Промовирани огласи »

Последните измени на Законот за пушење кои стапија на сила мината година со кои се дозволи пушење во затворените тераси на локалите се причина за нервоза и револт кај скопјани. Во период на предновогодишни прослави и кога скопјани поминуваат повеќе време во кафеани и ресторани пушењето е причина за нервоза и револт. Тие коментираат дека умирисани и исчадени се враќаат дома.

Непријатно е чувството кога ќе излезеш од кафуле или ресторан целосно умирисан на цигари, а не си пушач. Особено е комплицирано за зимската облека, капутите и јакните кои не можеш да ги переш секојдневно, вели Билјана Б. Од Скопје.

Пушењето во угостителските објекти е забрането во речиси сите земји кои се членки на Европската унија. Во моментов 17 земји членки на ЕУ имаат донесени закони со кои се забранува пушењето на јавни места. Меѓу нив, Ирска, Велика Британија, Грција, Бугарија, Малта, Шпанија и Унгарија имаат најстроги одредби без чад со целосна забрана за пушење на затворени јавни места, на јавен превоз и на работни места. Македонија и останатите земји од Балканот се надвор од ова правило на унијата.

Освен пушењето во затворените тераси дополнителна причина непријатната миризба на облеката е загадувањето. Периодот се почесто Скопје е под магла и со високи вредности на ПМ 10 честички во воздухот.

Промовирани огласи »

A1 Македонија, организаторот на А1 Game Fest 2019, најголемиот е-спорт и гејминг настан за оваа година, со задоволство објавува дека фестивалот на игрите оваа година ги надмина очекувањата на организаторите и учесниците и понуди вистинска забава за сите гејмери.

На настанот на кој продефилираа повеќе од 10.000 посетители од земјата и регионот, над 2000 пријавени гејмери се натпреваруваа во Clash Royale, Counter Strike: Global Offensive, FIFA20, DOTA2, Fortnite, Hearthstone, Tekken 7, и во Cosplay натпревар во маскирање. Со своето присуство на големо задоволство на присутните и учесниците настанот го збогати и Мартин `Saksa` Саздов, најдобриот играч на DOTA 2 од Македонија во светот, кој го има освоено второто место на The International во 2016 со својот тим – најголемиот турнир во DOTA 2.

Натпреварите се одвиваа преку 10 гигабитен линк обезбеден од страна на А1 Македонија. Оптичкиот интернет покажа супериорен квалитет и стабилност со брзина од скоро 1 гига, неопходен за ултимативно гејмерско искуство.

Во соработка со GG.MK, сите натпревари беа покриени од коментатори за секоја игра посебно, стримани во живо на сервисот на GG.МК, a пренесени преку најсовремената мрежа наА1 Македонија.

Трите најголеми сали и холот на Cineplexx доловија амбиент во духот на светските гејминг натпревари.

Наградниот фонд за натпреварувачите беше околу 10 илјади евра, а на публиката и беа поделени и преку 1000подароци, како и опрема за гејминг обезбедена од компанијата Сетек Сè од Техника –изложувач на А1 Game Fest 2019.

А1 Македонија останува посветена на најновите трендови на светската телекомуникациска сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата и на е-спорт и гејминг заедницата во земјата која незапирливо расте. А1 Game Fest останува на мапата на активности на компанијата во знак на негување на оваа култура, нејзина поддршка и унапредување. 

Промовирани огласи »

„InterNations“ врз основа на анкета во која учествувале 20.000 луѓе направи листа на најдобри градови за живот. 

Во топ 10 се најдоа градови од сите континенти. Во првите 10 има дури пет европски градови. 

1. Тајпеј; 
2. Куала Лумпур; 
3. Хо Ши Мин; 
4. Сингапур; 
5. Монтреал; 
6. Лисабон; 
7. Барселона; 
8. Цуг; 
9. Хаг; 
10. Базел.

фото Википедија

Промовирани огласи »

Молери, водоинсталатери, монтери... Во Македонија има се помалку мајстори, иако за нив има постојано работа.

Дел од оние кои знаат добро да си ја работат својата работа веќе заминале во странство, бидејќи таму, мајсторските работи, се далку поплатени. Дел од оние кои останале тука, се премногу зафатени, па за да дојдеш до нив треба да закажуваш термин и да чекаш некогаш и со месеци.

На страната на Агенцијата за вработување, постојано се објавуваат огласи дека се бараат мајстори.

Ќе изумрат ли овие професии. Зошто младите не се одлучуваат да се занимаваат со ова?

Во последните неколку години Владата стана најголем работодавац, па така сите млади сакаат да работат во администрација, а никој не се одлучува да биде мајстор, и покрај тоа што ќе знае дека веднаш ќе го чека работа.

Овие професии се добро платени во странство, па затоа оние кои добро се обучени, и веќе заминале таму, за добра плата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »