Промовирани огласи »

Од стартот на идната година законот ќе стапи на сила, но граѓаните и компаниите уште не знаат колкави ќе бидат даночните стапки и на кои видови возила. Законот за данок на моторни возила во петокот беше на разгледување пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, а од први јануари идната година треба да стапи на сила. 

Со овој закон се предвидува дека висината на данокот ќе зависи од годината на производство на возилото и неговата набавна цена, како и од тоа колкава емисија на јаглерд диоксид испушта во околината. 

Министерката за финансии Нина Ангеловска неодамна изјави дека станува збор за неселективно системско решение, кое воведува еколошка компонента, што пак, значи дека оние што загадуваат, ќе плаќаат поголем данок. 

Но, висината на данокот уште не се знае. Таа, како што вели и министерката, ќе се утврди со уредба, што ќе се донесе по усвојување на законот. Уредбата ќе дефинира каде колку ќе биде данокот по вредност на возилото, а колку данок по загадување.

„Станува збор за комплетно нов закон, кој системски адресира одредено прашање, неселиктивно, односно зборуваме за закон на кој работеше Министерството за финансии и Царинската управа и кој треба да стапи во сила од 1 јануари. Првпат имаме ваков закон што воведува еколошка компоненета и кој вели - оние што загадуваат помалку ќе плаќаат помал данок, оние што загадуваат повеќе ќе плаќаат поголем данок. Претходно тоа се нарекуваше акциза и беше регулирано во Законот за акциза и сега тоа повеќе не е таму регулирано, туку имаме нов закон за моторни возила по примерот на развиените земји“, изјави Ангеловска во петокот.

Според неа, користен бил примерот на Хрватска, каде се покажале значителни резултати со дестимулирање купување возила што загадуваат. 

„Досега даночењето на возилата беше третирано исклучиво од фискален аспект на приходи во Буџетот. Со новиот предлог-закон се стимулира набавката на еколошки возила. Најчесто купуваните возила меѓу 8 и 15.000 евра, со еуро стандард 5 или 6, ќе имаат дури и помал данок. Целта на новиот начин на оданочување на возилата е да се влијае на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во текот на целата година“, нагласи министерката.

Директорот Танасоски вели дека не може преку ноќ да се преуреди структурата на возниот парк, кој има просечна старост меѓу 15 и 18 години, и во кој само еден процент од возилата имаат еуро 6 стандард. „Но, од некаде мора да се почне, новиот закон за данок на моторни возила е прв исчекор, а резултатите можеме да ги очекуваме по три-четири години“, смета Танасоски.

Граѓаните кои ќе набавуваат возило по стапувањето на сила на новиот Закон, ќе имаат на располагање Калкулатор на веб страната на Царинската управа, за пресметка на данокот.

Како данокот ќе влијае врз цената на автомобилите што ќе се увезуваат, тој објасни дека промената на цените на возилата не се очекува да се почувствува во првата година, туку процесот ќе се одвива постепено.

Во предлог законот, меѓу другото, стои и дека на таксистите ќе им бидат вратени 25 отсто, односно 80 проценти од данокот, ако се работи за возило со осум или девет седишта. Истото важи и доколку такво возило правни лица користат за превоз на лица за службени потреби, како и за возилата за домување. Истиот член предвидува и износот на платениот данок да се врати во целост за нови трицикли или четирицикли набавени од страна на регистрирани лица за вршење основна дејност комунална хигиена.

Од Стопанската комора на Македонија сметаат дека „имајќи ја предвид актуелната состојба со аерозагадувањео, за поздравување е фактот што се предвидува оданочување на моторните возила, покрај врз основа на нивната вредност, и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид“. Но, додаваат, „спорно е дали со овој закон ќе се постигнат позначајни цели во овој контекст“.

Наведуваат две причини. Прво, на Владата и се дава надлежност да го пропишува начинот на пресметка и да ги утврдува износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила. 

„Од предложената одредба во која недостигаат даночните стапки, јавноста не може да се увери во исправноста на концептот, бидејќи на овој начин не може да се утврди износот кој би требало да го плаќаат деловните субјекти и граѓаните, што создава правна несигурност. ... Оттаму, не може да се претпостави, ниту да се утврди дали и какви ефекти ќе се постигнат со промените, односно дали новото решение ќе ги даде посакуваните резултати од фискален аспект и од аспект на заштита на животната околина“, сметаат од Стопанската комора на Македонија.

Второ, според комората, во новиот Законот се предлага само патничките возила, мотоцикли и скутери, трицикли и четирицикли кои се движат исклучиво со електричен погонски мотор, да не се предмет на оданочување со данок на моторни возила. Досега патничките автомобили на хибриден погон беа ослободени од акциза, а согласно пропишаното, тие ќе се оданочуваат со новиот данок.

„Доколку предлагачот на новиот закон се води од намерата со предложеното решение да се постигнат одредени цели поврзани со намалување на аерозагадувањето, тогаш ваквиот предлог е неразбирлив, особено кога станува збор за возила кои се хибридни, а кои се приклучуваат на надворешен извор на електрична енергија „plug-in“. Тие возила имаат целосно електричен досег на возење од околу 30 до 80 км, зависно од моделот, што значи дека во градски услови на возење, тие не се критични од аспект на загадувањето, и можат да се употребуваат и третираат како целосно електрични возила... Имајќи предвид дека нивната производна цена е висока во споредба со другите возила, нивното оданочување со новиот данок на моторни возила ќе ја зголеми нивната цена и веројатно ќе ја дестимулира продажбата на истите“, велат од комората.

Оттаму сметаат дека во Собранието треба да се отвори сериозна дебата како во однос на вклучувањето на даночните стапки во новиот закон, така и во однос на потребата од изземање од оданочување на патничките возила кои се движат на хибриден електричен погон, со можност да бидат полнети со приклучување на надворешен извор на електрична енергија.

Во изминативе 10 години во земјава биле увезени над 300 илјади половни автомобили. 

Промовирани огласи »

Официјално од 15 Декември односно од вчера почна и наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“.

Право на учество имаат сите оние кои скенираат фискални сметки а она што треба да го знаете ако сте и вие еден од скенирачите е дека ќе имате трикратна корист.

Тоа всушност значи можност за добивање на една од паричните награди до 3.000.000 денари, второ поврат на ДДВ и трето придонесувате во борбата против сивата економија. 

За да бидете дел ид наградната игра, треба да сте регистрирани на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, како и да ги прифати  условите за учество во МојДДВ #МојаНаграда.

Вкупниот фонд на награди е 3.852 во вкупен износ од половина милион евра а имајте на ум и дека секој ден се скенираат фискални за 10 дневни награди - 4 од 1.000, 3 од 2.000 денари и 3 од 3.000 денари.

Повеќе детали може да прочитате на овој линк

Започнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“
  

Промовирани огласи »

Зголемен број претставки за вознемирување на работното место се евидентирани годинава. До канцеларијата на народниот правобранител заклучно со ноември се поднесени 24 претставки, што е трикратно зголемување во споредба со лани, кога имало само осум претставки по оваа основа.

Информациите од Основен граѓански суд Скопје до кои дојде МИА покажуваат дека се евидентирани вкупно 12 предмети по оваа основа, од кои три се решени, а останатите се во тек.

– Споредбено со 2018 година, кога биле евидентирани седум предмети со бараната основа, во 2019 година е евидентно зголемување на бројот на предметите со основа мобинг – велат од Основен граѓански суд Скопје за МИА.

Ова покажува дека работниците сè повеќе стануваат свесни, го препознаваат и го пријавуваат мобингот, но од друга страна засегнатите во оваа проблематика укажуваат дека има одредени проблеми при имплементацијата на Законот за заштита од вознемирување на работното место. Според нив, решавањето на оваа негативна појава бара сериозен пристап од сите чинители во општеството, а мора да се работи и на планот на едукација на работниците за остварување, унапредување и заштита на нивните права.

– Психичкото вознемирување на работното место претставува кршење на основните човекови права загарантирани со највисоките прописи во Република Северна Македонија кои се темелат врз меѓународните стандарди. Тоа е негативна појава на работното место која има последици врз физичкото и менталното здравје на работниците, а истовремено влијае врз семејната хармонија, продуктивноста и квалитетот на работата. Психичкото вознемирување на работното место, како широко распространета негативна појава, бара сериозен пристап од сите институции во државата, со цел да се обезбедат правни и општествени услови и претпоставки за негово намалување и спречување – велат од Сојузот на синдикати, кои беа и иницијатори за донесување на Законот во 2013 година.

До правната служба при ССМ во првата половина од годинава било пристигнато само едно обраќање, кое е решено спогодбено, но она што е специфично е дека евидентираат зголемен број поплаки од работници кои не се членови на синдикатот.

– Правниците на ССМ во седиштето во Скопје и во регионалните синдикални претставништва и синдикални канцеларии ги преземаат сите законски дејства и постапки за заштита на работничките права на своето членство. Карактеристично е тоа што во ССМ има голем број обраќања во врска со вознемирување на работнoто место, но од лица кои не се членови на синдикатот. Овие податоци упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчестo се случува во средини каде што работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права, истакнуваат од ССМ во одговорот што го побара МИА.

Во 2013 година, кога стапува во сила Законот за заштита од вознемирување на работното место, ССМ евидентира осум обраќања врз основа мобинг, а веќе следната година седум обраќања. Во 2015 година во ССМ имало три обраќања, во 2016 година едно обраќање, додека во 2017 и 2018 година до ССМ не пристигнало ниту едно обраќање од член на синдикат за мобинг.

– Во некои случаи се изготвени обраќања до работодавачот и до лицето кое е посочено како вршител на вознемирувањето, во три случаи се изготвени тужби, а во еден случај е водена судска постапка, која е негативно завршена. Во дел од случаите проблемите се надминати спогодбено по пат на разговор и советување со учество и посредништво и на синдикалните претставници на ССМ – информираат од Синдикатот.

Позитивно решен судски спор за мобинг, поттик за работниците и предупредување за моберот

Првата пресуда за мобинг во Македонија е донесена во 2016 година. Тужителот беше лице вработено во институција од јавниот сектор, подложен на мобинг правен со повеќе дејства и од страна на повеќе лица. Мобингот му бил правен така што не му бил даван годишен одмор, бил ставен во изолација, не му биле давани работни задачи, а еден период не му бил даван ниту електронски пристап до информации ниту, пак, бил испраќан на обуки. Сите овие факти биле докажани во постапката, која резултира со првостепена пресуда во корист на тужителот.

Во Основниот граѓански суд Скопје беше донесена и првата пресуда за мобинг против судија, односно претседател на суд. Имено, Граѓанскиот суд одлучи дека поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1 – Скопје, Владимир Панчевски, вршел мобинг врз вработениот во човечки ресурси Горан Стаменковски.

Експертите сметаат дека судскиот спор решен во корист на работникот врз кој е извршен мобинг е доволен поттик за останатите работници кои се жртви на мобинг да ги побараат своите права, а од друга страна, пак, решените судски пресуди во корист на жртвата на мобинг би ги одвратиле лицата кои вршат мобинг од ваквите дејства.

Во Европа највисока отштета за мобинг – 800 илјади фунти

Највисоката отштета за мобинг исплатена во Европа изнесува неверојатни 800 илјади фунти. Имено, извесна Хелен Грин од Велика Британија ја тужела „Дојче банка“ бидејќи на работното место четири години преживувала мобинг од нејзиниот претпоставен Ричард Елистон и уште од четири нејзини колешки.

Високиот суд во Лондон пресудил дека таа претрпела малтретирање на работното место, па затоа фирмата во која работела треба да ја обесштети за 800.000 фунти. Судот одлучил дека банката не презела ништо за да се спречи психичкото вознемирување на вработениот, па затоа целиот товар паѓа на компанијата заедно со сите судски трошоци.

Веднаш по пресудата, од банката се изјасниле дека ќе ја почитуваат судската одлука и ќе ѝ ја исплатат отштетата на Грин. Таа останала и понатаму на своето работно место во Секретаријатот за поделба на работата, во седиштето на „Дојче банка“ во Лондон.

Мобингот предизвикува и здравствени последици

Мобингот е широко распространета појава, која остава здравствени и психолошки последици кај лицето жртва на мобинг. За жал, луѓето честопати не се свесни дека се жртви на мобинг и им е потребно многу време за да сфатат. Затоа, според синдикатите, од голема важност е превенцијата, односно едукацијата, со цел работниците навреме да ги препознаат видовите и облиците на мобинг.

МИА

Промовирани огласи »

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од 3.852 награди во вкупен износ од половина милион евра. Секој ден се скенира за 10 дневни награди – 4 од 1.000, 3 од 2.000 денари и 3 од 3.000 денари. Недобитните сметки од дневниот циклус добиваат сериски броеви кои ќе влезат во месечниот циклус за 15 награди од по 100.000 денари, како и за двете премии од 3.000.000 денари.

Наградната игра ќе трае една година. Предвидени се 1.468 награди од по 1.000 денари, 1.101 награда од по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и две главни премии од по 3.000.000 денари.

За да учествува во наградната игра, лицето треба да е регистрирано на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, како и да ги прифати условите за учество во МојДДВ #МојаНаграда.

Извлекувањето на дневните награди ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирање на сметката. Сите недобитни пак, ќе добијат порака со едукативно-информативна содржина. Исто така, недобитните скенирани сметки добиваат сериски број со кој учествуваат во извлекувањата во тековното коло за 15 награди од 100.000 денари, како и за двете главни премии.

Извлекувањето на наградите од по 100.000 денари и премиите од 3 милиони денари ќе се одвиваат во живо од студиото каде се одвива Лото извлекувањето веднаш по извлекувањето на Лото 7 и Џокер. Првото извлекување за 15 награди од по 100.000 денари ќе биде на 4 јануари 2020.

За сите дополнителни прашања граѓаните можат да се обратат до контакт центарот на Државна лотарија, или страната loto.mk/MojaNagrada.

Од денеска граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист: можност за добивање на една од паричните награди до 3.000.000 денари, второ поврат на ДДВ и трето ќе придонесуваат во борбата против сивата економија. При презентација на наградната игра министерката за финансии Нина Ангеловска посочи дека МојДДВ #МојаНаграда е креирана по најдобри практики на наградни игри во други земји за адресирање на сива економија. Со наградната игра граѓаните добиваат мотивација плус да бараат и скенираат фискални сметки и со тоа да влијаат на намалување на даночната евазија која е штетна за економијата .„Единствено кога губи сивата економија, добиваат сите“, рече Ангеловска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »