Промовирани огласи »

Владата ќе враќа 15 отсто од ДДВ-то од фискалните сметки кај граѓаните од први Јули, со првата исплата предвидена во декември, а целта е намалување на даночната евазија.

Граѓаните ќе треба да ги пријавуваат податоците од бар кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купување на добра и услуги, преку апликативен софтвер за оваа намена на органот за јавни приходи.

Износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје по физичко лице.

Собранието го изгласа по скратена постапка законот за поврат на дел од ДДВ кај граѓаните, откако беше предложен во средата попладне.

Власта очекува зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници, стои во образложението на Законот.

Управата за јавни приходи вели дека трошокот за банкарските услуги за поврат на ДДВ кај граѓаните,  ќе биде незначителен.

Надградбата на компјутерскиот систем  ќе ги чини граѓаните само 76 илјади евра, а ќе биде искористена постојната хардверска инфраструктура.

Промовирани огласи »

Работниците во индустријата во месец мај годинава во однос на истиот месец лани се намалиле за 2,5 %.

Државниот завод за статистика ги истакна податоците на кои се забележува и пад на работниците од 0,6 отсто за периодот јануари -мај во споредба со истиот период од 2018 година.

Работниците се намалиле во секторот преработувачка индустрија за 2,7 проценти, а во рударството и вадење камен во мај во тековната година за еден отсто, помал процент на пад на работниците во индустријата се забележени во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со пад од 0,3 проценти.

Во месец мај ДЗС според податоците на главните индустриски групи бележи раст на работниците кај капиталните производи за 2,4 отсто, во споредба со истиот месец лани.

Промовирани огласи »

Јунската плата за вработените во градинките e повисока за 16 отсто.

Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 отсто се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки.

Растат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Промовирани огласи »

Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945 до 1991 година. Во 1991 земјата се избори за независност. А, на 1 мај 2004 година стана член на Европската унија. 

На Словенија и припаѓа мал дел од јадранското крајбрежје во должина од 47 километри, но сепак секоја година има голем број на туристи од западноевропските земји. 

Што се смени во државата од осамостојувањето?

Во 1991 година Бруто домашниот производ бил 5000 евра, а минатата година 22.182 евра по глава на жител.

Истата 1991 година годишната стапка на инфлација била 250%, а во 2018 стапката изнесувала само 1,4%.

Во годината во која станала независна Република Словенија броела 2.000.000 населени, а минатата 2018 година броела 2.080.000 популација.

Две години пред земјата да стане член на Европската унија селектирала отпад само 8,6 %, додека процентот на селектиран отпад лани изнесувал дури 70 отсто.

Животниот век кога земјата се осамостоила бил 70 години,а  денес тој изнесува 78 години.

Во 2000 година фарми со органско производство биле 115, а во 2017 нивниот број се зголемил на 3.200 фарми.

Бројот на возила во Словенија во 1992 година бил 784.550, а минатата година бројот на возилата изнесувал 1.568.896.

Бројот на запишани дечиња во предучилишна возраст во 1991 година бил мал, односно 50 % од децата само биле запишани, а годинава над 81 % од децата се запишани во воспитно образовниот систем.

По овие промени на Словенија од осамостојувањето, можеме да забележиме дека земјата оди напред и е вистински пример на Балканот.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »