Промовирани огласи »

Традиционално, како една од клучните стопански гранки во регионот, земјоделството во голема мера се потпира на ангажманот на сезонски работници. Меѓутоа, работодавачите се соочуваат со проблеми во ангажирањето работници поради недостаток на работна сила и сложената администрација која е неопходна со цел сезонската работа да се пренесе од сивата зона на легален пат. Од друга страна, работниците се соочени со неизвесност во поглед на условите на работа, исплата на дневници, можни повреди, а, бидејќи често не се пријавени, земјоделските работи главно се одвиваат без здравствено осигурување и заштита на работа. Податоците со кои располага Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) во Србија, покажуваат дека пред спроведување на реформата за поедноставување на пријавувањето на сезонските работници, околу 95 отсто од сезонските работници во земјоделството работат „на црно“, без каков било договор, што значи дека не ги остварувале правата кои произлегуваат од работниот однос.

Како една од мерките за заштита на правата на работниците, олеснувањата за почитување на законските рамки за работодавачите и борбата против сивата економија, во Србија, на почетокот на оваа година е воведен системот за е-регистрација на сезонските работници во секторот земјоделство, чие спроведување го поддржа ГИЗ во име на Владата на Сојузна Република Германија во соработка со НАЛЕД. Системот на електронско пријавување на сезонците овозможи бројни погодности за сите три страни, работниците, работодавачите и државата, преку поттикнување на поефикасно ангажирање на работна сила, понатамошен развој на земјоделството и вкупен економски развој на земјата.

Работодавачите кои имаат фирми или приватни поседи, сега можат да ги пријавуваат работниците во само неколку чекори на онлајн платформата sezonskiradnici.gov.rs. Достапни им се и видео упатства и мобилната апликација Сезонски работници, креирани со цел на корисниците да им ја олеснат употребата на овој сервис. Електронскиот систем овозможува сигурност за работниците бидејќи им се уплаќа пензиски стаж и здравствено осигурување во случај на повреда на работа, а на работодавачите им дава едноставна можност да ги пријават работниците за помалку од 10 минути. Од почетокот на 2019 година до средината на август преку овој систем се регистрирани над 20 илјади работници со 480.000 пријавени работни денови и 1,2 милиони евра уплатени даноци и придонеси во државниот буџет.

Една од фирмите која во своето работење почна да го користи новиот систем е „Чалма“ од Сремска Митровица која се занимава со одгледување на житарки. Нивното досегашно искуство ја покажа големата предност на е-регистрација на работниците во однос на работниот ангажман регулиран со договор во пишан облик. „Порано имавме многу проблеми со пријавувањето на сезонските работници, бидејќи сезонската работа не беше препознаена како посебен облик на вработување. Моравме да користиме други видови ангажмани на работниците на одредено време, што пак бараше многу административна работа. Системот за електронско пријавување значително ни ја олесни работата. Главна предност на овој систем е едоноставната употреба и можност да на дневна основа се пријавуваат и одјавуваат сезонските работници во согласност со потребите на работата и на овој начин списокот на пријавени лесно се коригира и имаме увид во состојбата на терен во секој момент“, истакна директорот на оваа фирма, Горан Цикуша.

Слично искуство има и земјоделското претпријатие „Граничар“ од Шид, кое се занимава со овоштарство. Маја Лукиќ, раководител на кадровско-персоналната служба на ова претпријатие,

задолжена за пријавување и одјавување на сезонските работници, смета дека најголемата предност на е-регистрацијата е брзината на процесот кој може да се заврши и за половина минута, како и пониските трошоци за даноци и придонеси во однос на досегашниот стандарден вид на административно пријавување.

Работодавачите, со само неколку кликови,  со внесување на единствениот матичен број на работникот, датумот од кој работникот ќе биде ангажиран и селектирање на видот на работата, на легален начин можат да обезбедат помош во земјоделските работи. Покрај правните субјекти, системот можат да го применуваат и физички лица.

Е-регистрацијата донесе и многу предности за работниците, кои имаат загарантирана минимална заработка, осигурување во случај на повреда на работа и пензиски стаж. Притоа, иако дополнително ангажирани во текот на сезоната, не ги губат правата на невработени лица ниту пак некои други видови на остварени придобивки. Бидејќи за време на извршувањето на сезонската работа работникот не се брише од евиденцијата на невработени, не запира ниту исплатата на парична надокнада од Националната служба за вработување, или пак тоа на каков било начин влијае на користење на правото на парична социјална помош.

Работодавачите потврдуваат дека и тие и работниците се подеднакво задоволни со ефектите на примена на електронскиот систем. Според податоците на фирмите кои зедоа улество во програмата, работниците порано сами одбегнуваа да бидат пријавени, поради компликациите околу повторното пријавување на бирото за вработување и фондот за пензиско-инвалидско осигурување.

Ефикасноста на електронскиот систем на регистрација се гледа и во тоа што работниците многу едоставно, со мобилен телефон, во секој момент можат да проверат дали се пријавени, кој работодавач ги има пријавено и за кој временски период.

Во Националната алијанса за локален економски развој истакнуваат дека системот за е-регистрација претставува важен чекор во дигитализацијата на јавната управа бидејќи овозможува и побрзо поврзување на работодавачите и лицата со бараните вештини. Националната служба за вработување (НЗС) води електронска евиденција на сезонските работници, на основа на податоците кои ги добива директно преку порталот sezonskiradnici.gov.rs. Тоа значи дека работниците кои работодавачите ќе ги ангажираат, на овој начин автоматски влегуваат во регистарот на сезонски работници, заедно со информацијата за кој вид работа биле ангажирани. Исто така, во евиденцијата за сезонски работи во НЗС, на сопствено барање можат да се запишат и лица кои се заинтересирани за извршување сезонски работи, со внесување на лични податоци и податоци за обученост и искуство во сезонски работи. Според статистичките податоци, во Србија сезонските работници најчесто се ангажирани за берење овошје, подготовка на земјиште, садење, сеење, жетва и чистење, лупење, сортирање, пакување и складирање на овошје и зеленчук.

Ефектите од воведувањето на овој систем во Србија се од големо значење за државата и буџетот и се дел од широкиот фронт за сузбивање на сивата економија. Според податоците со кои располага НАЛЕД, на овој начин се уплатени повеќе од 300 илјади евра данок и над 900 илјади евра придонеси во буџетот на Република Србија. Анализата на досегашната ефикасност на електронскиот систем покажува дека предностите од неговата римена се гледаат во тоа што стопанството има пониски административни и финансиски трошоци, а државата доби уреден систем, ефикасна контрола и наплата, пониска стапка на сива економија и поголема вработеност и пониски приходи.

Позитивните ефекти од електронскиот систем за пријавување на сезонци во земјоделството веќе се видливи, а прилагодливоста и едноставноста на употребата на системототвора можност за примена и во другите земји од регионот. Токму затоа, во соработка со експерти и државните институции, со поддршка на германската Влада која ја спроведува ГИЗ, преку истражување на пазарот, се знализираат можностите за примена на системот во Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово. Имајќи ја во вид потребата на различните сектори од сезонски работници во целиот регион, решението кое Србија го воведе, може да претставува пример на добра пракса во правец на унапредување на положбата на сезонците и поефикасен систем за нивна евиденција на пазарот на труд, што пак ја олеснува работата на работодавачите и севкупно придонесува за унапредување на стопанскиот амбиент.

Промовирани огласи »

Инвестирањето во недвижности е сигурна и долгорочна инвестиција. Многу чинители влијаат врз нивната вредност, и на тоа дали таа ќе опадне или ќе порасне. Најголемиот фактор да ја задржите вредноста на вашата инвестиција е истата да се одржува на правилен начин.

Покрај економското опкружување, понудата и побарувачката на пазарот, инфлацијата, исто така и функционалноста, амортизацијата, трошоците за одржување и сл. влијаат врз вредноста на недвижниот имот, па така тој може да ви донесе добивка или загуба!

Дали знаете дека вредноста на вашиот имот и недвижностите може да се зголеми и со едноставни и мали инвестиции коишто можат да се исплатат и да ја зголемат цената на недвижноста, како на пример:

  • редовна проверка на електричната и водоводната инсталација
  • редовна контрола на системите за греење и ладење
  • реновирање (во зависност од потребите, на столаријата, на кујната или тоалетот);
  • варосување;
  • уредувањето на дворното место;
  • чистење и тн.

Можеби е потребно:

  • преуредување на станбениот или деловниот простор или пренаменување на едното во друго;
  • обезбедување соодветна опрема или приклучоци за истите  или
  • енергетски поефикасни решенија (користење штедливи светла, енергетски ефикасни климатизери, подобра изолација итн.).

Сето тоа може да придонесе вашиот недвижен имот да стане поатрактивен за продажба или за издавање под закуп.

Но, за сето тоа потребно е и време, знаење и посветеност. Доколку не сакате да се доведете до непријатна ситуација и загуби, потребен ви е соодветен план и навремено организирање и преземање на активности, како и консултирање експерти. 

Тие ќе ви помогнат во проценката на вредноста на имотот и како таа може да се зголеми, но можат и целосно да се погрижат за неговата функционалност и профитабилност доколку се работи за издавање на деловен или станбен простор.

Затоа, наместо времето да го трошите „трчајќи“ и барајќи на разни страни совети, идеи и подизведувачи, најдобро е да ангажирате стручен кадар и тоа со искуство во областа на управување со средствата и недвижниот имот. Некои компании веќе постојат на нашиот пазар кои работат во овие области. FMS (Facility Management Services) ги инкорпорира сите овие услуги на едно место, а ги димензионира во зависност од одделните потреби на секој клиент. Ваквите специјализирани фирми редовно се грижат за имотот и неговата вредност и водат евиденција за неговата тековна состојба. На тој начин ќе бидете во тек со актуелните настани, ќе бидете усогласени со законските регулативи и даночни политики. Сето тоа ќе ви овозможи  да се справите со ризиците од загуби, но и да го зголемите вашиот имот и приходите.

Фасилити менаџмент компанијата ви е потребна  доколку сакате вашиот недвижен имот да ја задржи и зголеми својата вредност, ако сте компанија и сакате вашите имоти или канцеларии да бидат ефикасно управувани или ако не знаете што да правите со некој имот, да му се најде намена која ќе носи профит. Мисијата на ваквиот тип на фирми е некој друг да се грижи за проблемите кои не знаете да ги решите или ви претставуваат товар од аспект на непотребно трошење на скапоцени ресурси, а истите тие ресурси можат да бидат искористени на правилно место и со тоа вие да се посветите на вашиот основен бизнис, со што ќе ја зголемите профитабилноста.

Промовирани огласи »

Поттикнување на комуникација, концентрација, логичко размислување, развој на фината моторика, упорност, истрајност, независност, одговорност, стекнување со стратегија како децата сами да дојдат до целта, разбирање на процесите, способност за заедничка работа со врсниците, способност за вклучување во игра со правила, емоционална контрола и вештина за снаоѓање во различни ситуации, се само дел од целите кои се предивдени во текот на работата со деца со намалено внимание и аутистичен спектар на нарушувања, преку едукативната програма „Build-Up“ на Young Engineers со „Лего“ коцки.

Имено, Young Engineers од Скопје, Филозофскиот факултет, преку Институтот за специјална едукација и рехабилитација, како и Здружението „Во мојот свет” потпишаа Меморандум за соработка, со кој трите страни се согласуваат дека програмата „Build-Up“ ќе може да едуцира и да се применува кај деца со попреченост.

Оваа иновативна програма започнува од октомври 2019 година и ќе се следат резултатите од практикувањето на овој пристап.

– Како застапник на официјалните програми за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика со „Лего“ коцки на Young Engineers во нашата земја и прва лиценца на Балканот од 2017 година па наваму, многу ни е важно да понудиме еднаква можност за сите деца да бидат дел од оваа стимулирачка програма во нивниот развој, а особено сакаме да истакнеме дека програмите се и инклузивни. Покрај овие иницијативи, Young Engineers Скопје има и редовни програми во текот на школската година, за кои во моментов имаме отворени уписи за сите заинтересирани деца и родители кои ја препознаваат вредноста на ваквата интернационална, наградувана и статистички проверена едукација, изјави Сашка Теодосиевски, основач и директор на Young Engineers Скопје.

Според доц. д-р Наташа Станојковска-Трајковска од Институт за специјална едукација и рехабилитација од Филозофски Факултет, програмата „Build Up“ за деца со попреченост, а особено кај деца со аутистичен спектар на нарушување, може да биде корисна и во функција на подобрување на третманот.

„Лего“ коцките ги препознаваме како убава алатка во усвојување на социјални вештини градење и решавање проблеми.Специјален едукатор и рехабилитор од тимот ја помина обуката и ја спроведе едукацијата на децата опфатени со третман во центарот. Програмата „Build Up“  е одлична можност за интеракција со другите, децата учат за време на игра и низ забава. Последната фаза од програмата предвидува соработка, што е многу важна вештина кај децата со аутистичен спектар на нарушувања. Соработката во текот на работата со лего коцки, децата подоцна ја пресликуваат и во реална средина. Децата најдобро учат низ игра. Кај половина од децата има значително подобрување во вербалната или невербалната комуникација, истакна Станојковска-Трајковска. 

Промовирани огласи »

Како функционира израелскиот стартап еко-систем кој е убедливо еден од најдобрите во светот можеби на исто рамниште со Силиконската долина? Фактор имаше можност да почувствува дек од приказната, директно оттаму. Во Израел, особено во економското чудо Тел Авив се живее за иновации, за наоѓање нов производ или ново технолошко решение кое без оглед колку е едноставно, нуди нови пазарни можности. На берзата NASDAQ има повеќе израелски компании отколку фирми од Јапонија, Кореја и останатите топ неамерикански економии комбинирано. Државниот буџет на израелскиот Фонд за иновации со сите програми за поддршка годишно изнесува половина милијарда за инвестирање во нови компании, а од приватниот сектор годишно се влеваат десетици милијарди долари за финансирање на нови стартапи.

Во Израел постојат над 7 илјади стартапи со десетици инкубатори и акцелератори. Во берзата во Тел Авив во која повеќе не се тргува физички туку сите трансакции се дигитални, отворен е центар за иновации. Истото важи и за најголемата библиотека во Тел Авив која можеби нема посетители за да читаат книги, но затоа просторот им го нуди на млади програмери, софтвер девелопери и иноватори за да работат на нивната бизнис идеја.

Израел е стартап нација во секоја смисла на зборот, почнувајќи од идејата за формирање држава во 1948 година во сложено опкружување на блискиот исток со неодамнешен Холокауст и 6 милиони убиени Евреи во текот на втората светска војна. Но и во модерна смисла како нација на иновации и нови компании.

Терминот Startup Nation иако потекнува од книгата на Дан Сенор и Сал Сингер и се користи во последните десетина години како „евангелие“ за претприемачи, за Израелците е симбол на решителноста да се опстои како држава. Таа бурна историја со чести конфликти и војни со соседите како и одбрана од напади е директно поврзана со потребата за иновации и технолошки напредок.

Најпрво израелските „стартапи" се насочени кон одбраната и безбедноста, односно произлегуваат од армијата која мора да биде технолошки најсовремена бидејќи бројчено и вооружено е помала.

Следна примена на израелските иновации е потребата да се облагороди суровата околина во кое живее населението. Дури 75 проценти од територијата на Израел е пустина. Немањето извори на храна и неупотреблива почва создаде голем број на стартап иновации и нови технологии како системот капка по капка.

И последната круцијална етапа во израелската стартап мисија доаѓа природно во медицината. Едниот дел е практичен поттикнат од самите битки и ситуации на борбените позиции за наоѓање на брзи и ефикасни решенија за третман на болни и ранети. Затоа и не е изненадување што голем број на претприемачи се поранешни војници или припадници на израелските специјални единици.

Другиот дел е научен и ги опфаќа едни од најнапредните институти за медицина во светот. Така од Израел потекнува иновацијата стент за срце и многу други. Денес израелските научници и иноватори работат на нова генерација антибиотици кои ќе бидат во вид на таргетиран вирус за уништување само на лошите бактерии а не и на корисните бактерии во организмот. Исто така се работи и на замена на хемотерапија, пронаоѓање на лек за тек, уреди за брза дијагностика во секунда, нанотехнологија со нови медицински препарати и помагала, врвна ортопедија и оптика, како и наоѓање на третмани за Паркинс и Мултиплекс склероза.

Денес во Израел постојат над 250 акцелераторски програми кои работат на менторирање на претприемачите, поддршка за развој на нивната идеја, наоѓање на најдобар бизнис модел, комерцијализација, пристап до инвестиции и пласирање на глобален пазар. За споредба во Македонија засега функционираат акцелераторски програми кои може да се избројат на прсти.

Најдобар пример зошто израелските стартапи како еден нов вид на водење бизнис е продажбата на компании како Viber и Waze кои беа преземени за десетици милијарди долари. Израелците се горди на своите пронајдоци и се силно мотивирани и посветени да бидат пред сите други па затоа со програми за поттикнување на иновациите од најмали нозе работат со учениците.

Сепак, предизвик за Израел ќе биде интегрирањето на целото општество, особено на муслиманскиот дел кој не учествува целосно во универзитетите и економскиот напреден систем. Истото важи и за ортодоксните Евреи во Ерусалим кои ги има стотици илјади. Кај нив мажите не работат ништо, посветени се само на читање на верските книги и денот го поминуваат во молење, додека пак жените ги работат домашните обврски и заработуваат минимални плати, а имаат во просек од 8 до 10 деца. Ортодоксните Евреи не служат во војската и не придонесуваат директно во одбраната на Израел, исто така не се дел од образовниот процес, а за своите деца имаат само верски училишта без присуство на наука.

Израел ја гледа Македонија како стратешки партнер, не во смисла како пазар за голема продажба и пласман на пронајдоците, уредите и гаџетите, туку како земја која има пристап до Европа и Русија во трговска смисла. Затоа нивната порака е да се користат веќе успешни системи и примери за развој на стартап програми, особено во земја како нашата која нема природни ресурси, ограничена соработка и инвестиции со соседите и земја која мора да се потпира на човечкиот капитал, инвентивноста и истрајноста.

Извор - Фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »