Промовирани огласи »

При деловното работење, сосема е нормално да се испробаат одредени мерки и да се повлечат доколку не се доволно успешни. Враќањето на системот на рамен данок, според Советот, претставува храбар чекор од страна на Владата.

Тоа не значи нужно напуштање на општествениот стремеж, туку чекор напред кон развој на здрава економија што претставува ‘рбет на секое општество.

Во глобален контекст, каде што земјите се натпреваруваат за подобра инвестициска средина, клучно е да не се создаваат економски пречки.

Веруваме дека приливот што недостига од прогресивниот данок, лесно може да се надомести од зголемените приходи од данокот на добивка по основ на директните странски инвестиции.

Дипл. инженер Штефан Петер, МБА, претседател на Советот на странски инвеститори при     Комората и претседател на Управниот одбор на   ЕВН Македонија АД – Скопје

Промовирани огласи »

„Мекдоналдс“ го отпушти извршниот директор Стив Истербрук бидејќи имал врска со вработена. Американкиот гигант за брза храна соопшти дека врската била консензуална, но Истербрук ја нарушил политиката на компанијата и покажал „слаба проценка“.

Во писмо до компанијата, британскиот бизнисмен ја признал врската со вработената и рекол дека било грешка.

„Со оглед на вредностите на компанијата, се согласувам со бордот дека е време за мене да продолжам понатаму“, напиша Истербрук.

Инаку, 52-годишниот Истербрук, кој е разведен, почнал со работа во „Мекдоналдс“ во 1993 година, како менаџер во Лондон, пред да напредува во компанијата. Тој бил поставен за извршен директор на компанијата во 2015 година.

Истербрук е заслужен за ревитализацијата на менијата и рестораните на фирмата, преку реновирање  продавници и користење  подобри состојки. Под негово водство, „Мекдоналдс“ исто така ги прошири опциите за испорака и за мобилно плаќање за да ја истакне практичноста.

Одборот на гигантот за брза храна гласаше за заминувањето на Истербрук. Тој, исто така, се повлече од функцијата претседател на „Мекдоналдс“ и член на бордот.

Според правилата на компанијата, на менаџерите им се забранува да имаат романтични врски со персоналот.

Промовирани огласи »

Виз Ер и понатаму е најпопуларна компанија која учествува со 62 проценти во вкупниот број на превезени патници, додека Истанбул е најбарана дестинација до која летале 10 проценти од патниците, покажуваа официјалните статистики кои ги објави специјализираниот портал exyuaviation.com. 

Нискобуџетниот превозник Wizz Air опслужил повеќе од еден милион патници на своите летови од и до Скопје во трите четвртини од 2019 година и со ова ја зголеми својата доминација на пазарот со учество од 62 проценти во вкупниот број на патници, пренесува специјализираниот портал exyuaviation.com. Следен на листата по број на превезени патници е турскиот Turkish Airlines со учество од 7 проценти, потоа австрискиот Austrian Airlines со 5,8 проценти и Pegasus со 4 проценти. Croatia Airlines и понатаму е најпопуларен авиопревозник од поранешна Југославија со учество од 3,8 проценти. 

Wizz Air  ја зголеми својата доминација годинава во Скопје со лансирањето на четири нови линии кон македонската метропола. Нискобуџетната компанија го постави својот петти авион во македонската престолнина со број на патници кој продолжи да расте и во четвртиот квартал, бидејќи авиокомпанијата направи промена кај две рути од сезонски во целогодишни.

Истанбул останува најпопуларната дестинација од Скопје со 9,9 проценти од сите патници. После тоа следи Цирих со 6,3 проценти удел на пазарот, Виена со 5,8 проценти, Базел со 5,3 проценти и Малме со 4,1 проценти. 

Скопскиот аеродром пречека 1.798.129 патници низ своите врати во текот на првите три квартали од годината, што претставува зголемување од 8,2 проценти или 137.640 патници повеќе споредени со ланската година. 

Промовирани огласи »

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на реализација.

Од ЈСП – Скопје за „Мета.мк“ не можеа да кажат на кој датум ќе профункционираат новите поволности за користење на скопскиот јавен превоз. Постапката за реализација на договорот е во тек – е единственото објаснување што ни го дадоа од ЈСП.

„Македонски Телеком“ во јули годинава го доби тендерот вреден над 2,2 милиони евра, со кој треба да им се овозможи на граѓаните сами да ја надополнуваат картичката „Скопска“ и да имаат увид во нивната сметка. Воедно, со актуелниот тендер се набавуваат 300.000 електронски хартиени билети за едно возење, како и 400 нови валидатори за картичката „Скопска“ што ќе се постават во градските автобуси. „Телеком“ треба да изработи и мобилна апликација, која во реално време ќе го прикажува возниот ред на линиите од јавниот превоз.

Ставањето во функција на новите поволности за граѓаните веќе неколку пати годинава беше пролонгирано. Последното ветување од крајот на септември беше дека сѐ уште се одвива тест – периодот за реализација на тендерот, а по чие завршување веднаш би се пуштиле во оптек новите билети за едно возење и останатите поволности за патниците.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »