Промовирани огласи »

СДСМ како одговорна социјал-демократска партија во континуитет докажува дека вистински се грижи за сите граѓани. Преку одговорни економски мерки и политики обезбедува повеќе пари во секое семејство.

Во таа насока е и мерката за субвенционирање на придонесите за здравствено и социјално осигурување, наменета за сите оние работодавачи кои ќе им ги зголемат платите на своите вработени.

СДСМ преку  Владата која ја предводи, донесе Закон за субвенционирање придонеси за сите оние кои платите на своите вработени ќе им ги зголемат од 600 до 6.000 денари.

За оваа мерка, субвенции од државата досега побарале вкупно 8.000 фирми, а повисоки плати ќе добиваат околу 45.000 вработени.

При тоа, важно е да се напомене дека правото за субвенции на придонесите поради технички причини се уште не го оствариле околу 1.300 работодавачи за 47.000 вработени.

Со нивното решавање, вкупната бројка на работници кои ќе добиваат поголеми плати изнесува 92.000.

58 милиони денари е сумата која ќе биде наменета за субвенционирање на придонесите за месеците октомври и ноември, која фирмите треба да ја добијат за да може да исплатат поголеми плати.

Ова е само една од мерките за економски развој, која има за цел и задржување на вработените во земјата, но и сузбивање на сивата економија односно намалување на трендот на примање плата на рака.

Економскиот раст кој е производ на мерките и политиките на СДСМ, се гледа и преку отворањето на нови 59.000 работни места и намалување на невработеноста на историски најниски 17,1%.

Отворање на нови работни места, порастот на минималната плата, порастот на просечната плата, зголемувањето на платите во јавниот сектор, порастот на извозот и индустриското производство, зголемени странски инвестиции и отворање на нови фабрики се реалност и потврда на успешноста на оваа Влада.

СДСМ продолжува со реализација на мерките кои обезбедуваат економски раст и развој повеќе пари кај граѓаните, подобар животен стандард за сите.

Промовирани огласи »

Текстилни работнички од две конфекции во Делчево се пожалиле до невладината Гласен Текстилец дека од 1 јануари нема да добиваат топол оброк и бесплатен превоз од домовите до конфекциите, дознава „Телма“.

Сопствениците ова им го соопштиле вчера. Инаку правото на топол оброк и на превоз е укинато од пред десет години и се влезени во бруто платата, но досега ги добивале со цел да ги привлечат и работат за нив, пишува „Телма“.

Промовирани огласи »

Во наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега учествуваат 110 илјади граѓани и се доделените првите 30 награди, при што за трипати се зголемени бројките за скенирани сметки, наплатата на ДДВ и на корисниците на мобилната апликација, објави министерката за финасии Нина Ангеловска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Ангеловска  истакнува дека за само три дена се скенирани над 60 проценти повеќе сметки на дневно ниво, зголемена е наплатата на ДДВ за 15 проценти, како и дека има трипати повеќе нови корисници на мобилната апликација.

– За само три дена, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда успеа да ги триплира бројките: скенирани над 60% повеќе сметки на дневно ниво споредено со просекот пред почетокот на играта (од 260К на 400К на ден во просек), зголемена наплата на ДДВ за 15%, споредено со просекот пред почетокот, три пати повеќе нови корисници на мобилната апликација на дневно ниво.Во наградната игра до сега учествуваат околу 110 000 граѓани, а во првите три дена доделени се и првите 30 награди, наведе Ангеловска.

За наградната игра раѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ. Наградниот фонд е половина милион евра, а ќе се доделат 3852 парични награди на дневна, месечна и две главни награди.

На дневна основа ќе се доделуваат четири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите ќе се влечат електронски, известувањето ќе се добива веднаш по скенирање на сметката, а граѓаните средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

На месечно ниво предвидено е доделување 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда. Датумите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето што се емитува на Канал 5 телевизија.

Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година. Наградната игра ќе трае една година, до 14 декември 2020 година.

Промовирани огласи »

Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека имплементацијата на единствениот европски број за итни повици 112 е почната и во најголем процент воведувањето во употреба на овој број треба да заврши кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година.

ЦУК информира дека 112 е телефонски број за итни повици за граѓаните на Северна Македонија, како и странци кои се наоѓаат на наша територија, а забележале настан со потенцијална опасност за животот на луѓето или материјалните добра.

Согласно добиените финансиски средства од страна на Европската комисија во рамките на програмата „Миграција и азил, гранчен менаџмент и борба против тероризам и организран криминал“, како и предвидените финансиски средства во буџетот на Центарот за управување со кризи за следните три години, започната е имплеметнацијата на проектот. Паралелно, со набавката на опремата ќе се работи и на обука на лица кои ќе ги примаат повиците и ќе управуваат со нив, соопшти ЦУК.

Од ЦУК дополнуваат дека со воведувањето во употреба на единствениот европски број за итни повици ќе биде обезбедено и мултијазична поддршка, достапност до бројот до многу ранливи категории на луѓе, луѓе со различен вид на попреченост, како и достапност до бројот 112 преку социјалните мрежи.

Во моментов, како што велат, се работи на градежно, имформациско и комуникациско уредување на просторот наменет за оперативниот центар.

Наредната година ЦУК ќе се фокусира на имплементација на Процената на загрозеноста на безбедноста на земјава од сите ризици и опасности на државата, Процени на загрозеноста на подрачјата на општините и Град Скопје и Веб базирана алатка „e-procena“.

Процената претставува документ кој е во функција на планирање и организација на системот за управување со кризи, го помага процесот на одлучувањето на надлежните носители на функции и одговорности, ја поддржува комуникацијата, координацијата и употребата на ресурсите заради превенција, рано предупредување и справување со сите ризици и опасности кои можат да го загрозат животот и здравјето на луѓето, материјалните и природните богатства, како и општата безбедност на државата, информира ЦУК.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »