Промовирани огласи »

По прогласувањето на портокалова фаза на територијата на цела држава до 14 август годинава, поради топлотен бран, Министерството за труд и социјална политика ги повикува правните субјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство донесени врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури. 

Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови Министерството за здравство препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 

Се препорачува сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено, Министерсвото за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Промовирани огласи »

Не треба да ја препуштите безбедноста на нив, туку внимателно да возите и редовно да го врзувате вашиот појас..

Воздушните перничиња постојат за да ни го сочуваат животот во случај на несреќа, но по се изгледа дека не се сите подеднакво безбедни.

Воздушните перничиња за колена имаат задача да ни ги заштитат колената, но можат и да ги контролираат движењата на долниот дел од телото за да ја намалат силата на градите и стомакот.

Меѓутоа, Институтот за осигурување и безбедност на пат тврди дека тие имаат скоро незначајно влијание на ризкот од повреди.

Но, тоа не е се, бидејќи веруваат дека во одредени ситуации тие можат и да го зголемат ризикот од повреди.

За да дознаеме повеќе, истражувачите ги набљудувале податоците од местата на несреќите, па измериле над 400 фронтални удари и го споредиле ризикот од повредите на автомобилот со и без овие воздушни перничиња.

Резултатите покажале дека тие имаат „многу мал ефект при спречувањето на повредите“ и дека во одредени ситуации можат го го зголемат ризикот за повреда на долниот дел од телото.

Производителите на автомобили ги инсталираат овие воздушни перничиња за полесно да ги поминат тестовите, користејќи неврзани кукли – за кои овие перничиња имаат смисла.

Промовирани огласи »

Брзината е критичен и клучен  фактор во сите сообраќајни незгоди и може да се каже дека токму од брзината зависи дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода и какви ќе бидат последиците од сообраќајната незгода.

Според статистичките податоци брзото возење, односно  неодговорното  однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.  Во 2018 година, во Република Северна Македонија, 43 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди предизвикани од брзо возење,  а 1069 лице се здобиле со тешки и сериозни повреди  како последица на брзото возење.

 За жал, и покрај тоа, истражувањата покажуваат дека  86 % од возачите во Република Северна  Македонија  барем еднаш ги имаат прекршено правилата за ограничување на брзината,  а  20 %  од нив,  тоа го прават често.  

Водејки се од тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува возачите дека:

•  Возачот е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот.

•  Брзината на движење е ограничена согласно условите на патот  и истата е одбележена со соодветен сообраќаен знак.

•  Брзината на движење, на патиштата во Република  Северна Македонија, е ограничена и тоа:

     - На 130 км/час на автопат

    - На 110 км/час на пат резервиран за моторни возила

    - На 90 км/час на останатите патишта

    - Најголема дозволена брзина во населено место е 50 км/час.

•  Брзото возење  ја загрозува безбедноста во сообраќајот и  се санкционира со парична казна до 400 Евра во денарска противвредност,  во зависност од тежината на сторениот прекршок, односно од големината на пречекорувањето на брзината.

•  Брзото возење претставува закана за времено одземање на возачката дозвола до 12 месеци.

•  Брзото возење ве прави нервозни и агресиви.  Агресивните и брзи возачи немаат можност да уживаат во  возењето и се соочуваат со голем број на стресни ситуации додека возат.

•  Брзото возење значи поголема потрошувачка на гориво и негрижа за возилото.

Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат со  фатални последици кои се трајни и ненадоместливи. Не дозволувајте летните патувања да се претворат во нечија црна судбина. 

Затоа РСБСП со апел до возачите:  Намалете ја брзината, возете смирено и безбедно.  Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и уживајте во патувањето.

Промовирани огласи »

И оваа учебна година општината Аеродром ќе обезбеди по 3.500 денари за секое прваче. 


Ги олеснуваме трошоците на родителите, ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме безгрижен почеток на новата учебна година за секое прваче - информираше градоначалникот Златко Марин. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »