи:
- Водење на општи административни деловодни работи
- Прием и проследување на повици, проследување на документи
- Прием и пречекување на странки
- Деловна коресподенција
Личен профил:
- Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Аналитички способности, упорни и енергични
- Професионален и позитивен однос
- Љубезност, учтивост и хуманост
- Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и Сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: kariera@sistinaoftalmologija.mk, со задолжителна назнака “За оглас за Административен работник”.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Слични огласи »