Промовирани огласи »

На седницата одржана пред Нова година, Владата на Македонија ја донесе Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила врз основа на критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила. Тој важи веќе од денес, 2 јануари и истиот е веќе објавен во Служен Весник на Македонија.

Се укинуваат досегашните акцизи и истите се заменуваат со овој нов данок. Со оваа уредба, како и со критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила се очекуваат големи придобивки за целото општество преку намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, преку обнова на возниот парк со поттикнување на купување на поеколошки возила како резултат на намалување на данок на возила со голема економичност на гориво, како и набавка на хибридни и електрични возила со ниска или “0“ емисија на јаглерод диоксид – CO 2.

Само две категории на возила нема да бидат опфатени со новиот данок, оние чија продажна вредност е до 10.000 евра и испуштаа 0 кг/км Цо2. Сите други ќе бидат оданочени според новиот критериум. Електричните возила се ослободени од овој данок, за плаг-ин хибридите се плаќаат 50% од пресметаната вредност, додека хибридите го плаќаат во целост.

Примената на новиот закон за данок на моторните возила стартуваше од 1 јануари 2020 година, со тоа што вредноста на еколошката компонента во 2021 година ќе биде зголемена за 25%, а од 12 јануари 2022 година за 50%.

Едниот критериум е продажната вредност на возилото. Според него во иднина ДДВ ќе се плаќа според следниот критериум: за возила до 10.000 евра – 0%, за возила над 10.000 до 12.000 евра – 1,0%, за возила над 12.000 до 14.000 евра – 2,0%, за возила над 14.000 до 16.000 евра – 4,0%, за возила над 16.000 до 18.000 евра – 6,0%, за возила над 18.000 до 20.000 евра – 8,0%, за возила над 20.000 до 23.000 евра – 10,0%, за возила над 23.000 до 26.000 евра – 12,0%, за возила над 26.000 до 29.000 евра – 14,0%, за возила над 29.000 до 32.000 евра – 16,0%, за возила над 32.000 до 35.000 евра – 17,0%, за возила над 35.000 до 40.000 евра – 18,0%, за возила над 40.000 до 50.000 евра – 19,0% и за возила над 50.000 – 20,0%.

Другата компонента, еколошката се пресметува според количината на јаглерод дикосид што се испушта, и истата се множи со коефициент што онапред е утврден. Истиот е различен за бензинските и за дизел агрегати.

За возила кои емитуваат 0 g/km CO₂ – 0 денари за секој грам, за возила кои емитуваат над 1 до 50 g/km CO₂ – 5 денари за бензинските и LPG и CNG односно 10 за дизелите за грам, за возила кои емитуваат над 51 до 75 g/km CO₂ – 10 денари за бензинските и 20 за дизелите за секој грам, за возила кои емитуваат над 76 до 90 g/km CO₂ – 20 денари за бензинските (40 за дизелите) за секој грам, за возила кои емитуваат над 91 до 100 g/km CO₂ – 30 денари за бензинските (60 за дизел) за секој грам, за возила кои емитуваат над 101 до 110 g/km CO₂ – 40 денари (80 за дизел) за секој грам, за возила кои емитуваат над 111 до 130 g/km CO₂ – 50 (100) денари за секој грам, за возила кои емитуваат над 131 до 140 g/km CO₂ – 70 (130) денари за секој грам, за возила кои емитуваат над 141 до 150 g/km CO₂ – 100 (160) денари за секој грам, за возила кои емитуваат над 151 до 170 g/km CO₂ – 130 (190) денари за секој грам, за возила кои емитуваат над 171 до 190 g/km CO₂ – 160 (220) денари за секој грам, за возила кои емитуваат над 191 до 225 g/km CO₂ – 190 (250) денари за секој грам, за возила кои емитуваат над 226 до 255 g/km CO₂ – 220 (280) денари за секој грам и за возила кои емитуваат над 256 g/km CO₂ – 250 (320) денари за секој грам.

Промовирани огласи »

Цените на патарините предизвикуваат доста главоболки кај сите возачи. Иако постојано се дискутира за покачување на цените на патарините со изговор дека тоа се прави со цел да се соберат финансиски средства кои би се искористиле за еколошки цели и за инфраструктурни проекти, сепак покачувањето и воведувањето на нови патарини на патните правци имаат сериозни финансиски импликации за оние кои секојдневно патуваат на релации каде има патарини.

Сепак патарините не се болка за сите во Европа.

Постојат доста држави во Европа каде не постојат патарини. Можеби веднаш на ум ви доаѓа Монако и Ватикан како нетипични државни уредувања со мала површина, сепак и жителите на Финска и Украина не плаќаат патарини.

Долго време во овие две земји граѓаните се поштедени од патарини кога патуваат низ земјата. Покрај во Монако, Ватикан, Финска и Украина доколку патувате и во Естонија, Кипар и Малта ќе бидете поштедени од плаќање на патарини.

Листата на земји каде не постојат патарини ја сочинуваат уште и Косово, Лихтенштајн и Луксембург.

Промовирани огласи »

Зголемувањето на бројот на електрични возила ја зголемува и потребата од повеќе полначи и суперполначи со кои возилата многу побрзо ќе можат да го надополнуваат батериите. Tesla ја ажурираше својата мапа на суперполначи за 2020 година со еден куп нови локации што треба да ги покрие мрежата за брзо полнење.

На листата на Tesla се најде и Македонија, и според нивните најави во Скопје треба да биде отворен за почеток еден суперполнач. Како што најавуваат од Tesla дополнително ќе биде објавено каде на која локација и кога тоа ќе се случи.

Освен во Скопје во соседните земји најавени се суперполначи и во Солун, Јанина, Ламија, Атина, Спарти (Грција), Пловдив (Бугарија), Пожега, Белград, Јаловик Извор.

Во моментов во Македонија има мрежа на ЕВН на полначи за електрични возила. На истата има полначи што се веќе во функција и оние што треба да бидат пуштени наскоро.

Во текот на последните неколку години, Tesla даде неколку големи ветувања за проширување на мрежата на суперполначи но за кратко време потоа истите не се исполнија. Доцнењето се чинеше дека е барем делумно поврзано со распоредувањето на новата генерација на технологијата на суперполначи, Supercharger V3, што и самиот забележа неколку одложувања пред појавата.

Целиот текст прочитајте го на 24ауто.мк ТУКА.

Промовирани огласи »

Од 1 март 2020 година Луксембург ќе стане првата земја во светот што ќе добие бесплатен јавен превоз.

Властите во Луксембург се надеваат дека на овој начин ќе придонесат за намалување на бројот на автомобили на патиштата, како дел од долгорочниот план за намалување на емисијата на штетни гасови.

Бројот на луѓе кои користат јавен превоз сè уште не е на ниво што долго време го посакувавме, затоа дојдовме до идеја дека е бесплатен. Се надеваме дека ова ќе биде една од причините што луѓето користат јавен превоз многу повеќе, рече Лиди Полфер градоначалникот на Луксембург.

Автобускиот превоз досега беше бесплатен во сабота и други одредени денови.

Властите во Луксембург, исто така, одлучија  сите автобуси во земјата до крајот на 2020 година да бидат електрични, со цел да се намали загадувањето на воздухот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »