Промовирани огласи »

Синдикатот ги потсетува газдите на приватните компании дека до крајот а годината треба да им исплатат К 15 на своите вработени. Ги предупредуваат работодавачите да не ни помиослат да не ја исплатат оваа обврска, или да ги бараат назад парите од К 15, бидејќи за тоа можат да заработат и казна затвор до една година.

„Исплатата на регресот за годишен одмор е уредена со Колективните договори, а Колективните договори според Уставот на Државата имаат еднаква правна важност како и законите. Важењето на Колективните договорни не може да се суспендира од страна на Државни органи. ССМ како единствен репрезентативен сидникати во Државата очекува работодавачите да ја исполнат оваа обврска така како што е утврдена во Колективните договори“, пишуваат од ССМ во своето соопштение до јавноста.

Потестуваат дека Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Организацијата на работодавачите, со потпишување на Спогодбата за измени и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството во 2013 година го уредија правото на регрес за годишен одмор за вработените во приватниот сектор.

„Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавачите– ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која ја презеле“, нагласуваат од синдикатот.

Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40 отсто од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во земјава исплатена во последните три месеци. Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

„На работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор им укажуваме дека можат да побараат интервенција од ССМ до Државниот инспекторат за труд, или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права. Потсетуваме дека за неодговорните работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ, Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година“, децидни се од ССМ.

Промовирани огласи »

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Последната недела од септември донесе нова доза на нестабилност на пазарите бидејќи негативните вести од целиот свет се рефлектираат врз берзите. Бројот на заразените со вирусот се зголемуваат буквално насекаде во светот, а бројот на жртви надмина еден милион. Од друга страна, мерките преземени од страна на земјите за борба против корона кризата повторно се зајакнуваат, како со ограничувачки мерки, така и со мерки за ублажување на влијанието врз економиите. Основното сценарио сè уште не предвидува ограничување на јавниот живот како што видовме на пролет, но темпото во раната есен не влева многу доверба. Затоа, минатата недела повторно ја видовме веќе видената реакција на инвеститорите на оваа информација. Се продаваа цикличните, повеќе изложените акции и се купуваа акции на компании поврзани со технологија, работа од дома и е-трговија како и здравствена заштита. Веројатно можеме да очекуваме уште повеќе вакви реакции оваа есен и зима, бидејќи пазарот изгледа прилично нестабилен. Има уште еден месец до изборите во САД и кампањата е во полн ек. Ова може да предизвика и дополнителна нестабилност. Економската активност се движеше по различни патишта во последните неколку недели. Кина продолжува со бавното закрепнување, индикаторите се подобруваат, Европа и САД забележаа помал пад, а причината за ова може да се најде главно во услужниот сектор, додека индустријата продолжува да зајакнува. Доларот зајакна незначително во однос на еврото, а исто така корекција имаше и кај благородните метали. Се одржа и една од најголемите економски конференции во Германија (овој пат преку Интернет), на која учествуваа сите поголеми компании од германското говорно подрачје од Европа. Заклучоците од конференцијата се дека економската состојба е подобра отколку што изгледаше на прв поглед, компаниите се прилагодија на опкружувањето кое многу брзо се промени и сè уште гледаат кон иднината со оптимизам односно очекуваат раст на бизнисот. Во оптимизмот доминираат ИТ-секторот особено софтверот, основната потрошувачка, здравствената заштита и сè што е поврзано со е-трговија и работа од дома. Проблеми има во услужниот сектор (туризам, угостителство, воздушната и автомобилската индустрија и материјалите).

– Пазарите повторно притиснаа на сопирачките минатата недела, а инвеститорите беа повеќе желни кон инвестиции кои обезбедуваат безбедност или се одликуваат со отпорност на корона кризата. Ова предизвика раст, пред сè на акциите од технолошкиот сектор, што пак ги засили високите проценки. Како и да е, пазарите оставаат впечаток дека се исцрпени, што значи дека преминувањето кон повисоки нивоа и продолжување на растот ќе бара повеќе добри вести и многу веројатно повеќе пари. ФЕД повторно посочи дека ќе ги задржи ниски каматните стапки уште долго време и дека во моментов не планира дополнителни стимулации за ликвидност. Успеа и да ја префрли топката на Конгресот и Сенатот на САД, кои не успеаја да постигнат договор за висината на новите стимулации за населението. Постигнување на договор пред изборите е сè помалку веројатно, па октомври како и обично, станува опасен месец за акциите. Во Европа, полека се приближуваме до критичен момент за Брегзит договорот, кој се чини сè помалку веројатен. Сè се движи во насока на конечен излез без договор, што ќе доведе до тарифи, а со тоа и значителни бариери во трговијата што може сериозно да ја поткопа веќе кревката доверба во економскиот раст во одредени сегменти на економијата. Се чини дека пазарите не го зедоа предвид целосно лошото сценарио, бидејќи повеќето глобални аналитичари во моментов сметаат дека европските акции се попривлечни од американските, главно поради пониските проценки. Посебна приказна се пазарите во развој, каде што Турција се истакнуваше во последните неколку недели. Со лошата економска политика, заменета со забрзано затегнување на надворешните политички фронтови, гледаме бавна имплозија на турската економија што очигледно се рефлектира во брзиот пад на вредноста на турската лира во однос на еврото и доларот. Од друга страна ја имаме Полска, каде што оваа недела ќе се одржи најголемото европско IPO за годинава и на котација ќе биде примена една многу успешна компанија за е-трговија, Алегро.

Совети за инвеститорите:

-Повторно ги задржуваме старите препораки. Некои индустрии и акции се многу скапи, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сепак, не е време за екстреми во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолијата. Препорачливо е да се диверзифицираат средствата во портфолијата и да се распредели во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка,како за обврзниците, така и за акциите продолжува и покрај краткорочните корекции минатите недели, го принудува растот пред сè на цените на технолошките акции, но евентуалното намалување или повлекување на оваа поддршка може брзо да донесе до силна корекција. Состојбите на светските економии се различни, неизвесната есен ја зголемува нестабилноста, а трендот на раст на пазарите водени од технолошкиот сектор може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД како и тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се преценети и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор, бидејќи приносите на овие акции остануваат во голема мера над просекот од почетокот на годината. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за  намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во последните месеци и уште се високи и покрај последната корекција, добивките на хартија се големи, можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и длабока корекција.

Промовирани огласи »

Повторно поскапува паркингот во рамките на Комплексот клиники Мајка Тереза, вака одлучи претпладнево мнозинството предводено од СДСМ во Советот на Град Скопје и го усвои предлогот на градоначалникот.

Во време на светска пандемија кога здравствените услуги за многумина се неопходни цената на паркингот на Клинички се зголемува од 25 на 30 денари.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов неодмна се пофали со изгрдбата на новиот паркинг кај Гинеколошката клиника за кој граѓаните се шегуваа дека е единствената инвестиција на СДСМ во здравството изминатите три години. Просторот за паркирање на местото на некогашната зграда на Клиниката за гинекологија ќе може да прими 150 возила, но очигледно граѓаните скапо ќе ги чини.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одржа координативен состанок со снабдувачите на топлинска енергија Снабдување со топлина БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Претставниците на енергетските компании разговараа с регулаторите за подготвеноста на топланите за снабдување со топлинска енергија во пресрет на новата грејна сезона 2020/2021 година.

„ БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север ги имаат направено сите неопходни подготовки за старт на грејната сезона. Две опции се можни во однос на почетокот на грејната сезона. Според првата, грејната сезона започнува на 15 октомврии трае до 15 април наредната година. Според втората опција, по исклучок, снабдувањето може да започне и од 1 октомври доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква од 12 степени целзиусови, според податоците на УХМР. Инаку сите три топлани согласно препораките од Министерството за Здравство се соодветно организирани во тимови кои ќе работат на смени се со цел да им излезат во пресрет на потребите на потрошувачите. Во изминатиот период поради состојбата со Ковид 19 најголем дел од енергетските компании ги дигитализираа услугите, за информирање и пријавување на дефекти за сервис преку соодветни платформи на нивните веб страни.

Да ве информирам дека до 31 октомври поедноставени се условите за исклучување на корисниците на топлинска енергија од системот чии што станови се празни, односно не се користат. Граѓаните ќе треба да достават само барање за исклучување и изјава до Снабдувачот, кое практично и автоматски ќе се прифати, со што овие граѓани ќе го плаќаат фиксниот надоместок за топлинска енергија. Но, по завршувањето на грејната сезона овие граѓани ќе мора да потврдат дека станот бил празен во текот на грејната сезона со тоа што во мај наредната година ќе треба да приложат сметки за електрична енергија со максимална дозволена фактурирана потрошувачка до 50 kW/h месечно или максимално до 350 kWh за изминатата грејна сезона“ изјави претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

Во Скопје вкупно околу 60.000 домаќинства и објекти се греат на топлинска енергија. Од почетокот на годината до сега има околу 1 000 нови потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на топлина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »