Промовирани огласи »

Почнувате со работа во нова фирма или пак си заминувате? Тоа значи дека треба да се пријавите или одјавите од работен однос, односно од задолжително социјално осигурување. Во некои компании таа работа ја извршуваат административни асистенти или сметководители, но некаде треба да го направите тоа сами

Пријавување во работен однос

Работодавачот, како што наведува Агенцијата за вработување на Македонија, е должен да го пријави секое засновање и престанок на работен однос.

Пријавувањето на работен однос, работодавачот може да го изврши по електронски пат (само за приватниот сектор) или непосредно на шалтерот во центарот за вработување. Пријавувањето на работен однос рабодотодавачот е должен да го изврши најдоцна еден ден пред работникот да стапи на работа, со поднесување на потребната документација до центарот за вработување на чие подрачје се наоѓа седиштето на компанијата, односно местото на работење на работодавачот.

Меѓу потребните документи за пријавување работен однос се:

ППР образец, во којшто рокот за пријавување не може да биде пократок од три работни дена,
Овластување на овластеното лице со список на лица кои ги пријавува
Исечок од објавениот оглас во дневен печат, доколку огласот бил таму поставен или фотокопија од договор за користење на услуги доколку се користени услуги на Агенција за посредување при вработување
Известување, односно согласност доколку се пријавува работен однос во државна или јавна институција.
Штом се приложат овие документи, се евидентира пријавувањето на работниот однос во електронскиот образец М1/М2 во системот на Агенцијата за вработување.

Одјавување на работен однос

Одјавувањето од работен однос се врши со поднесување на потребната документација до центарот на вработување во местото каде што бил пријавен работникот. Одјавувањето од работен однос во приватниот сектор може да се врши и по електронски пат, само доколку и пријавувањето е направено на тој начин.

Одјавувањето од работен однос го врши работодавачот во рок од осум дена од денот на престанок на работниот однос.

Потребни документи за одјавување на работен однос:

Овластување на овластено лице со список на лица кои ги одјавува
Електронски образец М1/М2 испечатен од системот.

Промовирани огласи »

Текстилната индустрија е во криза, капиталот ќе се сели во други сектори, а тоа ќе значи и отпуштања на вработените кои се ангажирани. Текстилните стопанственици се жалат дека ќе бидат принудени да затвораат и бараат поддршка од државата. Велат дека во континуитет се соочуваат со проблеми, со недостиг на кадар, а немаат ни профит. 

На прес конференција во Стопанската комора се пожалија дека поради одливот на кадри ќе ги пренасочуваат своите вложувања, а оваа индустрија ќе колабира. 

„Покрај ниската продуктивност поради нискиот технолошки развој на компаниите и немањето минимум знаење од кадарот што се вработува, на состојбата на оваа индустрија влијае и нефункционирањето на правната држава, сивата економија и егзодусот на младите. Главни предизвици на текстилната индустрија во наредниот период се вложувањето во нова технологија и нешто да се направи во однос на егзодусот на младите. А тука реформите во образовниот процес и структурните реформи се во прв план, вели Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната и кожарската индустрија. 

Тој вели дека неколку фабрики веќе се затвориле и оти засега, состојбата е најтешка во кумановското стопанство. 

Според рофесорот Дарко Лазаров од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ниската продуктивност, е причина за малите плати во текстилната индустрија. 

Платите во ваква состојба не можат да бидат поголеми, а не можат да бидат поголеми и со некои институционални решенија од типот зголемување на минималната плата. Оваа индустрија на ова ниво на продуктивност е на работ на егзистенција. Затоа се неопходни воздржувања на креаторите на економските политики во делот на најавите за натамошно зголемување на минималната плата. Тоа нема да им наштети на сопствениците кои ќе бидат приморани да ги затворат своите фабрики, туку многу повеќе ќе им наштети на работниците кои во текстилната индустрија се преку 30.000 и тоа квалификувани, на возраст од 50 – 55 годишна возраст. Нивната преквалификација за една до две години е практично невозможна, па ако се случи таков потег на кој било иден креатор на политики во земјава, ќе се соочи со крах на оваа индустрија и прилично големи отпуштања, вели Лазаров. 

Просечната плата во текстилната индустрија минатата година била 17.816 денари и генерално се зголемувала во континуитет, од 2009-та наваму, додека бројот на работници е намален. Во 2009 година текстилната индустрија учествувала со 37,9 отсто во вкупниот број вработени во преработувачката индустрија, а во 2018-та учествува со 28.82 процента. Во однос на вкупната вработеност во земјава, пак, во 2009 година учествувала со 9,32 отсто, а во 2018-та со 6,32 процента.

Вкупниот извоз на текстилната индустрија (облека, обувки и кожа) лани изнесувал 543 милиони евра што е 8,5 отсто учество во вкупниот извоз на државата, но воедно и намалување од 6,5 проценти во однос на извозот во текстилната индустрија во 2018 година кога вредноста била 581 милион евра или 38 милиони помалку.

Промовирани огласи »

Повисокиот курс на доларот во однос на денарот е причината поради која регулаторната комисија овој понеделник реши повторно да ги зголеми цените на нафтените деривати.

Според одлуката од ноќеска на полноќ нафтените деривати поскапуваат за половина до еден денар по литар.

Тоа значи дека оние кои возат автомобили на бензин, ќе точат  ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапо за еден ден/лит или поточно ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 69 денари.

Од друга страна, дизелашите ќе полнат резервоари по цена поскапа за половина цена од претходната недела, или 58,5 денари по литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)

Неделава која е пред нас, поскапо ќе се продава и Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе чини 47,5 денари а мазутот ќе се продава за 33,565 денари.

Цените стапуваат на сила на полноќ и ќе важат во наредните седум дена.

Промовирани огласи »

Елон Маск многу почесто се наоѓа во медиумите со неговите футуристички идеи или некои негови скандалозни говори. Сепак, ретко е да се пишува за неговиот живот надвор од Tesla и Space X, и повеќе за начинот на кој ги троши парите.

Иако најверојатно ќе биде виден како вози Model S од својата компанија, Маск има богат автопарк, исполнет со разни луксузни модели низ годините.

„Бизнис инсајдер“ раскажува што има во неговата гаража.

Првиот автомобил на Елон бил BMW 320i, изработен во 1978 година. Тој за „Форбс“ изјави дека го купил во 1994 година за 1.400 долари. Претприемачот го вози само две години пред буквално да се распадне.

Jaguar E-Type од 1967 година

Кога имал само 17 години, Маск добил на подарок книга за класични кабриолети како подарок. Оттогаш на него му се допаѓа Jaguar E-Type и си кажува себеси дека еден ден ќе купи еден. Ова се случува откако тој го добил првиот бонус од 40,000 американски долари од неговата компанија Zip2.

McLaren F1 по добра зделка

Откако го продал PayPal, Елон Маск купува McLaren F1. Тој неколку години активно го вози и патуваше со него од Лос Анџелес до Сан Франциско. Сепак, пред неколку години автомобилот го продал за скоро 1 милион долари.

Lotus Esprit на ЏејмсБонд

Во 2013 година, Маск го купи Lotus Esprit, кој беше користен во филмот за Агентот 007, „Шпионот кој ме сакаше“, снимен во 1977 година. Тој успеа да го купи за 920.000 долари.

Audi Q7, кој го инспирирал Маск за вратите на Model S

Во 2012 година, „Форбс“ забележал дека Маск управува Audi Q7. Подоцна, тој бил инспириран за вратите на Model S, кои се отвораат нагоре.

Модифициран BMW M5

Во 2007 година, Маск купува ваков спортски автомобил кој беше модифициран – малку поширок и со различен дизајн.

Porsche 911, купено во 2012 година;

Подарок од пријател – Ford Model T;

И, се разбира, Tesla – Model S, Model 3, Model X и Cybertruck.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »