Промовирани огласи »

Идната година просечната пензија ќе достигне до 15.500 денари. Министерката за труд и социјала Мила Царовска неодамна изјави дека од идниот месец сите пензии во државата се зголемуваат за 700 денари, коишто ќе влезат во основицата на пензијата. До крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. „Со ова покачување во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари“, рече Царовска.

Според претседателката на Сојузот на здрженија на пензионери Станка Трајкова, зголемена пензија ќе добијат над 320 илјади пензионери. 

Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари.

Но, во земјава има и пензионери со многу ниски примања. Во Македонија минималната пензија е со закон утврдена, и таа не смее да биде пониска од близу 9.000 денари, или прецизно - 8.971 денар. Толку била најниската исплатена пензија во октомври оваа година. Или, изразено во евра, значи дека македонската минимална пензија е 146 евра. 

„Најнискиот износ на старосна пензија е дефиниран во член 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Износот на пензија зависи од периодот кога е остварено правото на пензија, и должината на пензискиот стаж. Постојат девет групи на минимални пензии и најнискиот износ на старосна пензија во октомври 2019 година изнесува 8.971 денар“, велат од Министерството за труд и социјална политика. 

Ова, како што објаснуваат од ресорот за труд и социјала, значи дека државата гарантира дека во земјава нема да има пензионер што ќе зема пензија пониска од овој износ, 8.971 денар. Или, дури и ако одредени пензионери, според пресметките, би требало да имаат пензија од, на пример, 5.000 денари, тие нема да го добиваат тој износ, туку оваа загарантирана минимална пензија. 

Од Министерството за труд за Фактор велат дека работат на анализи за утврдување на едно ново ниво на минимална пензија.

Она што е сепак загрижувачки, е што огромен број пензионери во земјава, или дури 44 отсто од нив, земаат пензија меѓу 8.971 и 12.000 денари. Ако во земјава има 321.000 пензионери, тоа значи дека дури 141.240 приматели на пензија практично го поминуваат месецот со износи меѓу 9 и 12 илјади денари.

Почнувајќи од јануари идната година, со оглед што пензиите се зголемуваат линеарно за сите пензионери за по 700 денари, и минималната пензија ќе порасне на 9.671 денар, или таа ќе биде на ниво од 157 евра. Плус, согласно индексацијата со трошоците на живот, пензионерите ќе добијат дополнителни меѓу 160 и 200 денари зголемување на пензиите.

Промовирани огласи »

Каде и да е, К 15 треба да легне на сметките на вработените во приватниот сектор. Газдите ги прават финалните пресметки - ќе ги почестат ли вработените со минималниот или со максималниот износ на регресот за годишен одмор.

А сумите се следниве, работодавачите мора најмалку да исплатат 10.170, но ако се повеликодушни можат да дадат и најмногу 14.920 денари. Согласно законските прописи, К 15 се пресметува минумум 40 проценти од просечната нето плата во последните три месеци, или максимум 40 отсто од исплатената  бруто платата .  

Какви казни ризикува газдата ако не го исплати регресот, или ако го плати но потоа ги бара назад парите од работникот, веќе е познато. Санкцијата е огромни 4.000 евра, но има и пострашна казна - затвор до една година. 

Владините функционери постојано апелираат до работниците да си ги бараат своите права, а газдите што ќе ја избегнуваат обврската, да бидат пријавени. 

А во кои случаи не ви следува регрес?

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на к-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.

Промовирани огласи »

Вредни награди ќе добијат оние кои скенираат фискални сметки. Ако и вие сте меѓу скенирачите тогаш имајте на ум дека највредната наградна игра која би можеле да ја добиете при МојДДВ #Моја награда изнесува 3 милиони денари.

Наградната игра почнува од од 15 декември а ќе се доделуваат по десет парични награди на дневно ниво.

Од тие 10 парични награди на дневно ниво, четири ќе бидат во износ од по илјада денари, три награди од по 2 илјади денари, и три награди од по 3 илјади денари.

Промовирани огласи »

Обврската за задолжителна исплата на К-15 стапи на сила во 2014 година кога на вработените во приватниот сектор како средства за годишен одмор им беа исплатени по околу 8.400 денари. 
За годинава максималниот износ кој треба да легне на сметките на вработените е најмалку 9.610 денари или максимални 14.090 денари. 
Работодавците имаат обврска до крајот на годинава да исплатат регрес но имајте на ум дека не на сите работници им следува К15.

Во кои случаи не ве следува годишен регрес?

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на к-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.

Треба да знаете и дека минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 % од просечната исплатена нето плата во РМ во предходните три месеци.

Но, имајте на ум дека се работи за 40% од просечната нето плата во Република Македонија, а не просечна плата во вашата компанија. Просечната плата во РМ се менува често, зависно од месецот во кој сакате да го исплатите регресот за годишен одмор треба да проверите во тој месец колку е просечната плата во РМ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »