Промовирани огласи »

Доколку моментално барате работа, ви ги претставуваме најактуелните огласи во Скопје. За поголемиот број од огласите, крајниот рок за аплицирање се ближи. Не пропуштајте ја можноста да аплицирате.

 APS (Agile Pro Solution) headquartered in the USA with a local office in Skopje is looking for a QA ENGINEER.

DEKRA во Македонија е лидер во областа на човечките ресурси. Основана е во 2006 година одстрана на DEKRA Arbeit Group со седиште во Штутгарт, Германија. За своите клиенти тие бараат:
ХАУСМАЈСТОР;
IT SALES EXECUTIVE;
ELECTRICAL ENGINEER;
MECHANICAL ENGINEER;
CONFIGURATION MANAGER.

QUANTOX TECHNOLOGY, a company that is always coming up with the best possible professionals for their clients in the areas of programming services is looking for:
PHP DEVELOPER;
FULL STACK DEVELOPER.

HILL Skopje is a partner of HILL Interanational GmbH, providing professional recruitment, selection and other HR services. For further support of our local team in Skopje, we are searching for a JUNIOR HR CONSULTANT.

Emloyment Services International за потребите на свој реномиран клиент, чија основна дејност е управување со станбени згради, објавува оглас за ХАУСМАЈСТОР.

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Поради проширување на својот тим, има потреба од: 
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СКОПЈЕ.

KEMET is a leading global company with an excellent reputation in the capacitor industry. They are looking for a GENERAL SERVICES SPECIALIST.

Промовирани огласи »

Само 61.648 ваучери за туризам од 117.521 изработени од проектот „Дома си е дома“ биле искористени до последниот рок, според отчетот кој го објави Министерството за економија.

При тоа, од 117.521 ваучери, 17.185 граѓани не пристигнале таму каде што треба поради погрешните имејл-адреси што ги имаат доставено граѓаните во Управата за јавни приходи. 

Тоа значи дека  вкупниот број неискористени ваучери е 55.873, или речиси од половина од наменетите ваучери и пари не се искористени.

„Хотелиерите што имаат гости што користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18.12.2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери“, гласи соопштението на Министерството за економија.

Мерката беше дел од Третиот сет економски мерки, а сите вработени граѓани што оствариле вкупни нето-приходи од плата и надоместоци од плата до 60.000 денари, во периодот од јануари до април 2020 година, може да ја искористат оваа помош од 6.000 денари во некои од хотелите и сместувалишта регистрирани во министерството.

Промовирани огласи »

Министерството за здравство преговара по три механзими да набави по 800 000 вакцини против Ковид 19, а веќе во петокот Грција потврдила дека дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Атина ќе и даде на нашата земја, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во Дневникот на Сител.

-Во петокот добивме потврда од Грција, имав разговор со грчкиот минисер за здравство, којшто после разговорот со премиерот Мицотакис потврди дека од нивната прва количина, којашто ќе стигне во Атина за нивното население, една количина ќе одвојат и за нас. Практично ги користиме сите инструменти вклучувајќи го и Ковакс механизмот  којшто ни беше прв на располагање и секако преку овие директни договори на останатите земји членки на ЕУ да обезбедиме одредена количина вакцини и за нас  - рече Филипче.

Минатата недела го плативме авасот за вакцината против Ковид 19, со што обезбедивме банкарска гаранција дека ќе ја исплатиме целата сума за набавка на 833.000 вакцини, за околу 400 000 граѓани. Освен оваа набака преку Ковакс механизмот, остварен е и директоен контакт со Фајзер и Астра Зенека. Третиот механизам е преку Европската Унија, таа нарача 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од унијата. Ние аплицираме за 800.000 дози и од овие 100 милиони дози.

Вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани.

Промовирани огласи »

Генералниот директор на компанијата „Фајзер“, Алберт Бурла, денес откри дека не ја примил вакцината против вирусот корона, што неговата компанија ја разви во соработка со германскиот „Био-Тех“.

Бурла ова го истакна во изјавата за Си-Ен-Ен, на почетокот на започнувањето на вакцинацијата за коронавирус во САД: „Имаме етички комитет кој се занимава со прашањето кој ја прима вакцината и постојат строги закони за одредбите на Центрите за контрола и превенција на болести“.

Затоа внимаваме да не сметаме и некои луѓе да се вакцинираат пред другите. Но, очекувам Комисијата да ме замоли да ја примам вакцината, бидејќи истражувањето покажа дека луѓето ќе имаат доверба во вакцината доколку извршниот директор ја прими.

Минатиот петок навечер, надлежните американски власти одобрија употреба на вакцина произведена од „Фајзер“ и „Био-тек“. Планот за дистрибуција на вакцините вклучува службеници за придружба на пратките од напуштање на фабриката додека не стигнат до крајната дестинација.

Беше одлучено здравствените работници и старите лица кои живеат во домови за стари да бидат првата група имунизирана со вакцината.

Според медиумите, службениците од јавното здравство и службениците за национална безбедност биле препорачани од високи членови на владата први да ја примат вакцината со цел да се изгради доверба во јавноста.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »