Промовирани огласи »

Секој работодавец ќе цени ако секое утро доаѓате неколку минути порано на работа, но ако не можете, барем пристигнувајте на време на работа. Овие работи ги забележува вашиот шеф:

Кога доаѓате во канцеларија

Секој работодавец ќе цени ако секое утро доаѓате неколку минути порано, но ако не можете барем пристигнувајте на време. Никој не сака луѓе кои доцнат.

Кога заминувате од канцеларија

Како што наутро не е паметно да доцните, така не е паметно и порано да заминувате. Можеби ви се чини дека никој не забележува, но верувајте тој секогаш знае кога сте си заминале. Ако веќе морате да заминете, тогаш разговарајте со него.

Како се облекувате

Дури и ако деловниот изглед не е ваш стил, треба да се прилагодите на политиката на компанијата. Сите останати модни комбинации оставете ги за вашето приватно време.

Кои се останатите 3, прочитајте на следниот линк!

Промовирани огласи »

Правото на платен годишен одмор е уставно загарантирано право (согласно член 32 став 4 од Уставот на Република Македонија). Уставот на Република Македонија става посебен акцент на неприкосновеноста на правото на одмор, со определбата дека од ова право вработениот не може да се откаже.

Доследно на ова, евентуална изјава со која вработениот би се откажал од правото на годишен одмор, односно од правото на паричен надомест за годишен одмор (што му следува доколку не го искористи) , во правна смисла е ништовна, а тоа значи не произведува правно дејство. Со други зборови –секоја изјава што би ја потпишале дека се откажувате од годишен одмор или од правото да бидете платени – нема да важи на суд. Истото се однесува и за евентуална спогодба меѓу работодавачот и работникот.

Минимално и максимално траење на годишен одмор

Работникот има право од платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, со тоа што со колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи најмногу до 26 дена. Тоа значи дека иако во договорот за вработување не е внесена посебна клаузула за годишен одмор, според важечките Колективни договори и за приватниот и за јавниот сектор кои се однесуваат на сите компании, независно дали се или не се негови потписници законскиот минимум за годишен одмор е 20 работни дена, а максимумот е 26 работни дена.

Повозрасен работник, инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток има право на уште три работни дена годишен одмор. Работодавачот е должен на работникот да му издаде решение за правото на користење на годишен одмор.

Годишен одмор со скратено работно време

Работникот кој е пријавен со скратено работно време има право на годишен одмор со минимално времетраење од 10 работни дена

Користење на годишниот одмор

Според Законот годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со работодавачот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година. Годишниот одмор кој што не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го искористи до 30 јуни идната календарска година.

Исто така работникот има право два дена од годишниот одмор да ги искористи во денови коишто самиот ќе ги определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три работни дена пред користењето

Во годишен одмор не се пресметуваат:

Како други случаи на оправдано отсуство од работа што не се пресметуваат во годишен одмор се и деновите на платено отсуство (поради смртен случај, полагање на стручен испит за потребите на работодавачот, елементарни несреќи и сл.) , како и неплатено отсуство до три месеци во календарската година ( селидба и други приватни потреби).

Доколку се случи боледување за време на годишниот одмор работникот нема право да го продолжи одморот. Според ЗРО како ден на годишен одмор се смета секој ден на конкретниот работник одреден според распоредот на работното време кај работодавачот. Со други зборови ако во неделата работникот има 4 работни дена и три слободни во годишниот одмор се пресметуваат само 4 работни дена неделно.

Право на цел годишен одмор

Работникот кој за прв пат заснова работен однос (воопшто, не кај конкретниот работодавач) се стекнува со право на користење цел годишен одмор (од 20 до 26 работни дена) кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци, независно дали работи полно работно време или пократко. При тоа мора да се знае дека работниците, во случај на прво вработување, кои се пријавени на определено работно време кое е помало од 6 месеци формално правно немаат право на користење на цел годишен одмор, затоа што во тие 6 месеци биле пријавувани и одјавувани, без разлика што се работи за ист работодавач и помеѓу пријавувањето нема пауза. Тие имаат право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор и тоа по два работни дена од секој месец работа.

Префрлување на цел одмор

Доколку во календарска година работникот не бил во можност да го искористи одморот за таа година поради: боледување или повреда, породилно отсуство или нега и чување на дете – може неискористениот одмор целосно да го искористи во наредната година, но само до 30 јуни.

Промовирани огласи »

Почнувате со работа во нова фирма или пак си заминувате? Тоа значи дека треба да се пријавите или одјавите од работен однос, односно од задолжително социјално осигурување. Во некои компании таа работа ја извршуваат административни асистенти или сметководители, но некаде треба да го направите тоа сами

Пријавување во работен однос

Работодавачот, како што наведува Агенцијата за вработување на Македонија, е должен да го пријави секое засновање и престанок на работен однос.

Пријавувањето на работен однос, работодавачот може да го изврши по електронски пат (само за приватниот сектор) или непосредно на шалтерот во центарот за вработување. Пријавувањето на работен однос рабодотодавачот е должен да го изврши најдоцна еден ден пред работникот да стапи на работа, со поднесување на потребната документација до центарот за вработување на чие подрачје се наоѓа седиштето на компанијата, односно местото на работење на работодавачот.

Меѓу потребните документи за пријавување работен однос се:

ППР образец, во којшто рокот за пријавување не може да биде пократок од три работни дена,
Овластување на овластеното лице со список на лица кои ги пријавува
Исечок од објавениот оглас во дневен печат, доколку огласот бил таму поставен или фотокопија од договор за користење на услуги доколку се користени услуги на Агенција за посредување при вработување
Известување, односно согласност доколку се пријавува работен однос во државна или јавна институција.
Штом се приложат овие документи, се евидентира пријавувањето на работниот однос во електронскиот образец М1/М2 во системот на Агенцијата за вработување.

Одјавување на работен однос

Одјавувањето од работен однос се врши со поднесување на потребната документација до центарот на вработување во местото каде што бил пријавен работникот. Одјавувањето од работен однос во приватниот сектор може да се врши и по електронски пат, само доколку и пријавувањето е направено на тој начин.

Одјавувањето од работен однос го врши работодавачот во рок од осум дена од денот на престанок на работниот однос.

Потребни документи за одјавување на работен однос:

Овластување на овластено лице со список на лица кои ги одјавува
Електронски образец М1/М2 испечатен од системот.

Промовирани огласи »

Текстилната индустрија е во криза, капиталот ќе се сели во други сектори, а тоа ќе значи и отпуштања на вработените кои се ангажирани. Текстилните стопанственици се жалат дека ќе бидат принудени да затвораат и бараат поддршка од државата. Велат дека во континуитет се соочуваат со проблеми, со недостиг на кадар, а немаат ни профит. 

На прес конференција во Стопанската комора се пожалија дека поради одливот на кадри ќе ги пренасочуваат своите вложувања, а оваа индустрија ќе колабира. 

„Покрај ниската продуктивност поради нискиот технолошки развој на компаниите и немањето минимум знаење од кадарот што се вработува, на состојбата на оваа индустрија влијае и нефункционирањето на правната држава, сивата економија и егзодусот на младите. Главни предизвици на текстилната индустрија во наредниот период се вложувањето во нова технологија и нешто да се направи во однос на егзодусот на младите. А тука реформите во образовниот процес и структурните реформи се во прв план, вели Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната и кожарската индустрија. 

Тој вели дека неколку фабрики веќе се затвориле и оти засега, состојбата е најтешка во кумановското стопанство. 

Според рофесорот Дарко Лазаров од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ниската продуктивност, е причина за малите плати во текстилната индустрија. 

Платите во ваква состојба не можат да бидат поголеми, а не можат да бидат поголеми и со некои институционални решенија од типот зголемување на минималната плата. Оваа индустрија на ова ниво на продуктивност е на работ на егзистенција. Затоа се неопходни воздржувања на креаторите на економските политики во делот на најавите за натамошно зголемување на минималната плата. Тоа нема да им наштети на сопствениците кои ќе бидат приморани да ги затворат своите фабрики, туку многу повеќе ќе им наштети на работниците кои во текстилната индустрија се преку 30.000 и тоа квалификувани, на возраст од 50 – 55 годишна возраст. Нивната преквалификација за една до две години е практично невозможна, па ако се случи таков потег на кој било иден креатор на политики во земјава, ќе се соочи со крах на оваа индустрија и прилично големи отпуштања, вели Лазаров. 

Просечната плата во текстилната индустрија минатата година била 17.816 денари и генерално се зголемувала во континуитет, од 2009-та наваму, додека бројот на работници е намален. Во 2009 година текстилната индустрија учествувала со 37,9 отсто во вкупниот број вработени во преработувачката индустрија, а во 2018-та учествува со 28.82 процента. Во однос на вкупната вработеност во земјава, пак, во 2009 година учествувала со 9,32 отсто, а во 2018-та со 6,32 процента.

Вкупниот извоз на текстилната индустрија (облека, обувки и кожа) лани изнесувал 543 милиони евра што е 8,5 отсто учество во вкупниот извоз на државата, но воедно и намалување од 6,5 проценти во однос на извозот во текстилната индустрија во 2018 година кога вредноста била 581 милион евра или 38 милиони помалку.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »