Промовирани огласи »

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на реализација.

Од ЈСП – Скопје за „Мета.мк“ не можеа да кажат на кој датум ќе профункционираат новите поволности за користење на скопскиот јавен превоз. Постапката за реализација на договорот е во тек – е единственото објаснување што ни го дадоа од ЈСП.

„Македонски Телеком“ во јули годинава го доби тендерот вреден над 2,2 милиони евра, со кој треба да им се овозможи на граѓаните сами да ја надополнуваат картичката „Скопска“ и да имаат увид во нивната сметка. Воедно, со актуелниот тендер се набавуваат 300.000 електронски хартиени билети за едно возење, како и 400 нови валидатори за картичката „Скопска“ што ќе се постават во градските автобуси. „Телеком“ треба да изработи и мобилна апликација, која во реално време ќе го прикажува возниот ред на линиите од јавниот превоз.

Ставањето во функција на новите поволности за граѓаните веќе неколку пати годинава беше пролонгирано. Последното ветување од крајот на септември беше дека сѐ уште се одвива тест – периодот за реализација на тендерот, а по чие завршување веднаш би се пуштиле во оптек новите билети за едно возење и останатите поволности за патниците.

Промовирани огласи »

Ако некои од работниците во земјава очекуваа дека ќе им бидат зголемени платите за октомври, благодарение на новиот Закон за субвенционирање на придонесите, тоа сигурно нема да се случи.

Затоа, пак, газдите, врз основа на овој закон ќе можат да ги „кренат“ ноемвриските плати, кои ќе бидат исплатени на почетокот на декември.

Од Владата велат дека никогаш не ни ветиле оти мерката за субвенционирање на придонесите ќе почне да важи за октомвриската, туку дека и нивното првично ветување било за ноемвриската плата.

А причина што не може да се „фати“ октомвриската плата е што доцни носењето на Законот за субвенционирање на придонесите, иако тој оди по скратена постапка во Собранието.

Имено, предлог законот е ставен на гласање на пленарна собраниска седница дури на петти ноември, односно во вторник наредната недела. Но, без оглед на тоа, во самиот закон, во преодните и завршните одредби, е наведено дека овој закон ќе се применува од први ноември годинава.  

Според пратениците од владејачката СДСМ, од правен аспект не е проблематично законот да се изгласа на петти ноември, а да почне да важи претходно, од стартот на месецот.

Сепак, во самиот предлог закон, во членот 9, е наведено дека „субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите согласно овој закон, започнува да се применува со исплата на плата за месец октомври 2019 година“, како и дека „подзаконскиот акт чие донесување е утврдено со овој закон, ќе се донесе во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон“.  

Дел од бизнисмените со кои разговаравме велат дека без разлика што во законот е наведено оти субвенционирањето ќе почне со исплатата на октомвриската плата, тие ќе ги зголемат дури ноемвриските. Во спротивно, на вработените би им задоцнила платата за овој месец. Ова од причина што дури по изгласувањето на законот ќе треба да се обезбеди посебна графа во МПИН пресметката, за ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување.

„Кај мене вработените се навикнати да земаат плата веднаш на почетокот на месецот, таман работа да ја задоцнам, ќе се случи револуција во фирмава“, вели сопственик на една компанија.

Затоа тој одлучил да ја искористи владината мерка почнувајќи од ноемвриската плата.

Планира на 20-тина свои вработени да им ја зголеми платата за по три илјади денари, и на тој начин да ги искористи владините субвенции.

„Ако досега тоа зголемување би ме чинело 4.300 денари заедно со персоналецот и придонесите, со новиот закон ќе ме чини 3.300 денари, бидејќи на зголемувањето од три илјади денари ќе се плаќа само персоналниот данок од 10 отсто. Тоа значи дека практично државата ќе ме ‘чести’ илјада денари, што не е малку. Зошто да не ја искористам оваа можност“, објаснува овој бизнисмен.

А на прашањето зошто доцни ставањето на дневен ред на Законот, пратениците од СДСМ велат дека тоа е од објективни причини. Прво, во изминатата недела бил на службено патување претседателот на Собранието Талат Џафери, а од стартот на оваа недела вниманието го окупира Комисијата за европски прашања. Утре, пак, на дневен ред во Собранието се пратеничките прашања. Затоа како единствен можен термин се искристализирал петти ноември.  

Со Законот за субвенционирање на придонесите се предвидува дека секој газда што ќе ја зголеми платата на своите работници за сума од 600 до 6.000 денари, за износот на зголемувањето ќе биде ослободен од придонесите, а ќе треба да го плати само персоналниот данок.

А дали некоја компанија ги исполнува условите за да земе субвенции од државата, ќе проверува Управата за јавни приходи.

„Управата, за обврзникот кој побарува субвенционирање на  придонеси за осигуреникот, ја проверува исполнетоста на законските услови“, наведено е во Предлог-законот.

Намерите на власта се со законот да им помогне на газдите кои ќе решат да ги „почестат“ работниците со повисоки плати, и тоа да оди преку легалните канали на државата. 

Исплатата на субвенците ќе оди Министерството за труд и социјална политика.

Владата долго размислуваше кој период да се земе како референтен, бидејќи, како што во една прилика рече премиерот Зоран Заев, одредени газди кога слушнале дека ќе се носи законот, веќе ги намалиле платите, за потоа да ги зголемат и да ги искористат субвенциите. 

Сепак, на крај одлучила тоа да бидат последните три месеци. 

„Референтен период се три последователни месеци кои претходат на месецот за кој обврзникот прв пат остварува субвенционирање на придонесите за определен осигуреник“, стои во предлогот.

Промовирани огласи »

Вкупно 2.631 лице до сега се стекнаа со правото на социјална пензија, информира Министерството за труд и социјална политика, од почетокот на спроведувањето на социјалната реформа.

Месечниот надоместок за лицата кои до сега не го остварија потребниот стаж за одење во редовна пензија изнесува околу 6.000 денари, а тоа се корисници над 65 години кои што досега немаа други извори на егзистенција. Тука се вклучени и лицата без ден работен стаж.

единствен хендикеп е тоа што во заедниците каде што мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална пензија месечниот надоместок го користи само еден член.

Правото да се поднесе барање за остварување на социјална пензија во месно надлежните центри за социјални работи е временски неограничено.

Промовирани огласи »

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, покрај одложувањето на прогресивниот личен данок на доход, рече дека за три години се одложува планот за оданочување на капиталните добивки и депозитот во банките. 

Оваа мерка требаше да започне од 1 јануари 2019, но се одложува до 1 јануари 2023, a беше и еден од столбовите на владината програма пред изборите во 2016.

Капиталната добивка ќе се вобеде за три години и со друг модалитет Анализата беше издржана на Комисијата од хартии од вредност и Македонска берза. Ги зедовме во предвид овие аргументи и решението ќе стапи на сила за три години. Не сакаме дестимулативно да влијаеме на развојот на берзата, рече Ангеловска.

Таа рече дека се одложува и оданочувањето на каматите од депозити за 36 месеци, поради комплицираното администрирање кое би следувало, според Ангеловска, а и нема да има еднаков третман со данокот за капитална добивка.

Ангеловска рече дека нема да се даночат обврзниците кои имаат до 2 милион денари годишен промет, односно нема да плаќаат ДДВ од 2020.

Тие се товар за системот и администрацијата. Тие се борат за да растат и напредуваат, а Владата треба да им даде шанса, рече Ангеловска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »