Промовирани огласи »

Од сабота кон недела со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот по полноќ почнува летното сметање на времето.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето е воведено со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври кога во три часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.

Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година.

Првпат преминување од зимско на летно сметање на времето и обратно е забележано во 1916 година во државите на северна Европа, додека во западна Европа е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век.

Во државите кои се во близина на екваторот денот и ноќта траат главно еднакво така што со поместувањето на стрелките на часовникот не се добива ништо. И во поларните предели денот и ноќта траат со месеци, па поместувањето на времето не дава никакви резултати.

Во Соединетите Американски Држави летното сметање на времето не се применува во Аризона и Хаваи, а во Европа не се применува во Исланд.

Некои упатуваат на тоа дека преминувањето на зимското во летно сметање на времето и обратно предизвикува хаос во распоредот на состаноците поради прекуокеанската поделба на поместувањето на времето.

Промовирани огласи »

Во Македонија веќе неколку години има иницијатива од синдикалците, но и од дел од граѓаните за промена на работното време, но досега таа не наиде на никаков слух од Владата. 

Вработените во министерствата, агенциите, дирекциите и другите државни институции во Црна Гора од следниот понеделник ќе одат на работа од 7 до 15 часот, наместо од 9 до 17 часот како досега. Црногорската Влада официјално донесе одлука од 27 март да го врати старото работно време на државната администрација, три години откако тогашниот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ поднесе таква иницијатива. Министерот ја поднел иницијативата поттикнат од внатрешна анкета меѓу вработените во црногорското МВР која покажала дека најголем дел од нив се за враќање на старото работно време од 7 до 15 часот. 

- Ова работно време ќе резултира со поефикасно завршување на работните обврски, но и за зачувување на семејството како основна клетка на општеството – е образложението за промената на работното време во Црна Гора.

И во Македонија веќе неколку години има иста иницијатива од синдикалците, но и од дел од граѓаните, но досега таа не наиде на никаков слух кај Владата. Ова барање пред два месеца повторно го актуелизираше група граѓани, кои преку онлајн петиција адресирана до Владата, релевантните министерства и институции побара воведување на работно време од 7 до 15 часот. Но, ниту една надлежна институција не ја стави оваа петиција на разгледување.

- Тоа значи поголема посветеност на работата бидејќи човековото тело и човековиот ум се поефикасни во утринските часови. Исто така, тоа значи поголема заштеда на електричната енергија (во лето за ладење, а во зима за греење), но и поголема посветеност на семејството, а посебно со цел поголема улога и одговорност во правилното воспитување на сопствените деца – пишуваше во петицијата. 

Неодамнешната анкета на Факултети.мк за работното време покажа дека мнозинството Македонци сметаат дека работниот ден во земјава треба да се намали на шест, наместо сегашните осум часа. Скратувањето на работното време, сметаа анкетираните, ќе ја зголеми продуктивноста на работниците, а ќе ги намали трошоците на работодавците. 

Промовирани огласи »

Поради лошата состојба во која се наоѓа денешната економија, се повеќе луѓе бараат нова работа. Но, за жал наоѓањето на нова и соодветна кариера не е воопшто лесно - покрај доброто резиме, треба да се изборите и со другите конкуренти во процесот на избирање.

За среќа, ние сме тука да Ви помогнеме.
Прочитајте како да дојдете до посакуваната позиција, избегнувајќи ги најголемите грешки кои најчесто се прават за време на разговор за работа:

Погрешна облека
Само затоа што разговорот е закажан во неформална атмосфера, тоа не значи дека треба да се појавите во искинати фармерки или пак неиспеглана кошула. Без обзир на тоа за каква работа се пријавувате, секогаш носете пристојно одело или барем кошула со минимум нападни детали. Подеднакво е важно и да не претерувате со формалноста.

Лажење
Во оваа доба, скоро е невозможно да пројдете со сите лаги кои ќе Ви паднат на ум. Вашиот работодавец, порано или подоцна ќе дознае дека не сте освоиле пет златни медали на Олимписките игри, ниту пак дека сте преговарале за примирје на Блискиот Исток. Лажењето во текот на разговорот за работа може да биде причина за подоцна да добиете отказ.

Зборување лошо за претходните работодавци
Никој не сака да вработи незадоволна личност, така што задржете го јазикот за забите кога ќе бидете прашани за претходната работа. Негативното излагање за минатата работа ќе му остави впечаток на соговорникот дека сте тешка личност за соработка.

Не зборувајте премногу
Разговорот за работа не се врти само околу вас. Тоа е прилика да дознаете за позитивните и негативните страни на фирмата во која сакате да се приклучите. Бидете спремни и посветете внимание на темите за кои зборувате, бидејќи соговорникот не мора да знае за вашите сексуални фетиши или пак зошто ве боли кога уринирате.

Дознајте повеќе информации за фирмата која треба да ве вработи
Искористете ги деновите пред разговорот за работа да се информирате подобро околу фирмата за која конкурирате. Тоа е совршено време и да го дополните Вашето резиме и да приграбите препораки од Вашите минати работодавци.

Прерано распрашување околу погодностите
Исто како што дамите не се прашуваат за годините, така и распрашувањето околу платата и додатните бонуси оставете го се додека таа тема не ја отвори другата страна. Прераното распрашување околу деталите остава впечаток дека тука сте само поради пари и ништо друго.

Доцнење
Разговорот за работа не е забава, затоа пробајте да стигнете 10-15 минути пред да започне вашиот разговор за работа. Со подранувањето, Вие имате време да го испитате теренот, а доколку имате среќа, додека чекате можеби ќе наидете на списанија од оваа деценија.
 

Промовирани огласи »

Порше со седиште во Штутгарт успешно ја почна годината, а секој работник ќе добие бонус од 9111 евра. 

Испорачани се 237.778 автомобили или 6% повеќе од 2015 година. 

Бонус ќе добијат сите вработени кои се точно 21.000 луѓе. 

Од планираните пари по 8411 евра ќе им бидат уплатени на сметка на вработените, а останатите 700 евра одат во посебен фонд. 

Лани приходите на Порше пораснале за 4% и изнесуваат 22.3 милијарди евра. 

Првичните податоци покажуваат дека оваа година за познатата германска компанија ќе биде уште поуспешна од лани. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »